Горна Бошава — село во Општина Кавадарци, во областа Бошава, во околината на градот Кавадарци.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Сретселото во Горна Бошава

Селото се наоѓа во јужниот дел од Општина Кавадарци, од десната страна на реката Бошава, чиј атар со долг и тесен облик, се издига до сртот на Кожуф, каде што се допира со државната гранична линија со Грција. Селото е ридско, на надморска височина од 590 метри. Од градот Кавадарци е оддалечено 21 километар.

Селото има заеднички атар со соседното село Долна Бошава, којшто зафаќа простор од 43,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 2.916,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 827,8 хектари, а на обработливото земјиште 550,5 хектари.

Селото се наоѓа на пространа тераса на десната и осојничава страна на реката Бошава, во подножјето на планината Кожуф. Има збиен тип. Било поделено на Горно и Долно Маало.

Историја

Селото е основано околу 1830 година од разни бегалци. Основачите („темејлије“) покрај сточарство барале и места за ниви, а на беговите плаќале „ќесим“.

Во век, Горна Бошава било село во Рожденската нахија во Тиквешката Каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Селото има мешовита земјоделска функција.

Селаните живееле од стока и од планината. Нивите се ретки и неплодни.

Во селото има неколку стада на кози, како и едно стадо од стотина крави. Има една продавница која ги задоволува основните потреби за жителите на Горна Бошава.

Население

мини|300п|десно|Традиционална куќа во селото

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селата Горна и Долна Бошава имало 625 жители, сите Македонци христијани.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 155.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Во 1961 година селото броело 331 жител, додека во 1994 година бројот се намалил на 56 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Горна Бошава имало 52 жители, од кои 51 Македонец и 1 Србин.

Во селото постојано живеат околу триесетина жители, а за време на летниот период има повеќе поради неколкуте новоизградени викендички.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 22 жители, од кои 14 Македонци и 8 лица без податоци.

Родови

Како родови во Горна Бошава се споменуваат: Доселеници: Лукадоровци (2 к.) доселени се околу 1830 година од селото Конопиште; Меловци (3 к.) доселени се околу 1830 година од селото Мрежичко; Гечковци-Јовановци (1 к.) доселени се околу 1830 година од селото Долна Бошава; Вачовци (3 к.) доселени се околу 1840 година од селото Радња; Стаменковци (3 к.) доселени се околу 1845 година од селото Манастирец. Уште подалечно потекло од селото Мрежичко; Аврамовци (3 к.) доселени се околу 1850 година од селото Конопиште; Градишки-Николовци (2 к.) доселени се околу 1850 година од селото Градиште; Весковци (1 к.) доселени се околу 1860 година од селото Мрежичко; Степановци (2 к.) доселени се околу 1860 година од селото Клиново во Мариово; Атанасовци (1 к.) и Чашковци (1 к.) доселени се околу 1865 година од селото Мрежичко; Џигевци (2 к.) потекнуваат од двајца роднини кои се доселиле од селото Мрежичко. Првиот се доселил во 1870, а вториот во 1884 година; Деловци (1 к.) доселени се околу 1870 година од селото Барово; Деловци (1 к.) доселени се во 1860 година од селото Конопиште; Арнаути-Илевци-Весковци (1 к.) доселени се во 1870 година од селото Конопиште. Таму имале роднини; Шуневци-Лазарковци (1 к.) доселени се во 1870 година од селото Конопиште. Подалечно потекло од селото Рожден во Мариово; Скандевци (1 к.) и Галевци (1 к.) доселени се во 1870 година од селото Конопиште; Дуруновци (1 к.) доселени се во 1875 година од селото Бохула; Пецанковци (1 к.) доселени се во 1882 година од селото Мрежичко; Шамендовци (1 к.) доселени се во 1884 година од селото Мрежичко; Весковци (1 к.) доселени се во 1890 година од селото Радња. А таму се доселиле од селото Рожден во Мариово; Кадијовци (1 к.) доселени се во 1890 година од селото Драчевица; Галевци (1 к.) доселени се во 1896 година од селото Стрмашево; Марковци (1 к.) доселени се во 1898 година од селото Мрежичко; Богдановци (2 к.) доселени се во 1902 година од селото Конопиште; Илчевци (1 к.) доселени се во 1905 година од селото Конопиште; Саботковци (1 к.) доселени се во 1905 година од селото Горни Дисан; Протоѓеровци (1 к.) доселени се во 1906 година од селото Конопиште; Анѓелковци (1 к.) доселени се во 1907 година од селото Мрежичко; Павлевци (1 к.) доселени се во 1908 година од селото Бохула; Чочковци (2 к.) доселени се во 1902 година од селото Бојанчиште. А подалечно потекло од селото Конопиште; Деловци (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Зборско во Меглен.

Општествени установи

мини|300п|десно|Поранешното основно училиште во селото

Поранешно основно училиште Основното училиште „Илинден“ кое е изградено пред 50-тина години, имало капацитет од 300 ученици кои наставата ја слушале во ова училиште а доаѓале од околните села како: Долна Бошава, Конопиште, Рожден, Страгово и Крњево. Денес, училиштето е затворено. Месна заедница

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Конопиште.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Крњево, во која влегувале селата Барово, Горна Бошава, Долна Бошава, Крњево, Страгово и Стрмашево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Крњево, во која покрај селото Горна Бошава се наоѓале селата Барово, Бохула, Бунарче, Долна Бошава, Конопиште, Крњево, Радња, Страгово, Стрмашево и Чемерско.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Конопиште.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0705 според Државната изборна комисија, кое е сместено во зграда на општината, поранешни простории на месната заедница.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 46 гласачи. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 38 гласачи.

Културни и природни знаменитости

мини|300п|десно|Главната селска црква во селото

Археолошки наоѓалишта Градот — населба и некропола од римското време; Поглед — некропола од римското време; и Скалите — утврдена населба од железното и доцноантичкото време.

Цркви Црква „Св. Илија“ — главна селска црква

Споменици Споменик на НОБ

Манастири Бошавски манастир — манастир изграден во 1839 година

Реки Бошава

Редовни настани

Илинден (2 август) — селска слава

Личности

Родени во Горна Бошава Миле Ангеловски (1936-2000) — писател за деца

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Страница на Фејсбук посветена на Горна Бошава

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кавадаречки села Категорија:Села во Општина Кавадарци Категорија:Села со слава Илинден во Македонија