Осој — село во Општина Кичево, во областа Кичевија, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба Селото Осој се наоѓа во областа Горно Кичево, на 2 км североисточно од Кичево, во близина на планината Бистра.

Историја Според податоците од 1873 година, селото имало 12 домаќинства со 36 жители христијани (Македонци).„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Осој живееле 250 жители, сите Македонци.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.256

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Осој имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.154-155.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Осој се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот Санџак со 25 куќи.

Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Осој:Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76. ДомаќинстваГурбетчииПисмениНеписменимажиженивкупномажиженивкупно3321331345692148 Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Население

Според пописот од 2002 година, селото Осој има 593 жители, од кои 397 Македонци, 67 Албанци, 169 Роми, 2 Срби и 28 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 410 жители, од кои 142 Македонци, 27 Албанци, 199 Роми, 1 останат и 41 лице без податоци.

Родови

Осој е македонско православно село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 60-тите на XX век родови во селото се: Велковци (8 куќи), Марковци (5 куќи) и Павлевци (5 куќи) староседелци, кои живееле во раселеното село Долени; Грговци (7 куќи) и Симјановци (2 куќи) доселени се однекаде, во родот Грговци го знаат следното родословие: Стојан (жив на 62 г. во 1961 година) Максим-Мицко-Вељан, предокот кој се доселил; Ширговци (9 куќи) доселени се од селото Оздолени, Дебрца.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Павлевци (5 куќи), Велковци (5 куќи), Марковци (6 куќи) и Грговци (7 куќи) овие родови се староседелски; Ширговци (8 куќи) доселени се од раселеното село Требичево кое се наоѓало кај Трапчин Дол.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка картаг на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Јачмиште — доцносредновековна некропола; Латинска Црква — средновековна населба и некропола; Миќо Костенче — средновековна некропола; Раздол — доцноантичка некропола; Црквиште — доцноантичка населба;

Цркви Црква „Св. Петка“ — изградена и осветена во 2016 година

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 755 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на дом на селото осој. Во ова избирачко место е опфатено и селото Кнежино.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 167 гласачи.

Редовни настани Личности

Јордан Софронијов Лазорски — македонски револуционер од ВМОРО. Стефан Манески — македонски револуционер од ВМОРО. Кочо Ѓорев Петрески — македонски револуционер од ВМОРО.

Култура и спорт Иселеништво -->

Поврзано Кичевско Поле Општина Кичево Кичево

Наводи

Надворешни врски Сателитска снимка на Осломеј на Карти на Гугл

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кичевски села Категорија:Села во Општина Кичево