Вуелта а Еспања 2012 започнала на 18 август 2012 и било 67. издание на трката. Трката започнала во Памплона со екипен хронометар, а завршила традиционално на 9 септември во Мадрид. Изданието во 2012 го одбележало враќањето на Бола дел Мунде, планинската завршница на една етапа. Тоа било местото на возбудливата битка помеѓу победникот Винченцо Нибали и второпласираниот Езекил Москера на изданието од 2010. По првпат од 1994, трката го посетила регионот Навара. Памплона била посетена од некој Гранд Тур во 1996, кога градот бил домаќин на крајот на етапа на Тур де Франс 1996. На таа етапа, трката му оддала почит на Мигел Индураин поминувајќи низ неговото родно село Вилава.
Трката по вторпат била освоена од Алберто Контадор од , остварувајќи ја својата прва победа во генерален пласман по неговото враќање по суспензијата за допинг. Контадор, кој ја освоил седумнаесеттата етапа на трката по соло нападот, го освоил генералниот пласман со 1' 16" пред второпласираниот Алехандро Валверде од екипата . Двократниот етапен победник Валверде исто така освоил и два секундарни пласмани на трката на последниот ден; освојувајќи го шестото место на етапата во Мадрид избил со бројот на бодови пред Хоаким Родригес () во тој пласман и неговиот резултат ги заменил местата, притоа дозволувајќи му на Валверде да го преземе и комбинираниот пласман - каде се броел најнискиот вкупен резултат во сите пласмани.
Заокружувајќи го потполно шпанскиот подиум, Родригес ја завршил трката трет, 21 секунда зад Валверде и 1' 37" зад Контадор, притоа водејќи на трката 13 дена помеѓу четвртата и шеснаесеттата етапа. Родригес исто така постигнал три етапни победи, веднаш зад спринтерот од Џон Дегенколб, кои освоил пет етапи, најмногу од еден Германец на Вуелта. Возачот на Сајмон Кларк станал вториот Австралиец, кој освоил планински пласман на некој Гранд Тур, додека удобно го освоиле екипниот пласман.
Екипи
Сите 18 UCI ProTour екипи биле автоматски поканети на трката, каде им се придружиле четири други екипи, кои добиле специјални покани на 1 март 2012:
18 ProTour екипи:
Екипи кои добиле специјални покани:
За повеќе информации, видете Список на екипи и велосипедисти на Вуелта а Еспања 2012.
Фаворити пред трката
Победникот на изданието на трката од 2008, Алберто Контадор, го направил своето прво појавување на Гранд Тур по неговата суспензија, откако се покажал дека бил позитивен за забранети супстанци на Тур де Франс 2010 и се сметал за еден од главните фаворити за освојување на трката. Друг фаворит бил Крис Фрум, кој завршил втор на Вуелта 2011 и Тур де Франс 2012 и ја предводел екипата Скај на трката, откако минатата година му помагал на Бредли Вигинс. Победникот на изданието од 2011, Хуан Хосе Кобо, се обидел да ја преслика победата од минатата година по разочарувачката сезона 2012 и бил колидер на екипата Мувистар, заедно со Алехандро Валверде.
Други кандидати за подиум билее Хоаким Родригес од Катјуша, кој завршил втор на Џиро д’Италиа 2012, Игор Антон од Еускалтел-Еускади, Јурген ван ден Брук од Лото-Белисол, Дамијано Кунего од Лампре и Роберт Гесинк од Рабобанк.
Возачи кои можат да дојдат до првите десет се и колегите на Фрум, Ригоберто Уран и Серхио Енао, возачот на Рабобанк Бауке Молема, возачот на РадиоШек Максим Монфор, возачот на Вакансолел Томас де Гент и Николас Роуш од Аг2р-Ла Мондијал.
Етапи
ЕтапаДатумТекРастојаниеВидПобедник118 августПамплона16,2 км20px|Екипен хронометарекипен хронометар219 август Памплона - Вијана180 км22pxрамна етапа320 август Ојон - Ејбар153 км22pxсреднопланинска етапа421 август Баракаљдо - Валдезкарај155 км22pxсреднопланинска етапа522 август Логроњо - Логроњо172 км22pxрамна етапа623 август Тарасона - Хака174 км22pxсреднопланинска етапа724 август Хака - Моторланд Арагон160 км22pxрамна етапа825 август Љеида - Кол де ла Галина175 км22pxпланинска етапа926 август Андора - Барселона194 км22pxрамна етапа27 августДен за одмор1028 август Пуентеареас - Санхенхо166 км22pxрамна етапа1129 август Камбадос - Понтеведра40 км20px|Екипен хронометарпоединечен хронометар1230 август Вилагарсија - А Коруња184,6 км22pxсреднопланинска етапа1331 август Сантјаго де Компостела - Ферол172,7 км22pxрамна етапа141 септември Палас до Реи - Лос Анкарес152 км22pxпланинска етапа152 септември Ла Робла - Лагос де Ковадонга186,7 км22pxпланинска етапа163 септември Хихон - Суиту Негро185 км22pxпланинска етапа4 септемвриДен за одмор175 септември Сантандер - Фуенте Де177 км22pxсреднопланинска етапа186 септември Агилар де Кампо - Ваљадолид186,4 км22pxрамна етапа197 септември Пењафиел - Ла Ластрилја169 км22pxрамна етапа208 септември Палацуело дел Ересма - Бола дел Мундо169,5 км22pxпланинска етапа219 септември Серседилја - Мадрид111,9 км22pxрамна етапа
Пласмани
ЕтапаПобедникГенерален пласман25pxБодовен пласман25pxПланински пласман25pxКомбиниран пласман25pxЕкипен пласманНаграда за борбеност 1 Џонатан Кастровјехо недоделена недоделена недоделена Иманол Ервити 2 Џон Дегенколб Џон Дегенколб Хавиер Чакон Хавиер Чакон Хавиер Арамендија 3 Алехандро Валверде Алехандро Валверде Алехандро Валверде Пим Лигтхарт Алехандро Валверде Алехандро Валверде 4 Сајмон Кларк Хоаким Родригес Сајмон Кларк Сајмон Кларк Хоаким Родригес Луис Анхел Мате 5 Џон Дегенколб Џон Дегенколб Хавиер Чакон 6 Хоаким Родригес Томас де Гент 7 Џон Дегенколб Хавиер Арамендија 8 Алехандро Валверде Алехандро Валверде Хавиер Арамендија 9 Филип Жилбер Хоаким Родригес Хавиер Чакон 10 Џон Дегенколб Џон Дегенколб Хавиер Арамендија 11 Фредрик Кесијакоф Фредрик Кесијакоф 12 Хоаким Родригес Хоаким Родригес Микел Астарлоса 13 Стив Камингс Хуан Антонио Флеча 14 Хоаким Родригес Сајмон Кларк Хуан Мануел Гарате 15 Антонио Пједра Антонио Пједра 16 Дарио Каталдо Дарио Каталдо 17 Алберто Контадор Алберто Контадор Алберто Контадор 18 Даниеле Бенати Гатис Смукулис 19 Филип Жилбер Ји Ченг 20 Денис Мењшов Сајмон Кларк 21 Џон Дегенколб Алехандро Валверде Алехандро Валверде недоделена На крај Алберто Контадор Алехандро Валверде Сајмон Кларк Алехандро Валверде Алберто Контадор
Забелешки На етапата 3, Хавиер Арамендија, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Хавиер Чакон (на првото место) ја носел сината точкеста маичка како предводник во планинскиот пласман на етапата. На етапата 4, Џон Дегенколб, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Алехандро Валверде (на првото (место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман на етапата. Исто така, Хоаким Родригес, кој е втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Валверде го држи водството и во овој пласман. На етапата 5, Пим Лигтхарт, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел сината точкеста маичка, бидејќи Сајмон Кларк (на првото место) ја носел зелената маичка како предводник во бодовниот пласман на етапата. Исто така, Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригес ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман. На етапите 6, 7 и 8, Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригес ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман. На етапата 9, 10 и 11, Крис Фрум, кој бил трет во комбинираниот пласман ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригес (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман, а Алехандро Валверде (на второто место) ја носел сината точкеста маичка како предводник во планинскиот пласман. На етапата 10, Џон Дегенколб, кој бил втор во бодовниот пласман ја носел зелената маичка, бидејќи Хоаким Родригес (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман. На етапата 12, 13 и 14, Алберто Контадор, кој бил трет во комбинираниот пласман ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригес (на првото место ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман, а Алехандро Валверде (на второто место) ја носел сината точкеста маичка како предводник во планинскиот пласман. На етапата 13, Џон Дегенколб, кој бил трет во бодовниот пласман ја носел зелената маичка, бидејќи Хоаким Родригес (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман, а Алехандро Валверде (на второто место) ја носел сината точкеста маичка како предводник во планинскиот пласман. На етапата 14, Џон Дегенколб сè уште ја носел зелената маичка, но сега како втор во бодовниот пласман, по Хоаким Родригес. На етапата 15, 16 и 17, Алехандро Валверде, кое бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Хоаким Родригес (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман, а Алберто Контадор, кој бил трет во комбинираниот пласман ја носел белата маичка. На етапата 18 и 19, Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригес (на првото место) ја носел зелената маичка како предводник во бодовниот пласман.
Поредок
Генерален пласман
ВозачЕкипаВреме 1 20px 2 20px 20px + 1' 16" 3 + 1' 37" 4 + 10' 16" 5 + 11' 29" 6 + 12' 23" 7 + 13' 28" 8 + 13' 41" 9 + 14' 01" 10 + 16' 13"
Бодовен пласман
ВозачЕкипаБодови 1 20px 20px 199 2 193 3 20px 161 4 149 5 107 6 93 7 84 8 79 9 74 10 72
Планински пласман
ВозачЕкипаБодови 1 20px 63 2 40 3 36 4 33 5 20px 20px 31 6 20px 28 7 27 8 21 9 20 10 18
Комбиниран пласман
ВозачЕкипаВкупно 1 20px 20px 8 2 8 3 20px 10 4 30 5 48 6 65 7 79 8 80 9 85 10 88
Екипен пласман
МестоЕкипаВреме1 2 + 9' 40"3 + 20' 19"4 + 23' 48"5 + 26' 55″6 + 36' 07"7 + 53' 00″8 + 1ч 01' 11"9 + 1ч 17' 34"10 + 1ч 25' 10"
Наводи
Надворешни врски
2012 Категорија:2012 во Шпанија Категорија:Светска турнеја на UCI 2012 Категорија:Вуелта а Еспања 2012 Категорија:Друмскиот велосипедизам во 2012 година