Абразија на раката100п100п100п100пПриближно денови по повредата021730 Заздравување на рана или цикатризација е сложен процес во кој кожата (или друго ткиво на орган) закрепнува по повреда. Кај нормалната кожа, епидермата (последниот слој) и дермисот (внатрешниот или подлабокиот слој) се урамнотежени и формираат заштитна бариера од надворешната средина. Нормалниот (физиолошки) процес на заздравување на раната започнува веднаш штом се скине заштитната бариера. Класичниот модел на заздравување на рани е поделен на три или четири последователни епати кои се вкрстуваат: хемостаза (некои автори не ја сметаат како фаза), воспалителна фаза, фаза на размножување и фаза на реконструирање. По настанатата повреда на кожата, група од сложени биохемиски елементи почнува да ја поправа штетата по организиран шаблон. По неколку минути од повредата, крвните плочки (тромбоцитите) се насобираат кај местото на повредата за да ја згрутчат крвта. Згрутчувањето го контролира активното крварење (хемостаза).

При воспалителната фаза, бактериите и отпадоците се фагоцитозираат и отстрануваат, а се испуштаат фактори кои ја започнуваат миграцијата и делбата на клетките кои се дел од фазата на размножување.

Фазата на размножување се одликува со ангиогенеза, таложење на колаген, создавање на гранулациско ткиво, епителизација и собирање на раната. Кај ангиогенезата се формираат нови крвни садови од васкуларни ендотелни клетки. При фиброплазијата и формирањето на гранулациско ткиво, фибробластите растат и создаваат нов привремен вонклеточна матрица (ECM) со излачување на колаген и фибронектин. Во исто време, настанува повторна епитализација на епидермата при која епителните клетки се размножуваат и се редат над раната за да обезбедат заштита за новото ткиво.

При собирањето, раната се смалува поради дејството на миофибробласти кои ги зграпчуваат краевите на раната и се собираат користејќи механизам сличен како кај мазните мускулни клетки. Кога улогата на клетките е при крај, непотребните клетки се подвргнуваат на апоптоза. Во етапите на созревање и реконструирање, колагенот се реконструира и повторно се соединува долж линиите на лангер, а клетките кои повеќе не се потребни се отстрануваат со апоптоза.

Сепак, овој процес не е само сложен туку и кревок, а е подложен и на прекини или може да биде неуспешен со што доаѓа до формирање на хронични рани кои не заздравуваат. Фактори кои можат да влијаат на ова се дијабетесот, венска или артериска болест старост и инфекција.

Рана наспроти клеточна фаза

Како што е наведено погоре, заздравувањето на раните е поделено на хемостаза, воспалителна фаза, епата на размножување и фаза на реконструкција. Иако се покажал како корисен, кај овој метод одредени етапи многу се поклопуваат. Неодамна бил прикажан дополнителен метод кај кој голем број од елементите при заздравувањето на раната подетално се објаснети. Очигледно е дека овој модел е поважен бидејќи се покажал корисен во полињата на регенеративната медицина и маневрирање со ткиво (погледни го делот за Истражување и развој подолу). Со новиот метод, процесот на заздравување на рани е поделен на две главни етапи: рана фаза и клеточна фаза.

Раната фаза, која започнува во моментот по настанувањето на повредата, опфаќа серија на молекуларни и клеточни настани кои водат до хемостаза и формирање на рана, привремена вонклеточна матрица со што се овозможува структурна поддршка за спојување на клетките и нивно понатаможно размножување.

По раната фаза следува клеточната при која повеќе видови на клетки работат заедно за да го зголемат воспалителниот одговор, да го синтезираат гранулациското ткиво и да го обноват епителниот слој. Клеточната фаза се дели на:

Макрофаги и воспалителни компоненти (за време на првиот и вториот ден) Епително-мезенхимска интеракција – повторна епителизација (фенотипот се менува за неколку часа, миграцијата започнува на првиот или вториот ден) Фибробласти и миофибробласти – постепено порамнување, создавање на колаген и собирање на матрицата (помеѓу четвртиот и четиринаестиот ден) Ендотелни клетки и ангиогенеза (започнуваат на четвртиот ден) Дермална матрица – елементи на составување (започнуваат на четвртиот ден, траат две седмици) и реконструирање (започнува по втората седмица, може да трае од седмици до месеци зависно од големината на раната).

Фаза на воспаление

Точно пред да започне фазата на воспаление, настанува згрутчување на крвта со цел да се постигне хемостаза или да се запре губењето на крвта преку формирање на фибрин. Потоа се испуштаат разни растворливи фактори (вклучувајќи ги и хемокините и цитокините) за да привлечат клетки кои ќе ги фагоцитизираат отпадоците, бактериите и оштетеното ткиво и ќе ослободат сигнални молекули кои ќе ја започнат фазата на размножување од заздравувањето на раните.

Серија на згрутчување

Кога ткивото ќе се оштети, крвта доаѓа во контакт со колагенот активирајќи ги тромбоцитите да почнат да лачат воспалителни фактори.Rosenberg L., de la Torre J. (2006). Wound Healing, Growth Factors . Emedicine.com. Accessed January 20, 2008. Тромбоцитите своите клеточни мембрани испуштаат и гликобелковини на кои им овозможуваат да се залепат едни на други, да се соединат и да формираат маса.

Фибринот и фибронектинот се вкрстуваат и формираат чеп кој ги заробува белковините и честичките и спречува понатамошна загуба на крв. Чепот од фибрин и фибронектин е исто така и главната структурна поддршка за раната додека не се наталожи колагенот. Миграциските клетки го користат овој чеп како матрица на која можат да ползат, а тромбоцитите се прилепени до неа и лачат фактори. Згрутчувањето со текот на времето се разложува и се заменува со гранулациско ткиво, а подоцна и со колаген.

Тромбоцитите, клетките кои кратко време по повредата ги има во најголем број, испуштаат повеќе работи во крвта како што се белковини на ЕЦМ, цитокини како и фактори на раст. Факторите на раст ги стимулираат клетките побргу да се делат. Тромбоцитите исто така испуштаат други проинфламаторни фактори како што се серотонин, брадикинин, простагландин, простациклин, тромбоксан и хистамин. Тие имаат повеќе улоги меѓу кои и забрзување на размножувањето на клетките и нивна миграција до областа, ги прошируваат крвните садови и ги прават порозни.

Вазоконстрикција и вазодилатација

Веднаш по пукањето на крвниот сад, дупнатите клеточни мембрани испуштаат воспалителни фактори како што се тромбоксани и простагландини кои го згрчуваат крвниот сад за да се спречи губење на крвта и да се соберат воспалителните клетки и фактори од областа. Вазоконстрикцијата трае од пет до десет минути и е проследена со вазодилатација односно размножување на крвните садови, која врвот го достигнува на околу 20 минути по настанувањето на раната. Вазодилатацијата е резултат на факторите кои ги испуштаат тромбоцитите и другите клетки. Главниот фактор за настанување на вазодилатацијата е хистаминот. Хистаминот ги прави и крвните садови порозни, а ткивото станува едематозно бидејќи белковините од крвта истекуваат во екстраваскуларниот простор со што се зголемува осмоларниот товар и надоаѓа вода во областа. Зголемената порозност на крвните садови го олеснува и примањето на воспалителните клетки како што се леукоцитите од крвта во областа околу раната.Dealey C. (1999). The care of wounds: A guide for nurses. Oxford; Malden, Mass. Blackwell Science. Electronic book.

Полиморфонуклеарни неутрофили

Во рок од еден час по настанувањето на раната, на местото на раната доаѓаат полиморфонуклеарни неутрофили (ПМН). Тие стануваат најдоминантни клетки во период од два дена по повредата, а особено се изразени вториот ден кога ги има во најголем број.de la Torre J., Sholar A. (2006). Wound healing: Chronic wounds . Emedicine.com. Accessed January 20, 2008. Фибронектинот, факторите на раст и материи како што се кинините, ги привлекуваат неутрофилите на областа кај раната. Неутрофилите ги фагоцитизираат отпадоците и бактериите, а исто така испуштаат и слободни радикали во процес кој се нарекува „респираторна експлозија“ при што ги убиваат бактериите. Покрај тоа, лачат и протеази кои ја дезинфицираат раната и го делат оштетеното ткиво. Неутрофилите обично се подвргнуваат на апоптоза штом ја завршат својата задача и штом микофагите ги разложат и преземат.

Други леукоцити кои навлегуваат во областа на раната се помошни Т клетки кои лачат цитокини кои помагаат во разложувањето на Т клетки, го зголемуваат воспалението и ја зголемуваат вазодилацијата и порозноста на крвните садови. Т клетките ја зголемуваат и активноста на микрофагите.

Микрофаги

Микрофагите се од основно значење за заздравување на раната. Тие ги заменуваат ПМН како клетки кои доминираат два дена по повредата. Моноцитите од крвта навлегуваат во раната преку ѕидовите на крвните садови, а ги привлекуваат факторите на раст кои ги испуштаат тромбоцитите и другите клетки. Голем број од моноцитите во раната поединечно го достигнуваат врвот половина ден откако ќе настане повредата. Моноцитите созреваат во макрофаги штом се најдат кај раната. Слезината ја содржи половината од моноцитите на телото како резерва која е спремна да се употреби за оштетеното ткиво.

Главната улога на микрофагите е да ги фагоцитизираат бактериите и оштетеното ткиво кое го и отстрануваат испуштајќи протеази. Макрофагите исто така лачат голем број на фактори како што се факторите на раст и други цитокини особено на третиот и четвртиот ден по повредата. Овие фактори ги привлекуваат клетките кои се вклучени во фазата на размножување иако можат да се задржат и во фазата на собирање. Макрофагите се стимулирани од ниското ниво на кислород во нивното окружување да произведуваат фактори кои ја поттикнуваат и забрзуваат ангиогенезата. Тие исто така ги стимулираат и клетките кои повторно ја епителизираат раната, создаваат гранулациско ткиво и поставуваат нова вонклеточна матрица. Со лачењето на овие фактори, микрофагите придонесуваат за забрзување на процесот на заздравување.

Пад на фазата на воспаление

Како што се намалува воспалението така се лачат помалку воспалителни фактори, оние кои веќе ги има се разложуваат, а се намалува и бројот на неутрофили и микрофаги кај раната. Овие промени навестуваат дека фазата на воспаление завршува и дека започнува фазата на размножување. Резултати од ин витро, кои биле обезбедени со дермалниот еквивалентен модел, покажуваат дека просуството на микрофаги всушност го одложува собирањето на раната, а со тоа и исчезнувањето на микрофагите од раната може да биде од суштинско значење за почетокот на наредните фази.

Отстранувањето на отпадоците и започнувањето на фазата на размножување е неопходен дел од заздравувањето бидејќи воспалението помага при борбата со инфекција. Сепак, доколку трае предолго, воспалението може да доведе до оштетување на ткивото. Поради тоа, честопати главна цел на лековите е намалување на воспалението. Воспалението трае сè додека има отпадоци во раната. Како резултат на тоа, присуството на нечистотија или други предмети може премногу да ја продолжи фазата на воспаление и да доведе до хронична рана.

Фаза на размножување

Два или три дена по настанувањето на раната, фибробластите навлегуваат во раната со што го означуваат почетокот на фазата на размножување дури и пред да заврши вопалителната фаза.Falanga V. (2005). Wound Healing. American Academy of Dermatology (AAD). Како и кај другите фази на заздравување на раната, чекорите кај фазата на размножување не настануваат во серии, туку делумно се преклопуваат.

Ангиогенеза