мини|Ендре Кукорели Ендре Кукорели (унгарски: Kukorelly Endre), (1951, Будимпешта, Унгарија -) е современ унгарски писател - поет и прозаист.
Животопис Ендре Кукорели е роден во 1951 година во Будимпешта. Дипломирал историја и библиотекарство на универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта. Работел како уредник во неколку унгарски списанија: Exit 84, Magyar Napló, Magyar Narancs и унгарското издание на Lettres Internationale. Исто така, тој предава творечко пишување на Колеџот за убави уметности. Кукорели е претседател на Друштвото на белетристи.Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 222.
Творештво Кукорели е автор на поголем број поетски и прозни дела кои се преведени на повеќе европски јазици: шпански, шведски, германски, бугарски, словенечки и словачки. Исто така, два негови расказа се објавени на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на Темплум.Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 221-222.
Негови поважни дела се:Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 222-223. Сладот на реалноста (песни), 1984 година Manière (песни), 1986 година Нема да заседам со никого (песни), 1989 година Брегот меморија (песни), 1990 година Градината на лековитите билки (песни), 1993 година H.Ö.L.D.E.R.L.I.N (песни), 1998 година Три 100 парчиња(прозни парчиња), 1999 година Урнатина: Советониска историја, 2000 година Долина на самовилата или Загатките на човековото срце (роман на меморијата), 2003
Признанија Кукорели е добитник на повеќе награди, како што се:Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 223. Наградата "Болони", 1984 година Книга на годината во Унгарија, 1990 година Кристал "Vilenica" (Словенија), 1992 година Наградата "Атила Јожеф", 1993 година Наградата "Шандор Вереш", 1994 година
Наводи
Категорија:Унгарски писатели Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1951 година Категорија:Луѓе од Будимпешта