Лајош Грендел (, – ) — современ унгарски писател и есеист.
Животопис Лајош Грендел е роден во 1948 година во Леви, (денешно Левице), во Словачка. Дипломирал унгарски и англиски јазик на Философскиот факултет при универзитетот "Јан Коменски" во Братислава. Работел како уредник во неколку издавачки куќи и книжевни списанија: "Madach", "Kalligram" итн. Од 1997 година го води ПЕН-клубот на Словачка. Исто така, тој предава историја на унгарската книжевност на универзитетот "Јан Коменски".Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 224.
Творештво Грендел е автор на поголем број прозни дела (раскази, есеи, романи) кои се преведени на повеќе европски јазици: англиски, германски, француски, италијански, српски и словачки.Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 225. Исто така, неговиот расказ "Содржината на куферите" е објавен на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".
Негови поважни дела се:Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 224-225. Неверни (раскази), 1979 година Стрелање со вистински куршуми: малцински (анти) роман (роман), 1980 година Хулигани (роман), 1982 година Транспозиции (роман), 1985 година Содржината на куферите (раскази), 1987 година Раскинување (роман), 1989 година Тезеј и црната вдовица (роман), 1991 година Изолираност или универзалност (есеи и интервјуа), 1991 година Дневник на мојата лоша волја (статии во весниците), 1992 година Шегите на Онирисм (раскази), 1993 година Доаѓа Неговото Царство (роман), 1996 година Апсурдистан, мојата татковина (есеи), 1998 година
Признанија Грендел е добитник на повеќе награди, како што се: Наградата "Имре Мадах", 1982 година Наградата на Словачката писателска унија, 1986 година Книга на годината, 1987 година Наградата "Тибор Дери", 1989 година Наградата "Атила Јожеф", 1990 година Наградата "Милан Фушт", 1995 година Наградата "Ендре Ади", 1996 година Наградата "Кошут", 1999 година
Наводи
Категорија:Унгарски писатели