Владо Камбовски (роден на во Битола) — македонски правник, универзитетски професор и политичар.

Животопис

Камбовски завршил основно и средно образование во родниот град. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во учебната 1969/1970 година кога бил избран за асистент на Катедрата за кривично право на Правниот факултет во Скопје. Во учебната 1972/1973 година се запишал на постдипломски студии по казнено право на Правниот факултет во Загреб.

Студиите ги завршил со одличен успех и во мај 1975 година ја одбранил магистерската работа на тема „Доброволно откажување од извршување кривично дело”. Од 15 јули 1975 до 1 јуни 1976 бил на отслужување на воениот рок.

Во 1977 година бил избран за предавач и држел предавања по кривично право на правните факултети во Скопје и во Битола, како и на Факултетот за безбедност во Скопје. Во 1980 година, на Правниот факултет во Скопје, тој ја одбранил докторската дисертација. Истата година бил избран за доцент по предметот кривично право, а потоа и за декан на Факултетот за безбедност, која должност ја вршел до 1984 година. Од 1984 до 1986 година ја вршел должноста директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје.

Во периодот од 1986 до 1989 година бил потпретседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ од 1986, а од март 1989 до јули 1992 бил член на Сојузниот извршен совет и сојузен секретар за правосудство и управа. Бил и претседател на Републичката комисија за односи со верските заедници, до април 1989 година.Службен весник на Социјалистичка Република Македонија 18/1989, 11 стр. По независноста на Македонија, од 1 декември 1998 до 28 декември 1999 ја вршел должноста министер за правда во Владата на Република Македонија.

За редовен професор на Правниот Факултет бил избран во 1992 година, а реизбран во 2000 година. Во мај 2006 година бил избран за редовен член на МАНУ. Во декември 2011 година бил избран за претседател на МАНУ.„Камбовски нов претседател на МАНУ“, „Нова Македонија“, и на оваа функција се задржал до 2015 година.

Има објавено над 500 научни трудови, книги и други публикации, и учествувал во изработка на бројни закони и стратегии. Говори англиски, француски, германски и српски јазик. Татко е на две деца, син и ќерка.

Награди

Награда „11 Октомври“ во 2012 година Петмина добитници на наградата „11 Октомври“ „Утрински“

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Правници од Битола Категорија:Политичари од Битола Категорија:Македонски академици Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Министри за правда на Република Македонија Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 1998 Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Претседатели на МАНУ Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Професори на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Магистри на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Доктори на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје