Стрима — село во Општина Липково.

Географија и местоположба

Стрима е планинско село кое се наоѓа на само 9км од општина Липково. Селото се наоѓа на падините на Карадак (Скопска Црна Гора) и е сместено во северозападна Македонија до границата со Косово. Стрима допира со атарот на селата Брест на запад, Отља на исток, Р'нковце на север, и на југозапад со селата Матејче, Љубанци во општина Бутел, Радишани; последните села најмногу допираат во близина на селото Бел Камен. Најниската надморска височина кај селото е 700 метри, додека највисоката е 1625 метри.

Историја

При крајот на XIX век, Стрима е албанско село во Скопската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов од 1900 година, селото Стрима е населено од 140 арнаути муслимани.

Стопанство

Економијата во селото е Главно фокусирана на зачувување на шумите и добитокот, но ова село е карактеризирано и во одгледување на житни култури како пченица, пченка, јачмен, ’рж и овес.

Население

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.

Според пописот од 2002, Стрима има 3 жители Албанци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, сите 9 лица без податоци.

Родови Стрима е албанско село.

Според истражувањата од 1941 година, родови во селото се:

Доселеници: Матрин (13 к.), Ибраим (17 к.) и Поштр (18 к.) потекнуваат од фисот Бериш во северна Албанија. Одамна доселени овде.

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Кале — доцноантички кастел збег;

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Липково