За истоименото кочанско село, погл. Костин Дол (Кочанско).
Костин Дол — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.
Географија и местоположба Костин Дол се наоѓа во областа Осоговија, во североисточниот дел на Општина Македонска Каменица. Селото е ридско-планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 600-1.040 м. Селскиот атар зафаќа површина од 14,3 км2.
Маалата во селото се познати како: Лажовска Маала, Умска Маала, Чобанска Маала и Штабска Маала.
Историја Селото се споменува во пописните опширни дефтери од 1570 година како село во Ќустендилскиот Санџак, нахија Пијанец, со 15 христијански семејства, 3 неженети и 3 вдовици христијани.„Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширен пописен дефтер за Ќустендилскиот Санџак од 1570 година“, том V, книга V, Архив на Македонија, Матица Македонска, стр. 200-201
Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.
Стопанство Селото има полјоделско-шумарска функција. Во рамките на селскиот атар преовладуваат шумите на површина од 742 ха, по што следуваат обработливото земјиште на површина од 396 ха и пасиштата на 128 ха.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Костин Дол живееле 154 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 229. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Костин Дол имало 112 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 140-141.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.
Во текот на XX век е забележителен значителен пад на бројот на населените, па така селото преминало од средна во мала населба.
Според пописот од 2002 година, во селото Костин Дол живеат 116 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 59 жители, од кои 51 Македонец и 8 лица без податоци.
Општествени установи Во селото има основно училиште во коешто повеќе не се одржува настава.
Самоуправа и политика Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.
Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Драмче.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Луковица.
Во XIX век, селото било дел од Малешевската каза на Отоманското Царство.
Избирачко место Во селото постои избирачкото место бр. 607 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на поранешното основното училиште.
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 78 гласачи.
Културни знаменитости Археолошки наоѓалишта Јачков Рид - Селиште — населба од неолитско и римско време; Селиште — населба, могила и црква од римско и старохристијанско време; Чукар — населба од неолитско и доцноантичко време.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Делчевски села Категорија:Села во Општина Македонска Каменица