Мајкл Џејмисон (роден на 5 август 1988 г. во Глазгов, Шкотска) e британски пливач, кој освоил сребрен медал во дисциплината 200 метри градно на Летните олимписки игри 2012.

Летните олимписки игри 2012 Натпреварувајќи се за Велика Британија на Летните олимписки игри 2012, тој освоил сребрен медал на 200 метри градно. Тој го соборил британскиот национален рекорд во дисциплината трипати во натпреварувањето, еднаш во преелиминациите, еднаш во полуфиналето и еднаш во финалето (2:07.43), и се доближил до светскиот рекорд на Кристијан Шпренгер на само дванаесет стотинки (2:07.31). Само светскиот рекорд на двократниот светски шампион на 200м градно, Даниел Ѓурта го одделиле Џејмисон од златниот медал.

Тој претходно се натпреварувал и во дисциплината 100 метри градно, но не успеал да се пласира во финалето, откако завршил на третото место во својата полуфинална група.

Личен живот Неговиот татко, исто така Мајкл, бил професионален фудбалер. Џејмисон исто така играл фудбал, но решил да се фокусира на пливање кога имал 13 години. Тој е навивач на фудбалскиот клуб Селтик.

Наводи

Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Шкотски пливачи Категорија:Пливачи на Летните олимписки игри 2012 Категорија:Олимписки сребрени медалисти за Велика Британија