Ореовец (понекогаш нарекувано и Ореоец) — село во Општина Македонски Брод, во областа Долно Кичево, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба

мини|300п|лево|Дом на „Св. Јован Крстител“ во селото

Селото се наоѓа во областа Долно Кичево, во југозападниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, непосредно од левата страна на реката Треска. Атарот на селото се допира со подрачјето на Општина Кичево. Селото е ридско, на надморска височина од 760 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 10 километри.

Атарот зафаќа простор од 8,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 391 хектар, на пасиштата отпаѓаат 275 хектари, а на обработливото земјиште 96 хектари.

Покрај селото поминува регионалниот пат Македонски Брод-Кичево. Според катастарот, северниот дел од регионалниот пат припаѓа на атарот на селото Ореовец. Поради тоа, дел од новоизградените куќи на жители од селото Пласница, кај самата раскрсница кон тоа село, влегуваат во атарот на село Ореовец.

Историја

Во век, Ореовец било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ореовец имало 144 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ореовец имало 128 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ореовец се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот Санџак со 20 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Селото е мало, коешто во 1961 година имало 153 жители, од кои 152 биле Македонци и тројца Турци. Во 1994 година бројот се намалил на 85 жители, од кои 52 Турци и 33 жители Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Ореовец имало 155 жители, од кои 26 Македонци, 128 ТурциИзјаснетите Турци живеат во куќите на раскрсницата со селото Пласница, кои катастарски се наоѓаат во атарот на селото Ореовец. и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 75 жители, од кои 7 Македонци и 68 Турци.

Родови

Ореовец е македонско село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 60-тите години на XX век родови во селото се: Марковци (12 к.) и Рашајковци (11 к.), староседелци, потекнуваат од стариот народ кој живеел овде. Рашајко имал два сина од кои се намножиле родовите, во родот Рашајковци се знае следното родословие: Александар (жив на 48 г. во 1961 година) Мике-Стојан-Илија-Стојан, Рашајко бил дедо или прадедо на Стојан; Карпузовци (5 к.), потекнуваат од предокот Карпуз, споменатиот предок на врвење дошол во селото, и тука останал за Рашајко да не бидет сам. Населување на Карпузовци е извршено околу 1730-1760 година.

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Марковци (7 к.), Рашајковци (7 к.) и Карпузовци (9 к.), сите родови се староседелски.

Самоуправа и политика

мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Архангел Гаврил“

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Русјаци, во која влегувале селата Ореовец и Русјаци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Ижиште, во која покрај селото Ореовец се наоѓале селата Дворци, Ижиште, Лисичани, Пласница, Преглево и Русјаци.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0225 според Државната изборна комисија, кое е сместено во Селскиот дом.

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи. На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Мал Рид — црква и некропола од средниот век

Цркви Црква „Свети Архангел Гаврил“ — главна селска црква, изградена во 1628 година Црква „Свети Никола“ — манастирска црква, изградена во 1595 година

Манастири Ореовички манастир — манастир

Иселеништво До 1961 година од селото имало иселување во Македонски Брод (6 семејства) и во Кичево (5 семејства). Населението продолжило да се иселува и потоа, што се гледа и по падот на население од 1961 година до денес.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Поречки села Категорија:Села во Општина Македонски Брод