Неразградливи органски загадувачи — органски соединенија кои имаат различен степен на фотолитска, биолошка и хемиска деградација. Неразградливи органски полутанти често се халогенирани и се одликуваат со ниска растворливост на вода и висока растворливост во липиди, што овозможува нивна биоакумулација во масните ткива. Како резултат на тоа овие супстанци се наоѓаат во региони каде што биле користени или ослободени. Резултат на нивната липофилност и неразградливост доведува до нивна акумулација во живите организми преку ланецот на исхрана и високи концентрации од нив се откриени кај животните и луѓето.

Основни обележја на НОП се следниве: Тие претставуваат синтетички органски соединенија Перзистентни (неразградливи) во животната средина Нивниот транспорт на големи далечини влијае врз глобално загадување Тие се липофилни (растворливи во масти) соединенија Се акумулираат во ланецот на исхрана Се среќаваат во риби и водни цицачи

Неразградливите органски полутанти исто така, се истакнуваат со нивната полунестабилност; резултат на нивните физичко-хемиски одлики кои дозволуваат овие соединенија да се појават во гасовита фаза атсорбирани во атмосферските честички, што го олеснува нивниот долг опсег на транспорт низ атмосферата.

Овие својства на необична упорност и полунестабилност, заедно со другите одлики, резултираат во присуство на соединенијата во целиот свет, дури и во регионите каде што никогаш не биле користени. Неразградливи органски полутанти се насекаде. Тие се мерат на секој континент, во зони кои претставуваат подрачја на главните климатски зона и географски сектор во целиот свет. Овие подрачја ги вклучуваат оддалечените региони како што се океаните, пустините, на Арктикот и на Антарктикот, каде што нема значителни локални извори. Исто така, овие соединенија се детектирани и во воздухот, во сите области на светот, во концентрации до 15 ng/m3. Во индустријализираните области, концентрациите може да бидат и неколкупати поголеми. Воедно, треба да се каже дека е забележано нивно присуство дури во дожд и снег.

Генерално, овие хемиски соединенија ги имаат следните особини: Антропогеност - произведени и/или мобилизирани во средината како резултат на активности од страна на човекот. Може да се произведуваат како пестициди, да се експлоатираат во индустријата, или ненамерно да се генерираат како нус-производи од разни индустриски процеси. Токсичност - од сите загадувачи кои секојдневно се испуштаат во животната средина како резултат на човечките активности неразградливите органски полутанти се меѓу најтоксичните. Тие се високотоксични со тоа што предизвикуваат голем број заболувања и вродени мани кај човекот и животните. Неразградливост - имаат долг животен век во животната средина и скоро да не се распаѓаат во воздухот, водата или во почвата; Подвижност - тие циркулираат глобално со таканаречен „ефект на скакулец“. Овие загадувачи ослободени во одреден регион на светот можат, преку процес кој постојано се повторува (испарување, нанесување, испарување, нанесување), да се транспортираат преку атмосферата во региони оддалечени од примарниот извор. Биоакумулативност - концентрацијата на POPs во живите организми во однос на концентрацијата во околината се нарекува биоакумулација. Иако не се растворливи во вода, неразградливите органски загадувачи се апсорбираат во масните ткива, каде концентрацијата може да се зголеми до 70.000 пати од почетната.

Неразградливи органски полутанти Иако може да постојат многу различни форми на Неразградливи органски полутанти и природните и антропогените, кои се нотирани врз основа на нивната истрајност и биоаклумулативни одлики вклучуваат многу од првата генерација органохлорни инсектициди, како што се диелдрин, ДДТ, токсафен и хлордан и неколку индустриски хемиски производи или нуспроизводи вклучувајќи полихлорирани бифенили, диоксини и фурани. Многу од овие соединенија биле или продолжуваат да се користат во големи количини, а како резултат на нивната истрајност, имаат способност за биоакумулација и биомагнификација. Некои од овие соединенија, може да егзистираат во животната средина со години. Неразградливи органски полутанти се претставени од две важни подгрупи вклучувајќи ги и ароматични полициклични јаглеводороди и некои халогенирани јаглеводороди. Оваа втора група вклучува неколку органохлорини кои, историски, докажаа дека се најотпорни кон деградација и кои имале одлики на широк дијапазон на производство, употреба и ослободување. Овие хлорирани деривати се генерално најдолговечни од сите халогенирани јаглеводороди. Неразградливи органски полутанти ги опфаќа 12-те типови на супстанци одредени согласно со Стокхолмската конвенција. Алдрин Хлордан ДДТ Диелдрин Ендрин Хептахлор (3-хлорохлорден) Хексахлоробензен-перхлоробензен (НСВ) Мирекс Токсафен Полихлорирани бифенили (РСВ-и) Диоксини и фурани

Влијание на здравјето на човекот Научните резултати покажуваат дека изложувањето на многу ниски дози на некои од соединенијата класифицирани во Неразградливи органски полутанти (кои се меѓу најтоксичните супстанции досега синтетизирани) може да предизвика рак, оштетувања на централниот и периферниот нервен систем, болести на имунолошкиот систем, заболувања на репродуктивниот систем, пореметувања на развојот на доенчињата и кај децата. Загрижувачки е фактот дека постојат големи количини на заостанати залихи на пестициди и отровни хемикалии, особено во земјите во развој. Местата каде овие хемикалии се елиминирани и резервоарите во кои биле складирани во 50-тите и 60-тите години од минатиот век сега се распаѓаат и нивните производи доаѓаат во почвата, водите, животните и човекот. Импликациите од хронична и акутна изложеност на Неразградливи органски полутанти не се целосно разбрани. Студиите за лабораториските испитувања и влијанието врз животната средина покажале дека изложеноста на овие супстанции може да резултира со нарушување на правилната работа на ендокриниот систем, репродуктивна и имунолошка дисфункција, дисфункција на мозокот и нервниот систем, развојни нарушувања и рак. Ендрин, диелдрин и олдрин се класифицирани од страна на СЗО, како многу опасни врз основа на нивната акутна токсичност. Фетусите и бебињата се особено подложни на влијанието и изложеноста на неразградливи органски полутанти заради нивниот трансфер од мајката за време на критичните фази на развој. Изложеноста во текот на развојот е поврзана со намалениот имунитет и зголемена подложност на инфекции, развојни абнормалности, промени во развојот на мозокот и нервниот систем и нивно оштетување и појава на рак и тумор.

Ризик од рак Меѓународната агенција за истражување на ракот идентификува дека повеќето од 12-те идентификувани неразградливи органски полутанти претставуваат потенцијален канцероген ризик за луѓето, како што е опишано во табелата подолу.

IARC Класификација НОП Група 1: Состојката/супстанцијата е концероген/а за луѓето 2,3,7,8-Tетрахлородибензо-парадоксин Група 2A: Состојката/супстанцијата е веројатно концероген/а за луѓето Соединаенија од полихлорин бифенил Група 2B: Состојката/супстанцијата е најверојатно концероген/а за луѓето Хлордан ДДТ Хепрахлор Хексахлоробензен Mирекс Tоксафен Група 3: Состојката/супстанцијата не може точно да се класификува од аспект на концерогеноста за луѓето Алдрин Диелдрин Ендрин Полихлоринат дибензофуран

Во најголема мерка човекот е изложен на дванаесетте специфични соединенија преку синџирот на исхрана. Контаминација на храна може да се случи преку загадување на воздухот, водата и почвата, или преку претходно користење или неовластена употреба на органохлорни пестициди врз прехранбени култури. Некои хлорирани јаглеводородни инсектициди се познати како причина за многу сериозни, акутни труења. Ова особено се однесува eндринот, олдринот и диелдринот. Контаминацијата на храната, вклучувајќи мајчиното млеко, со овие соединенија е светски феномен. Голем број на инциденти на акутни токсични ефекти кај луѓето, вклучувајќи и смрт, се случиле како резултат на контаминирана храна. Маслото за јадење и храната од животинско потекло се најчесто вклучени во овие инциденти.

Забележителени случаи кои ги вклучуваат ефектите од изложеност на луѓето вклучуваат проголтување на овие соединенија преку семе и жито третирани со вакви супстанци. Пациентите кои конзумирале на ваков начин од третираните семиња доживеале спектар на симптоми, вклучувајќи фотосензитивни лезии на кожата, хипер пигментацијата, тешка слабост и ослабнување. Мајките кои конзумирале вакви производи всушност ги трансферираат НОП до нивните деца преку плацентата за време на бременоста и преку мајчиното млеко. Децата родени од овие жени најчесто се со висока стапка на смртност.

Ваквите ефекти не се толку вообичеаени во случај на изложеност на помали концентрации на овие супстанци. Контаминацијата на храната со неразградливи органски полутанти исто така, предзивикува ниско ниво на изложеност на одредени вакви супстанци и тоа може да предизвика хронични здравствени проблеми, но нивното долгорочно влијание и ефектите од тоа влијание на здравјето на човекот не е целосно истражено. Студиите направени во таа насока покажуваат дека преголемото изложување и предозирање на некои од овие супстанци можат да бидат поврзани со широк ранг на биолошки ефекти. Акутната токсичност на одредена токсична супстанција не е единствената одредница за опасност кон луѓето, како што многу од нив имаат документирани неповратни штетни ефекти, како што се малигнитет, оштетување на органите, итн. Некои студии покаживаат дека внесот на овие супстанци по орален пат влијае врз намалување на лимфоцитите кај населението, додека пак други студии сугерираат дека кај децата со висока концентрација на органохлорни соединенија може да влијае врз зголемување на стапките на инфекција за некои 10 до 15 пати во споредба со деца кои се изложени на пониски дози. Лабораториските студии даваат убедливи докази за поддршка дека некои органохлорни хемикалии можат да бидат канцерогени.

Употреба, типови и дејство - неразградливи органски полутанти Алдрин - инсектицид синтетизиран од човекот, во природата преоѓа во диелдрин. Се аплицира во почвата при производство на пченка, памук и компир, за третирање на термити, скакулци, црви кои го оштетуваат коренот на пченката, но исто така тоа може да им штети на птиците и рибите. Навлегува брзо во почвата и бавно испарува во воздухот. Растенијата го земаат од почвата и го складираат, а диелдринот се складира во масното ткиво на животните и многу бавно се елиминира. Дозата која може да предизвика смрт кај возрасен маж е околу пет грама алдрин. Луѓето најчесто се изложени на алдрин преку прехранбените производи (коренасти култури, риба, морска храна, млечни производи, млеко, путер и месо). Знаци за труење при изложеност на човекот на овие хемикалии се: грчеви, неконтролирани движења на мускулите, главоболка, мачнина, повраќање, оштетувања на ендокриниот систем, а испитувањата кај животните покажале дека овие соединенија може да предизвикаат рак на црниот дроб и намалување на имунитетот. Употребата на алдринот е забранета или строго ограничена во многу земји.