алт=Филипини берзанска табла|мини|Филипини берзанска табла Пазарот на акции или пазарот на капитал е јавен ентитет (мрежа на слободни економски трансакции,но не физички објект или дискретен ентитет) за тргување со акции на компанија и деривативи на договорена цена;овие претставуваат хартии од вредност,кои се објавени на официјалниот список на берзата, како и оние кои се тргувани приватно.

Големината на светската берза е пресметана на околу $36.6 трилиони на почетокот на октомври 2008. Вкупниот светски пазар на деривативи е проценет на околу $791 трилиони номинална вредност, 11 пати поголема од целата светска економија. Вредноста на пазарот на деривативите, бидејќи е наведена во однос на замислената вредност, не би можело директно да биде споредена со акции или со хартија од вредност со фиксен приход, што традиционално се однесува на реалната вредност. Згора на тоа, голем дел од деривативите се урамнотежуваат едни со други( т.е. деривативниот влог на настан што се случува се надополнува со сличен деривативен влог на настан што не се случува).Многу такви релативно неликвидни хартии од вредност се вреднувани според финансиските модели,отколку според реалната пазарна цена.

Акциите се тргувани и објавувани на листите на берзите, кои претставуваат ентитети на корпорација или заедничка организација, што се специјализирани за доведување на купувачите и продавачите на организациите до списокот на акции и хартии од вредност заедно. Најголемиот пазар на акции во САД, со пазарната капитализација, е Њујоршката Берза (NYSE). Во Канада, најголема е берзата во Торонто. Најголемите европски берзи се: Амстердамската, Лондонската, Париската и Германската Берза(берзата во Франкфурт). Во Африка се Нигериската Берза,Јоханесбургската Берза,итн. А во Азија се берзата во Сингапур,Токио, Хонгконг, Шангај и Мумбај.Кај Латинска Америка,такви се берзите BM&FBOVESPA (Bolsa de Valores, Mercadorias & Futuros de São Paulo) во Саун Пауло и BMV (Bolsa Mexicana de Valores) во Мексико.

Како учесници на пазарот се јавуваат поединечните трговски инвеститори, институциските инвеститори како што се заедничките фондови,банките,осигурителните компании и хеџ фондовите, а исто така и јавните претпријатија кои тргуваат со сопствените акции.Според некои истражувања, институциските инвестори и претпријатија кои тргувале со сопствените акции генерално добивале повисоки приходи со пресметан ризик отколку инвеститорите во малопродажбата.

Тргување

Учесниците на пазарот на акции варираат од мали поединечни инвеститори на акции до големи трговци на инвеститорски фондови,кои може да се основаат секаде. Нивните налози вообичаено завршуваат кај професионалец на берза,кој ги извршува налозите за купуваање или продавање.

Некои трговски размени се физички локации каде трансакциите се извршуваат на берзанските паркети, според метод кој е познат како „отворено извикување“ (open outcry).Овој метод на аукција се користи при трговска размена на акции и капитал каде тргувачите може да употребат „вербални“ наддавања и понуди истовремено. Другиот вид на тргување со акции е виртуелен, составен од мрежа на компјутери, каде размените се прават електронски преку тргувачи.

Тековните трговски размени се основаат врз модел на аукциски пазар каде потенцијален купувач понудува одредена цена за акции, и потенцијален продавач бара одредена цена за акциите. (Купување или продавање на пазар значи дека ќе ја прифатиш која било побарана или понудена цена за акцијата). Кога понудената и побараната цена се усогласуваaт, се одвива продажба, според принципот прв дојден,прв услужен во случај кога постојат повеќе понудувачи или побарувачи за дадената цена.

Целта на тргувањето со акции е олеснување на размената на хартиите од вредност помеѓу купувачи и продавачи, со тоа обезбедувајќи и пазарно место(виртуелно или реално).Размените обезбедуваат тековни информации за тргување на објавените хартии од вредност, притоа олеснувајќи го оформувањето на цената.

Њујоршката Берза претставува физичка размена, или таканаречена размена на акции објавени на листа- само акциите кои котираат на берзата може да се тргуваат на хибриден пазар (пазар каде што размената може да се изврши по електронски пат или со традиционалниот модел на аукција) за пласирање на налози на берзанскиот паркет, електронски и рачно. Налозите кои се извршуваат на берзанскиот паркет влегуваат преку членовите на берзата и се распределуваат до независните брокери, кои одат до одредена кабина на берзанскиот паркет, каде брокерски специјалист ја извршува размената за таа акција. Работата на специјалистот е да ги усогласува налозите за купување и продавање, користејќи го методот на отворено извикување (open outcry). Ако постои спред (spread), ниедна размена не се одвива во моментот- во овој случај брокерскиот специјалист треба да ги искористи неговите/нејзините ресурси (пари или акции) за да ги затвори разликите по неговото/нејзиното време за оценување. Штом ќе се направи размена деталите се пренесени на „касета“ и се вратени до брокерската фирма, преку која се известува инвеститорот кој го поставил налогот. Иако во овој процес човечкиот контакт има значаен удел , компјутерите играат главна улога,посебно за таканаречената „компјутеризирана трговска размена“.

NASDAQ(National Association of Securities Dealers Automated Quotations) е виртуелна берза, каде сите трговски размени се извршуваат преку компјутер. Процесот е сличен како на Њујоршката берза. Како и да е, купувачите и продавачите елктронски се мечирани. Еден или повеќе творци на пазарот на NASDAQ секогаш обезбедуваат понудена и побарувана цена за која тие секогаш ќе ја купат или продадат нивната акција.

Париската берза, сега дел од Еуронекст, е електронска берза која се заснова врз налозите. Била автоматизирана во доцните години на 80-тите. Пред 1980-тите, била берза која функционирала според методот на отворено извикување (open outcry). Брокерите се среќавале на берзанскиот паркет или Палатата Броњиар (Palais Brongniart). Во 1986,бил воведен системот за тргување САТЅ (Computer Assisted Trading System), и процесот за мечирање на налозите бил целосно автоматизиран.

Со тек на време, активното тргување ( посебно кај големите блокови на хартии од вредност) се оддалечувало од активната размена. Фирмите за хартии од вредност, предводени од UBS AG, Goldman Sachs Group Inc. и Credit Suisse Group, веќе управуваат со 12 % од американските хартии од вредност надвор од берзите на нивните внатрешни системи.Toa сигурно ќе се зголеми до 18 проценти до 2010, бидејќи сè повеќе инвестициски банки ги заобиколуваат Њујоршката берза и NASDAQ и тие самите ги поврзуваат купувачите и продавачите на хартии од вредност, според податоците добиени од Aite Group LLC од Бостон, консултантска група за брокери.

Денес, бидејќи компјутерите ја елиминираа потребата од трговски паркети како Биг Борд(Big Board), рамнотежата на моќта на пазарот на капиталот се менува. Со донесување на повеќе налози внатре, каде клиентите може да пренесуваат големи блокови на акции анонимно, брокерите плаќаат помалку за трошоци и добиваат поголема акција од $11 билиони годишно што институциските инвеститори ја плаќаат за трговската провизија.

Учесници на пазарот

Како учесници на пазарот се сметаат поединечните малопродажни инвеститори, институциските инвеститори како што се инвестициските фондови,банките, осигурителните компании и хеџ фондовите, а исто така и јавните претпријатија кои тргуваат со сопствените акции.Според некои истражувања, институциските инвеститори и компаниите кои тргуваат со нивните сопствени акции генерално добиваат повисок приход со пресметан ризик отколку инвеститорите во малапродажбата.

Пред неколку декади, на светско ниво, купувачите и продавачите биле поединечни инвеститори, како што се богатите стопанственици, обично со долга семејна истрорија на одредени компании. Со тек на време,пазарите станале сè повеќе „институализирани“; купувачите и продавачите претставуваат големи институции (т.е. пензиски фондови, осигурителни компании, инвестициски фондови, индексни фондови, акциски фондови, хеџ фондови, инвеститорски групи, банки и други различни финансиски институции).

Со зголемувањето на институциските инвеститори се довеле и некои подобрувања во пазарните операции. Започнала постепена тенденција за намалување на фиксните трошоци за сите инвеститори, делумно со паѓање на административните трошоци, но исто така придружени и со олигополистички пристап на брокери на големи институции за поставување на стандардизирани трошоци.

Историја

Во 12 век во Франција посредниците на трговската размена -courretiers de change биле задолжени за управување и регулирање на долговите на земјоделските заедници во име на банките. Бидејќи овие личности тргувале и со долгови, тие може да се кажат дека се првите брокери. Општоприфатена заблуда е дека во доцниот 13 век тргувачите на стока во Брухе се собирале во куќата на човекот кој се викал Ван дер Бурз(Van der Beurze ) ,и во 1309 тие биле именувани како „Brugse Beurse", институционализирање на она што до тогаш претставувало, неформални состаноци, но всушност , семејството Ван дер Бурз имала зграда во Антверпен каде овие состаноци се одвивале; Ван дер Бурз го зеле Антверпен, како и повеќето трговци во тоа време, како нивно примарно место за тргување. Идејата набргу се раширила околу Фландрија и соседните земји и "Beurzen" набргу се отворил во Гент и Амстердам.

Во средината на 13 век, венецијански брокер започнал да тргува со владини хартии од вредност. Во 1351 венецијанската влада ги забранила гласините што се ширеле со намера да се намали цената на владините фондови. Банкари во Пиза, Верона,Џенова и Фиренца исто така започнале да тргуваат со државните хартии од вредност во текот на 14 век. Ова било возможно само поради тоа што овие биле независни градови држави нераководени од војвода,туку од совет на влијателни граѓани. Италијанските компании исто така биле први кои издавале акции. Потоа следеле компаниите во Англија и Ниските Земји(Белгија,Холандија, Луксембург) во 16 век. Dutch East India Company( основана во 1602) била првото акционерско друштво кое се здобило со фиксни акции на капитал, и како резултат на тоа,на амстердамската берза се појавило континуирано тргување во акциски компании. Набргу потоа, на амстердамскиот пазар произлегле возбудливи понуди за тргување на различни деривативни инструменти,меѓу кои опција и репо. Холандиските трговци исто така започнале и со краткорочно продавање- практика која била забранета од холандиските надлежности уште во 1610.

Денес има пазари на акции буквално во секоја развиена и најпрогресивна економија, каде најголемите пазари се наоѓаат во САД, Велика Британија, Јапонија,Индија,Кина,Канада, Германија, Франција, Јужна Кореја и Холандија.

Важноста на пазарите на акции

Функции и цели

Пазарот на акции е еден од најважните извори за компаниите да се здобијат со пари. Ова овозможува бизнисите јавно да бидат тргувани, или генерирање на дополнителен финансиски капитал за проширување со продавање на акциите во сопственост на компанијата на јавен пазар. Ликвидноста што една берза им ја нуди на инвеститорите, им овозможува брза и лесна продажба на хартиите од вредност. Ова е примамлива каректеристика за инвестирање во акции, во споредба со други понеликвидни инвестиции,како што се недвижнини. Некои компании активно ја зголемуваат ликвидноста преку тргување со нивните сопствени акции. Историјата покажала дека цената на акциите и другите средства е значаен дел од динамиката на економската активност, и може да влијае или да биде показател на социјалното расположение. Економијата чиј пазар на акции е во раст се смета дека е растечка економија. Всушност, пазарот на акции често се смета за примарен показател за стабилноста и развојот на економијата во една држава.