thumb|right|Јохан Волфганг фон Гете Јохан Волфганг фон Гете (; , Франкфурт на Мајна - , Вајмар) — германски романописец, поет, драматург, хуманист, научник, филозоф и десет години премиер на војводството Вајмар.
Гете бил една од клучните фигури на германската литература и движењето Вајмарски класицизам во доцниот XVIII и раниот XIX век; ова движење коинцидира со просветителството, Sturm und drang, сентиментализмот и романтизмот. Како автор на Фауст и Теоријата на боите, тој го инспирирал Дарвин во неговото независно откривање на премаксилата на човечката вилица и концентрацијата на идеите за еволуцијата. Влијанието на Гете се ширело низ Европа и за време на следниот век неговата работа била примарен извор на инспирација во музиката, драмата, поетиката и филозофијата.Паскал Гилевски, Романтизам, Матица Македонска, Скопје, 2004, стр. 31 - 35
Живот Рани години (1749–1765) Таткото на Гете, правникот и кралскиот советник Јохан Каспар Гете (1710–1782), живеел со неговото семејство во голема куќа во Франкфурт на Мајна, тогаш дел од Светото Римско Царство. Како богат член на буржоазијата, тој го поминал најголемиот дел од своето време собирајќи препарирани животни и слики. Гетеовата мајка, Катарина Елизабет Текстор (1731–1808), се омажила за 38-годишниот Јохан Каспар кога имала само 17 години. Сите нивни деца, освен Гете и неговата сестра Корнелија Фридерик Кристијана, кои биле родени во 1750 година, починале на рана возраст. Од татко му, Јохан Волфганг ги наследил смислата за ред и сериозноста, додека од мајка му ги презел ведрината на духот, бујната фантазија и неисцрпната дарба за раскажување. Како син на правник во слободниот град Франкфурт, на кого имотот на таткото кројач и гостилничар му овозможил да се издигне меѓу франкфуртското благородништво, младиот Гете ја запознал во студиите во Лајпциг послободната граѓанска култура, а во Стразбур го запознал Јохан Готфрид ХердерРаде Силјан, Странски автори и дела, Матица македонска, Скопје, 2001, стр. 21..Душан Томовски, „Поговор“, во: Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 229.
Јохан Каспар и приватните учители му држеле предавања на Гете за сите општи предмети, посебно јазиците (латински, грчки, француски, англиски и хебрејски). Гете, исто така, земал часови по танцување, јавање и мечување. Тој имал силна одбивност кон црквата и ја окарактеризирал нејзината историја како „редица на грешки и насилство“. Негова голема страст било цртањето; музиката, пак, не му била страст. Гете набрзо станал заинтересиран за литературата; Фридрих Готлиб Клопшток и Хомер биле меѓу неговите најрани омилени писатели. Тој имал голема посветеност кон театарот, исто така, при што бил многу фасциниран од сцените со кукли кои се одржувале во театарот Вилхелм Мајстер. Неговата желба за сестрано образование особено била поттикната од средбите и разговорите со францускиот офицер Франсоа Теас, кој престојувал во нивната куќа за време на седумгодишната војна. Според сведочењето на самиот Гете, голем дел од неговото образование било под влијание на Французите.J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 16. Додека студирал право во Лајпциг, Гете редовно го посетувал театарот и галериите, така што и самиот започнал да се занимава со бакрорез.Dragoslava Perišić, „Pogovor“, во: Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 115.
1765-1832 Во текот на 1770-1771 година, Гете живеел во Стразбур, каде допатувал за да ги доврши студиите. Таму, тој се запознал со творецот на новите антипросветителски идеи, Хердер, од кого научил дека вистинскиот живот треба да се бара во природата и историјата; дека најголемата вредност на човекот лежи во неговата оригиналност и поединечност; дека големите дела потекнуваат од срцето и дека поезијата ја создаваат скриените и несвесни изливи на поетскиот гениј. Под неговото влијание, Гете ги засакал Хомер, Шекспир, Осијан и народните песни. Истовремено, тој се вљубил во девојката Фридерика Брион, која претставувала инспирација за најполетните песни од неговата младост.Dragoslava Perišić, „Pogovor“, во: Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 115-116.
Во 1772 година, почитувајќи ја желбата на татко му, Гете престојувал одредено време во Вецлар, каде на 25 мај 1772 година се запишал во списокот на судските практиканти, но не постојат документи кои би докажале дека тој учествувал во работата на тамошниот суд. Се знае дека тој немал никаков интерес за судската пракса, а присуствувал само на неколку заседанија на судот, и тоа само како слушател.Л.А., „Гете и неговиот Вертер“, во: Јохан Волфганг Гете, Страданијата на младиот Вертер. Скопје: Кочо Рацин, 1957, стр. 9-10. Исто така, во текот на една година, Гете работел како адвокат во Франкфурт. На патот од Вецлар кон Франкфурт, во Еренбрајштајн, Гете ја запознал Максимилијана Ларош, која на почетокот на следната година пристигнала во Франкфурт како сопруга на богатиот тгровец Брентано. Гете бил чест гостин во нивниот дом, а на Максимилијана ѝ ги читал своите поетски творби. Долго време, Брентано се однесувал љубезно кон Гете, но потоа наеднаш станал љубоморен и Гете одлучил повеќе да не го посетува нивниот дом.Л.А., „Гете и неговиот Вертер“, во: Јохан Волфганг Гете, Страданијата на младиот Вертер. Скопје: Кочо Рацин, 1957, стр. 13.
На почетокот од 1775 година, Гете се запознал со убавата и богата Лили Шенеман со која заминал во Швајцарија, иако се плашел од трајна врска со неа. Таа ги инспирирала Гете за неколку песни, како што се: „На езерото“, “Есенско расположение“, „Поглед на езерото од ридот“ итн. Меѓутоа, поради нескладот меѓу нивните погледи на светот, оваа врска набргу пропаднала и Гете се вратил во Германија, прифаќајќи ја поканата на младиот вајмарски војвода, Карл Август, војвода на Сакс-Вајмар-Ајзенах. Таму, војводата успеал да го приврзе кон себе и Гете останал трајно во Вајмар, каде што на почетокот се занимавал со практични работи од областа на геологијата, ботаниката, минералогијата и анатомијата. Во Вајмар, Гете ја запознал госпоѓата фон Штајн, многу образована жена која успеала да го скроти неговиот бунтовен карактер. И нејзе Гете ѝ посветил неколку свои песни („На Шарлота фон Штајн“, „На Лида“, „Ноќни мисли“ итн.).Dragoslava Perišić, „Pogovor“, во: Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 118-116.Душан Томовски, „Поговор“, во: Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 229-230.
Една од најважните епизоди во животот на Гете бил неговиот двегодишен престој во Италија, од 1786 до 1788 година, каде што заминал сакајќи да се ослободи од сите обврски и да ѝ се посвети само на поезијата. Таму Гете се запознал со античката култура и се заинтересирал за античката уметност. Патувањето во Рим, Неапол и Сицилија Гете ги опишал во делото „Патување низ Италија“.Dragoslava Perišić, „Pogovor“, во: Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 119-116. За време на Француската револуција, Гете присуствувал на неуспешниот воен поход на вајмарскиот војвода против француските востаници, кој го опишал во делото „Војната во Франција“ од 1793 година. Во 1794 година, Гете се зближил со Шилер, со што започнала нивната долга книжевна соработка при што до преселбата на Шилер во Вајмар, во 1799 година, тие интензивно се допишувале, а потоа интензивно се дружеле, разменувале мислења и пишувале. На преминот од XVIII кон XIX век, Гете повторно се занимавал со практични проблеми од областа на минералогијата, оптиката, остеологијата и геологијата, а многу малку време посветувал на книжевноста.Dragoslava Perišić, „Pogovor“, во: Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 120-121. Во староста, во шеесеттата година од животот, Гете искрено се вљубил во младата Мина, па дури и мислел дека тоа било првиот пат кога бил вистински вљубен, а кога веќе имал над 70 години ја побарал за жена младата Улрике, верувајќи дека ќе биде среќен сопруг.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 239-240.
Гете починал во Вајмар, на 22 март 1832 година. Неговиот долгогодишен соработник Јохан Петер Екерман вака го опишува телото на Гете утредента по неговата смрт: „... Утрото по Гетеовата смрт ме обзеде длабок копнеж уште еднаш да ги видам неговите земни остатоци. Неговиот верен слуга Фридрих ми ја отвори собата во која лежеше тој. Испружен на грбот почиваше како да спие; цртите на неговото возвишено-благородно лице отсликуваа длабок мир и тишина. Големото чело како сè уште да се бавеше со мислите. Ме фати желба за прамен од неговата коса, но големото стравопочитување ме спречи да го пресечам. Телото лежеше завиткано во бел чаршав, околу него беа поставени големи парчиња мраз за што подолго да го одржат свеж. Фридрих го крена чаршавот и јас се восхитив од божествената убавина на тоа тело. Градите необично големи, широки и испакнати; рацете и нозете полни и умерено мускулести; стапалата фини и со најубав облик, и никаде на целото тело ни трага од дебелина или слабост или пропаднатост. Совршен човек лежеше пред мене во голема убавина и восхитот што го почувствував поради тоа за момент направи да заборавам дека бесмртниот дух го напушти тоа тело. Ја положив раката на неговото срце - насекаде владееше длабока тишина - и се тргнав настрана за да ги пуштам задржаните солзи слободно да течат.“J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 114.
Творештво Периодизација на творештвото на Гете Големиот опус на Гете може хронолошки да се подели на три периода:Душан Томовски, „Поговор“, во: Јохан Волфганг Гете, Фауст. Скопје: Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга, 1989, стр. 230. Првиот период ги опфаќа творбите напишани во неговата младост, како што се: „Книгата за Анета“, „Лајпцишка книга со песни“ (1768-1769), „Наумничавоста на вљубените“ (1768-1769), „Совиновниците“ (1767-1769), „За германската архитектура“ (1771), „Штрасбуршка лирика“ (1771), „По повод Шекспировиот ден“ (1772), „Гец фон Берлихинген“ (1772), „Клавиго“ (1774), „Страдањата на младиот Вертер“ (1774) и „Стела“ (1775). Вториот период од неговото творештво го означува свртувањето кон класицизмот и ги опфаќа делата: „Вајмарската лирика“ (1776-1778), „Тајни“ (1784-1785), „Ифигенија на Таурис“ (1787), „Егмонт“ (1787), „Тасо“ (1790), „Фауст, еден фрагмент“ (1790), „Годините на учењето на Вилхелм Мајстер“ (1795-1796), „Римски елегии“ (1795), „Венецијански епиграми“ (1796), „Ксении“ (1797), „Херман и Доротеја“ (1798) и „Балади“ (1798). Третиот период ги опфаќа делата напишани во староста, како: „Фауст, прв дел“ (1808), „Душевни сродности“ (1809), „За науката на боите“ (1810), „Поезијата и вистината“ (1811-1833), „Италијански патувања“ (1816-1817), „Западно-источен диван“ (1819), „Годините на патувањата на Вилхелм Мајстер“ (1821), „Мариенбадските елегии“ (1823), „Фауст, втор дел“ (1832).
Раното творештво