Удинезе Калчо е италијански фудбалски клуб од градот Удине, кој моментално се натпреварува во Серија А.

Клубот е основан во 1896 година, под името Società Udinese di Ginnastica e Scherma. Традиционално, Удинезе настапува во црно-бели дресови, а своите домашни натпревари ги игра на Стадионот Фриули, кој е со капацитет од 30,642 места. Најголемите успеси на клубот во домашното првенство му се второто место во сезоната 1954-55, и третото место освоено во два наврати во сезоните 1997-98 и 2011-2012. Од успесите на Удинезе на меѓународната сцена можат да се издвојат освојувањето на Интертото купот во 2000 година, големиот број на учества во Купот на УЕФА, како и единственото учество во нивната историја во Лигата на шампионите во сезоната 2005-06.

Стадион Моменталниот стадион на Удинезе Фриули бил отворен во 1976 година за да го замени дотогашниот нивен дом Стадионот Морети. Во 1990 година Фриули бил домаќин на три натпревари од групата Е на Светското првенство што се играше во Италија. Исто така Фриули е и повремен домаќин на натпреварите на италијанската фудбалска репрезентација. Последен пат репрезентацијата играше на овој стадион на 10 септември 2008 против Грузија во квалификациите за светското првенство во фудбал 2010 година.

Играчи

Моментален состав (2017/2018)

Познати поранешни играчи

Италија Валерио Бертото Марко Бранка Франко Каузио Морган Де Санктис Франческо Дел'Ано Лујџи Дел Нери Антонио Ди Натале Џулијано Џаникеда Винченцо Јаквинта Паолино Пуличи Дино Ѕоф

Германија Оливер Бирхоф Карстен Јанкер

Бразил Едињо Зико Марсио Аморосо

Аргентина Роберто Нестор Сенсини Абел Балбо Даниел Бертони

Шпанија Рикардо Галего

Данска Томас Хелвег Мартин Јоргенсен

Гана Сали Мунтари Стивен Апија

Чешка Марек Јанкуловски

Чиле Давид Писаро

Белгија Јохан Валем

Перу Херонимо Барбадиљо

Освојувачи на титули Светски шампиони Франко Каузио 10px (1982) Винченцо Јаквинта 10px(2006) Шампиони на Европа Оливер Бирхоф (1996)

Рекорди

Играчи со најмногу настапи за клубот # Играч Во клубот Натпревари1 Антонио Ди Натале 2004–20164462 Валерио Бертото1993–20064043 Џампиеро Пинци 2000–2008 и 2010-20153554 Дино Галпароли 1981-19902805 Лујиџи Зорзи1936–1942 и 1949-19562806 Алсандро Калори1991-1999 2727 Северино Ферулјо1939-1946 и 1947-19522618 Нестор Сенсини1989-1993 и 2002-20062409 Паоло Поџи1994-200023310 Ренато Валенти1955-1964231

Играчи со најмногу постигнати голови за клубот # Играч Во клубот Број на голови1 Антонио Ди Натале 2004–20162272 Винченцо Јаквинта2000-2007693 Лоренцо Бетини 1954–1955 и 1957-1961674 Абел Балбо 1989-1993655 Оливер Бирхоф1995–1998626 Паоло Поџи1994-2000507 Роберто Муци1999-2003448 Џузепе Секи1955-1957409 Паоло Табанели1937-19403910 Марсио Аморосо1996-199939

Статистика и постигнувања Учества во првенства

Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно 1º Прима Дивизионе 2 1922-1923 1925-1926 43 Серија А 41 1950-1951 2013-2014 2º Секонда Дивизионе 2 1923-1924 1924-1925 23 Прима Дивизионе 2 1926-1927 1927-1928 Серија Б-Ц Алта Италија 1 1945-1946 Серија Б 18 1930-1931 1994-1995 3º Прима Дивизионе 5 1928-1929 1934-1935 24 Серија Ц 19 1935-1936 1977-1978

Титули Интертото куп (1) : 2000

Надворешни врски Официјално мрежно место на клубот