Ѓермо — село во Општина Тетово, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.
Потекло на името
Селото првпат е споменато како Гермол во век (1568-1569 година) во турски документи. Основата „герм-“ упатува на име од трачко потекло, што се врзува со нешто е жешко или врело и може да означува: врел извор, бања; место изложено на сонце, припек. Постои можност името да е добиено директно од турскиот збор „герм“ со значење жежок или „герма“ со значење жештина, или евентуално од „герме“ со значење греда, ограда или двор. Како некоја сосем различна варијанта се дава дека може да доаѓа од „ѓерме“ со значење „греда што служи како мост за премин преку јаз“.
Самите мештани не знаат какво е значењето на името на селото.
Географија и местоположба
мини|лево|300п|Поглед на селото
Ова село се наоѓа во областа Долен Полог, во северниот дел на подрачјето на Општина Тетово, под југоисточната падина на Шар Планина. Селото е планинско, на надморска височина од 1.100 метри. Од централното место Тетово, селото е оддалечено 7 километри.
До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1203 пред селото Порој.
Селото се наоѓа на падините на Шар Планина, во горниот дел на долината на Поројскиот Поток. Околу Ѓермо се наоѓаат селата Сетоле, Порој и Лавце. Водата за пиење доаѓа преку селските чешми. Во атарот на селото избиваат изворите Гумеја, Кучка Вода, Типец, Круша, Свињаре, Блатиште, Плепа и Маркоа Чешма.
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Варница, Падина, Срт, Краишта, Шулаи, Брза Вода, Планиница, Тракаљачи, Ара те Никас (Никова Нива), Бела Вода, Раван, Распила, Кучка Вода, Типец, Гарика, Голема Страна, Блатишта, Круша, Петиче, Гумења, Брекиња, Ѓури Пољакит, Ливада Епр и Стрмол.
Селото е поделено на два дела, оддалечени еден од друг околу 300 метри. Во рамки на тие делови, куќите се групирани по маала. Маалата се нарекуваат Епр (Горно), Поштр (Долно), Епартеми (Спротивно), Топојан и Аскалар. Првите три маала го носат името по местоположбата, додека останатите се наречени по родовите кои живеат во нив.
Историја
Ѓермо е старо село и порано било населено со христијанско македонско население. Околу 1770-тите години, во селото по долината на Пена започнале да се населуваат муслимански Албанци. Поради тоа, сите затечени староседелци се иселиле од селото. Од тие иселеници единствено се знае за родот Терзиини, кои живеат во соседното потпланинско село Непроштено. За останатите македонски иселеници од Ѓермо нема достапни информации.
Според турски документи од 1626-1627 година село Гермоној се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 19 македонски семејства (ханиња).
Кога селото било македонско, во него имало црква и христијански гробишта, кои биле околу црквата. Црквата се наоѓала над селото. До 1916 година, јасно се познавале ѕидовите од храмот и крстовите на некои гробови, како што забележал Апостол Трпески, учител од Тетово.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа површина од 13,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 570,8 хектари, на пасиштата отпаѓаат 546,9 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 239,3 хектари.
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во селото работат продавници.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ѓермо живееле 165 жители, сите Албанци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 210.
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Ѓермо — село во Џепчишка општина (со центар во Порој) и има 80 куќи со 480 жители Албанци.Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр. 22.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци.
Ѓермо е големо село, во коешто во 1961 година имало 753 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 991 жител, албанско население.
Пописот од 1991 година не бил воопшто одржан во селото Ѓермо, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 962 жители, од кои 960 Албанци и 2 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 569 жители, од кои 538 Албанци и 31 лице без податоци.
Родови
Денес, во Ѓермо живеат муслимански Албанци, кои се доселиле во селото на крајот на век.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се: Доселеници: Матњан (40 к.), името го добиле по областа од која се доселиле, а тоа е областа Матија во Северна Албанија. Предците на овој род се први доселеници во Ѓермо (околу 1770-тите) и го знаат следниов родослов: Ајет (жив, 90 години во 1947 г.)-Ислам-Незир-Браим-Рустем, еден од доселениците. Родот го основале четири браќа. Од старото место дошле преку Метохија и некои околни тетовски села. Имаат роднини во селото Вешала. Од нивниот род, едно семејство се преселило во низинското село Палатица и едно во Тетово; Аскалар (19 к.), доселени се од местото Хаса во Северна Албанија, по кое го добиле своето родовско име. Овде се доселени во првата половина на XIX век. Го знаат следниов родослов: Веби (жив, 47 години во 1947 г.)-Авди-Фезула-Бајрам, еден од доселените предци. Живеат во посебно маало. Две нивни семејства се иселиле во Палатица и три семејства во Тетово; Топојани (26 к.), доселени се од селото Топојани во Љума, Северна Албанија. Во Ѓермо дошле во слично време како родот Аскалар. Го знаат следниот родослов: Сабри (жив, 40 години во 1947 г.)-Мерџан-Ризван-Љатиф, еден од доселените предци. Во Ѓермо живеат во посебно маало; Вешалар (8 к.), доселени се од селото Вешала. Подалечно потекло од Северна Албанија. Дошле преку Метохија и долината на Призренска Бистрица во втората половина на век; Зрза (5 к.), името го добиле по селото од кое се доселиле. А тоа било селото Зрза, помеѓу Призрен и Ѓаковица. Подалечно потекло од Албанија. Во Ѓермо живеат од втората половина на век; Лучалар (2 к.), доселени се од некое село Луч во Северна Албанија. Во Ѓермо дошле по родот Зрза; Шеерли (2 к.), родот го основал еден оџа, кој живеел во Тетово. Подалечно потекло од Северна Албанија.
Иселеништво
Од старите православни родови иселени од селото се знае за Терзинци, иселени во Непроштено. Од Ѓермо се иселиле околу 1810-тите години и го знаат следниов родослов: Тодор (жив, 53 години во 1947 г.)-Богдан-Кочо-Гаврил. Од Ѓермо се иселил таткото на Гаврил. Од Непроштено подоцна неколку семејства од овој род се иселиле во Тетово (2 к.), Скопје (6 к.), Белград (1 к.) и Софија (1 к.).
Општествени установи
десно|300п|мини|Поглед на основното училиште
ПУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ - подрачно основно училиште за ученици од прво до петто одделение во состав на ОУ „Ѓерѓ Кастриоти Скендербег“ - Порој
Самоуправа и политика
Во век, Ѓермо било село во Тетовската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Тетово, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Џепчиште.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Тетово во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Непроштено, во која покрај селото Ѓермо, се наоѓале и селата Брезно, Варвара, Једоарце, Лешок, Непроштено, Отуње, Порој, Ратае, Сетоле, Требош и Џепчиште. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната општина Џепчиште, во која влегувале селата Ѓермо, Једоарце, Отуње, Порој, Сетоле и Џепчиште.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1999 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 754 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 743 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Цркви Во минатото во селото постоела црква со гробишта, од која ѕидовите се познавале до 1916 г.
Џамии Џамија — главна селска џамија
Личности
Починати во Ѓермо Фадил Руфати (1967-2001) — член на ОНА, убиен во воениот конфликт во 2001 г.
Галерија
Поврзано Општина Тетово Долен Полог
Наводи
Забелешки
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Тетово