Отуње — село во Општина Тетово, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.
Географија и местоположба
лево|мини|300п|Традиционална куќа во селото
Селото се наоѓа во областа Долен Полог, во североисточниот дел на територијата на Општина Тетово, чиј атар се граничи со подрачјето на Општина Теарце. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 985 метри. Од градот Тетово, селото е оддалечено 7 километри.
До селото води локален асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1203 во селото Џепчиште.
Отуње е мало село сместено на падините на Шар Планина. Околни села се Варвара и Сетоле. Во минатото, водата за пиење доаѓала од чешми во самото село (Чешма, Лаг, Чешмиче). Во атарот на селото избиваат слаби извори: Врба, Бавчиче, Поличица, Требениче, Бела Вода, Ливаѓе, Коловоз, Стојкоќоо, Подороо и Вирои.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Преку Река, Отаа, Старо Лозје (сега ниви), Варје, Рамниште, Воденичиште (тука некогаш имало стара воденица), Вирје, Раскрсница, Маркоа Млака, Милошоа Млака, ’Ртоец, Поличица, Црешњичиња, Сенокос, Шип, Длага Ливада, Аливерица, Плоча, Сина Вода, Голем Поток, Требениче, Карпа и Банија Ливада.
Селото има збиен тип. Роднинските куќи се блиску една до друга и се групирани. Такви групи куќи се Шуриновска, Јанкуловска, Петковска и Илиновска.
Историја
Отуње е старо село со зачувани староседелски родови. Во него порано постоела стара црква, која е подоцна срушена. Нов храм посветен на Алипиј Столпник бил подигнат во 1866 година, иако денес во селото постои само црквата „Св. Ѓорѓи“.
Според турски документи од 1626–1627 година село Хотујне се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 16 христијански семејства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
Во атарот на Отуње, северно од селото некогаш се наоѓале пчеларниците на Лешочкиот манастир. Селаните во тоа време биле „трмчари“ (пчелари). На местото на пчеларниците, во почетокот на XIX век се обидел да се насели некојси Асан, муслиман по потекло од Северна Албанија. За да се ослободат од несаканиот доселеник, жителите на Отуње и соседното село Варвара го убиле. Оттогаш потекнува и кумството меѓу родовите на обете села.
Селото никогаш не било големо, бидејќи за време на турската власт цело време некои родови се иселувале од него.
Стопанство
Атарот на селото зафаќа простор од 5,6 километри квадратни.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Отуње живееле 220 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.210.
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Отуње имало 240 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.122-123.
Спорец Афанасиј Селишчев во 1929 година, Отуниште било село во Теарска општина и имало 65 куќи со 480 жители, Македонци и Албанци.Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.
Селото било наполно раселено по 1991 година, кога што броело 10 жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото немало жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, од кои 2 Македонци и 1 Србин.
Родови
Во Отуње живеат православни Македонци.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се: Староседелци: Јанкуловци или Клаковци (7 к.), некогаш биле единствени жители во селото. Доселеници: Илиновци (8 к.) и Петковци (5 к.), доселени се од сега албанското село Орашко Градиште (денес наречено Долно Орашје) во клисурата на Вардар; Шурновци или Поројчанци (11 к.), доселени се од сега албанското село Порој.
Иселеништво
Целосно е изумрен родот Трпчевци, чиј родоначалник Трпче се доселил од сега албанското село Порој. Неговите потомци постепено изумреле. Трпче имал браќа во Порој, кои се иселиле во Скопје. Изумрени се и Џукевци, кои дошле од областа Љума во северна Албанија. За нив се вели дека имале многу пчели во селото.
Од родот Јанкуловци иселеници има во Скопје (две семејства), Белград (едно семејство), Софија (две семејства) и во Пловдив (четири семејства). Од родот Шурновци иселеници има во Тетово (четири семејства), Скопје (четири семејства) и Софија (две семејства). Во Лешок живее родот Пејчиновци (13 к.), кои се гранка на родот Илиновци. Старо презиме им е Цанцаловци.
Самоуправа и политика
Во XIX век, Отуње било село во Тетовската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Тетово, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Џепчиште.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Теарце во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Непроштено, во која покрај селото Отуње, се наоѓале и селата Брезно, Варвара, Ѓермо, Једоарце, Лешок, Непроштено, Порој, Ратае, Сетоле, Требош и Џепчиште. Селото припаѓало на Општина Џепчиште во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Ѓермо, Једоарце, Отуње, Порој, Сетоле и Џепчиште.
Изборно местo
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2005 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Џепчиште. Во избирачкото место се опфатени се селата Једоарце и Сетоле, како и дел од селото Џепчиште.
На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 819 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква.
Личности
Родени во или по потекло од Отуње Борис Марков (р. 1923) — македонски славист и универзитетски професор; и Христо Петрушов — македонски револуционер, четник на Никола Сарафов.
Поврзано Општина Тетово Долен Полог
Наводи
Надворешни врски
Повратниците го заживуваат Отуње — репортажа на „Утрински весник“
Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Тетово