Џепчиште () — село во Општина Тетово, во областа Долни Полог, во околината на градот Тетово и седиште на поранешната истоимена општина. Поради својата големина и бројот на жители, Џепчиште е приградска населба на градот Тетово.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Долни Полог, во северниот дел на Полошката Котлина, северозападна Македонија и е приградска населба на Тетово. Сместена е недалеку во северен правец од градот Тетово, на оддаелеченост од четири километри. Селото е рамничарско, на надморска височина од 480 метри. Атарот е мал и зазема простор од 4,5 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 342 ха, па затоа селото, во однос на земјоделието, има полјоделска функција.Митко Панов, Енциклопедија на селата во Република Македонија, стр. 312 Се наоѓа на патниот правец кој води до границата со Косово.
Историја Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 60 семејства, 2 неженети и 6 вдовици, сите христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 340
На крајот на век, селото било дел од Полошката нахија во Тетовската Каза на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, во Џепиште живееле 465 жители, од кои 80 Македонци и 385 Албанци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 210.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци и 100 Македонци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, Џепчиште има 4.051 жител и оттогаш претставува голема населба. Населението се состои од 3.934 Албанци, од кои 2.006 се од машки и 1.928 од женски пол, потоа 81 Македонец, 1 Влав и 35 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.338 жители, од кои 33 Македонци, 3.198 Албанци, 1 Турчин, 1 Влав, 2 останати и 103 лица без податоци.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:
ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————1.68019531741.660—————1—1.83519611521.95926——3—1—2.1411971812.5548————2—2.6451981943.047———1—10—3.152199174————1—4—791994753.758—————1—3.8342002813.934——1——35—4.0512021333.1981—1——21033.338
Родови Како најстар албански род во селото Џепчиште се споменува родот Скурај (61 куќа). Потекнува од Љума (во северна Албанија) во втората половина на XVIII век.Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 10 стр.
Џепчиште е мешано македонско-албанско село.
Според истражувањата од 1946 година, родови во селото се:
Македонски: Калановци или Стамевци (2 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (две семејства). Клинчарој или Илиној (2 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство). Коруновци (8 к.), староседелци. Лизгар (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Теарце; Волчеј или Мачугој (7 к.) доселени се од Раотинце, се доселил предокот Китан. Албански: Ќуповци (32 к.) и Кучуговци (28 к.) најстари албански родови, доселени се во втората половина на XVIII век, по потекло се од областа Матија во Албанија; Чип (25 к.) родот го основал Адем кој се доселил од Малесија во северна Албанија; Скуровци (61 к.) доселени се од Љума во северна Албанија, дојдени се во втората половина на XVIII век; Асаној (4 к.), Љуганџини (36 к.) и Лике или Ликовци (8 к.) доселени се од северна Албанија.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2003, 2004, 2004/1, 2005 и 2006 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.892 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Цркви мини|десно|Црквата „Св. Атнасиј“ Манастирска црква „Света Богородица“ Црква „Св. Атанасиј“ - Џепчиште Најмал етнолошки музеј на светот
Редовни настани
Личности Џеладин Мурати (р. 15 февруари 1942) - македонски педагог, унив. професор и пратеник во Собранието на Македонија Мухамед Халили (р. 21 февруари 1951) - македонски политичар и еден од главните водачи на ПДП. Шефки Идризи (р. 1959) - македонски стопанственик и стопанственик Изет Зеќири (р. 2 јануари 1942) - доктор по економски науки и пратеник во Собранието на Македонија Рене Реџепи (р. 1977) — дански готвач со повеќекратна титула „најдобар готвач на светот“ Бошко Добревски (19.10 .1950) - стопанственик од Бразил;
Култура и спорт ФК Ренова е фудбалски клуб од село Џепчиште, кој моментално настапува во првата македонска фудбалска лига.
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Тетово