Јелошник — село во Општина Теарце.
Географија и местоположба
Историја
Стопанство
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.
Денес Јелошник е раселено село. Според пописот од 2002 не се забележани жители. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Родови Јелошник било македонско село.
Според испитувањата вршени во 1947 година, родови во селото биле:
Малоќевци (16 к.), староседелци. Имаат иселеници во Глоѓи и Теарце. Поповци или Спасеновци (11 к.), староседелци. Имаат иселеници во Глоѓи, Теарце, Доброште и Русе (две семејства). Богојновци (1 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство). Чарапиновци (2 к.), староседелци. Имаат иселеници во Глоѓи, Теарце, Доброште и во Кишењево. Секуловци (2 к.) доселени се од селото Боговиње, денес албанско село. Љумљанци или Богданоќевци (9 к.) доселени се од областа Љума во северна Албанија, порано ги викале Латинци. Овде се доселиле браќата Јане и Богдан доста рано. Имаат иселеници во Глоѓи, Доброште, Теарце. А преку 30 нивни семејства живеат во Тетово, Белград, Букурешт, итн.
Општествени установи Цркви Црква „Св. Богородица“ - Јелошник - изградена во и осветена во 1872 година, врз темели на сакрален објект, веројатно од XVII век. Црква „Св. Благовештение“ - Јелошник — црква посветена на Света Богородица Црква „Вознесение Христово“ - започната во 2000 и завршена и осветена во 2018 година;
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Теарце
Категорија:Раселени села во Македонија