Фалише — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.
Географија и местоположба Селото Фалише се наоѓа во Долни Полог, 7 км источно од Тетово, на левиот брег на реката Вардар.
Историја Селото Фалише е старо село. Во средниот век (1337-1346 година), во хрисовула на Тетовскиот Манастир се споменува како Хвалише. Најстарото село се наоѓало на местото Старо Фалише, на патот за Скопје. Некои од жителите го формирале новото село, а потоа поради зулуми старото село било раселено. За време на турското ропство населбата станала чифчиска, а во 1917 година земјата нагло била распродадена на жителите.
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 30 семејства, 1 неженети и 2 вдовици, сите христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје, 1971, стр.367
Стопанство
Население
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година Фалиша — село во Желинска општина (со центар во Сараќино) и има 16 куќи и 207 жители, Македонци и Албанци.Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.23.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци и 50 Албанци.
На пописот од 2002 година, селото имало 546 жители, од кои 519 Македонци, 19 Албанци, 7 Срби и 1 останат.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 612 жители, од кои 552 Македонци, 37 Албанци, 5 Срби, 5 останати и 13 лица без податоци.
Родови
Фалише е македонско-албанско село.
Според истражувањата од 1940-тите родови во селото се:
Македонски: Коачовци (8 к.) доселени се од Кичевско. Се делат на Трпевци, Војновци и Симуновци. Родот го основале тројца браќа Трпе, Војне и Симун. Го знаат следното родословие: Петре (жив на 70 г. во 1940-тите) Зако-Трпе, еден од браќата кои се доселиле; Ванчевци (2 к.) доселени се од селото Сушица, Порече. Го знаат следното родословие: Ѓорче (жив на 40 г. во 1940-тите) Трпе-Стојан-Ване, предокот кој се доселил; Велешани (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Сараќино, подалечно потекло од Велешко. Овде се викаат и Мартиновци; Петревци (2 к.) доселени се во 1917 година од селото Старо Село, Порече; Апостоловци (1 к.) доселени се во 1924 година од селото Радиовце; Горанци или Стојчевци (3 к.) доселени се од селото Горанце кај Качаник; Урдовци (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Могилец, Порече; Петковци (4 к.) доселени се во 1928 година од селото Растеш, Порече; Стојчевци (1 к.) доселени се од селото Рогачево; Димовци (1 к.) доселени се од селото Јажинце; Ѓорчевци (1 к.) доселени се од селото Одри, подалечно потекло имаат од Битолско; Милошевци (1 к.) доселени се од селото Манастирец, Порече. Албански: Маршиновци (2 к.) доселени се од селото Горно Јеловце. Подалечно потекло од Љума.
Општествени установи мини|лево|Црквата „Св.Атанасиј“ Цркви Црква „Св. Атанасиј“ - Фалише
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1983 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 527 гласачи.
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски Фалише — Тајните на Тетово
Категорија:Села во Македонија Категорија:Тетовски села Категорија:Села во Општина Тетово