Лисец — село во Општина Тетово, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.

Скијачкиот центар Попова Шапка се наоѓа целосно во атарот на селото, како и издвоеното маало („заселок“) Расадиште.

Географија и местоположба

Ова големо село се наоѓа во областа Долен Полог, во јужниот дел на Општина Тетово, а недалеку од градот Тетово во западна насока. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.220 метри.

До селото води асфалтиран локален пат, кој се издвојува од регионалниот пат 1209, кој води до скијачкиот центар Попова Шапка.

Селото се наоѓа на стрмна шарпланинска падина, југозападно од градот Тетово. Водата за пиење се добива од извори и од чешми. Во селото се наоѓаат чешмите Крој Ѓат и Крој Вогл.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Ѓури Ѓат (Долг Камен), Гологота, Шпела (Пештера), Уј Втофт, Личени, Влак, Белток, Аре Динас (Динова Нива), Ливаде Зогит (Зогина Ливада), Ливаде Реџас, Шпела Вегра (Козја Пештера), Карпа, Ѓур Стенгул (Стрмен Камен), Кајнак Шаини, Цере, Црн Камен, Ограде, Челајца, Капиштец, Ара Идризит, Котар Стојанит (Стојанов Котар), Расадиште, Кодра Селимит, Бег Бунар, Љути Зонаве, Слива, Ошљак и Карпа.

Селото има збиен тип. Поделено е на три маала, чии имиња се Бака, Џоке и Љиља. Нивните имиња се по родовите кои живеат во нив.

Како дел од селото се смета и издвоеното маало („заселок“) Расадиште, кое се наоѓа југоисточно од селото.

Историја

Лисец е старо село. Во век, при еден помен за соседното потпланинско село Речица и описот на неговиот атар, било наведено дека на границата се наоѓа брдо наречено Краиште Лисичко. Споменатото брдо наречено по селото Лисец се граничело со Речица, кое денес се двои на Мала и Голема Речица.

Пред доселувањето на денешните муслиманско-албански родови, Лисец било православно македонско село. Албанците во Лисец започнале да доаѓаат во втората половина на век. Од тогаш започнало и иселувањето на старите македонски родови. За постоењето континуитет помеѓу Македонците и доселените Албанци се гледа по зачуваното име на селото и по некои топоними.

Кога во селото живеело православно население, во селото имало црква. Црквата се наоѓала во јужниот дел на селото и на тоа место во 1939 година било изградено училиштето. Едно маало во Лисец, кое било населено со христијански Македонци, било наречено Станоли.

мини|300п|десно|Тогашниот генерал-мајор на ЕСЗ Тигар, Стојанче Ангелов, пред изгорениот џип „Чироки“ во кое се движел, кога е вршен увид од страна на МВР.

За време на тетовскиот Абдурахман-паша во Лисец се истакнале двајца муслимански прваци: Незир-ага од денешниот род Ѓака и Реџеп од денешниот род Џоке. Споменатите Албанци подоцна дошле во судир со пашата, кој се плашел да не му го преземат пашалакот и поради што наредил да бидат убиени.

Заседа Лисец

Во текот на воениот конфликт во Македонија, на 22 мај 2001 година се случила една од најжестоките пешадиски битки. Ова е единствен случај, во кој припадниците на безбедносните сили на Македонија влегле во заседа и останале живи. Безбедносните сили биле предводени од тогашниот генерал-мајор на ЕСЗ Тигар, Стојанче Ангелов.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа површина од 13,7 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 667 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 371 хектар, а на шумите отпаѓаат 331 хектар.

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во него работат услужни и угостителски објекти.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лисец живееле 300 жители, сите Албанци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.213.

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година селото било дел од Селечка општина со центар во Шипковица и имало 100 куќи со 540 жители, сите Албанци.Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.24.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.

Лисец е големо село, без големи промени во населеноста до 2010-тите години. Така, во 1961 година броело 852 жители, од кои 836 биле Албанци, шест Македонци, четворица Турци и тројца жители Срби, а во 1994 година 814 жители, од кои 812 биле Албанци, а по еден жител Македонец и Србин.

Пописот од 1991 година не бил целосно одржан во селото Лисец, бидејќи дел од неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема целосни податоци.

Според пописот од 2002 година, во селото Лисец живееле 692 жители, сите Албанци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 384 жители, од кои 5 Македонци, 340 Албанци, 1 останат и 38 лица без податоци.

Родови

Денес, во Лисец живеат муслимански Албанци, кои се доселиле во селото во втората половина на век.Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 9 стр.

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се: Албански родови: Шаља (37 к.), најстари доселеници. Родовското име го добиле по фисот Шаља во Северна Албанија од каде се доселиле (од околината на Скадар). Имале предок Јонуз Љиља кој се иселил и дошол право во Лисец. Го знаат следниот родослов: Рефик (жив, 45 години во 1948 г.)-Скендер-Реџеп, Асан-Рамадан-Селим-Јонуз, кој се доселил. Живеат во маалото Љиља. Имаат свои роднини во селото Челопек; Баки (12 к.), имаат исто потекло како и претходниот род, но дошле триесетина години подоцна од нив. Го знаат следниов родослов: Биљал (жив, 27 години во 1948 г.)-Алил-Баки-Биљал-Абдула-Селман-Исен, кој се доселил. Основачот Исен имал прекар Пуља, бидејќи мал „како кокошка“. Со него дошле и браќата Јонуз и еден брат кој заминал во Челопек. Тие живеат во истоименото маало. Имаат иселеници во Тетово (околу 15 к., каде се наречени Маљолар) и во потпланинското село Долно Палчиште (3 к., каде се наречени Лисец); Љуц (11 к.), доселени се од Љура во Северна Албанија. Родовското име го добиле по областа од каде што дошле. Во Лисец дошле 1810-тите и го знаат следното родословие: Лиман (жив, 45 години во 1948 г.)-Зендел-Мустафа-Ајдар-Мустафа, кој се доселил. Две семејства од нив се иселиле во низинското село Озормиште; Арнор или Цили Мили (14 к.), доселени се од селото Арна во Северна Албанија, по кое го добиле и родовското име. Во Лисец дошле 1770-тите и го знаат следниот родослов: Узеир (жив, 35 години во 1948 г.)-Муниш-Осман-Хода-Зибер-Ибиб, кој се доселил. Името Цили Мили го добиле по предокот Осман, кој се карал. Уште одамна една нивна гранка се населиле во Селце над Тетово, каде се нарекуваат Лапушалар. Едно нивно семејство заминало во Мала Речица. Од селото Арна има и други иселени Албанци во македонските села; Џоке (15 к.), доселени се од Ујмиште во Северна Албанија и се меѓу првите доселеници. Го знаат следниов родослов: Шаин, кој сега живее во маалото Расадиште (жив, 50 години во 1948 г.)-Сулеман-Акик-Имер-Дервиш-Реџеп-Исен, кој се доселил. Предците на Џоке во Албанија биле христијани (најверојатно католици). Кога дошле во Лисец преминале на ислам. Но, и покрај тоа, денешните мештани на Џоке не се придржувале до сите муслимански обичаи како што кажувале другите мештани и затоа ги нарекувале бекташи. Од нив има иселеници во Расадиште (10 к.), Мала Речица (2 к.), Голема Речица (2 к.) и Тетово (2 к.). Некои нивни огранки има во Дебар и во селото Дуф и Берише (16 к.), потекнуваат од фисот Бериша во Северна Албанија. Родовското име го добиле по фисот. Предците им живееле во областа Аса Сат кај Скадар и таму биле католици. Во Лисец дошле околу 1800-тите и го знаат следниов родослов: Риза (жив, 60 години во 1948 г.)-Мустафа-Зибер-Решат-Максут, кој се доселил. Основачот на родот Максут се доселил со браќата Ферат, Шасивар и Алил. Денешните мештани потекнуваат од Максут, додека потомството на другите браќа не се зачувало. Од нив има иселеници во Тетово (4 к.), Топлица (2 к.) и Копаница (4 к.). Тие живеат во маалото Џоке. Албанизирани Словени: Торбеши (4 к.), дошле во средината на век од горанското/торбешко село Урвич. Го знаат следниот родослов: Раман (жив, 70 години во 1948 г.)-Иљаз-Асан, кој се доселил. Кога дошле во Лисец, тие говореле македонски. Наскоро го примиле албанскиот јазик. Денешните мештани го прикриваат своето торбешко потекло. Сега се искажуваат дека припаѓаат на родот Баки, бидејќи живеат во нивното маало.

Иселеништво

Се знае за следниве иселени македонски родови: Типицои, кои од Лисец се иселиле во Лавце над Тетово, а подоцна во самиот град Тетово; Мамикомадовци (4 к.), живеат во низинското село Сараќино и таму дошле 1790-тите. Го знаат следниот родослов: Ристе (жив, 73 години во 1948 г.)-Божин-Димитрија-Симун-Маринко, кој се иселил. Од нив има иселеници во Челопек и Долно Седларце по едно семејство; Лишчани или Младенои (24 к.), живеат во селото Раотинце, во подножјето на Жеден и таму дошле 1810-тите. Првин дошол основачот Младен со синовите. Го знаат следниот родослов: Јоше (жив, 53 години во 1948 г.)-Васиљко-Ристо-Петре-Младен, кој се иселил. Од нив има иселеници во Тетово (6 к.) и Скопје (3 к.). Тие имале и кумови во Лисец, кои заминале во Доброште; Пауноски (5 к.), од Лисец најпрвин заминале во Тетово, но подоцна се преместиле во Брвеница. Од нив има иселено семејство Бугарија. Тие имале кумови, кои сега живеат во Тетово; Аврамовци или Кукушовци (4 к.), сега живеат во низинското село Радиовце и таму дошле околу 1850-тите. Го знаат следниот родослов: Ѓуре (жив, 43 години во 1948 г.)-Никола-Аврам-Ристо, кој се иселил; Шкиредовци (5 к.), и тие отишле во Радиовце, во исто време како претходниот род; Златевци (3 к.), тие се едни од последните иселеници. Лисец го напуштиле 1870-тите и отишле во Долно Седларце. Го знаат следниот родослов: Тоде (жив, 19 години во 1948 г.)-Коце-Злате-Стојан, кој се иселил. За Стојан се поврзува и топонимот Котар Стојанит. Тие имале кумови, кои се иселиле во Тетово.

Во поново време има значително иселување од селото.

Општествени установи

мини|300п|десно|Поглед на основното училиште

ПУ „Дрита“ - подрачно основно училиште за ученици од прво до деветто одделение, во состав на ОУ „Истикбал“ - Тетово

Самоуправа и политика

Во век, Лисец било село во Тетовската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Тетово, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Шипковица.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Тетово во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Шипковица, во која покрај селото Лисец, се наоѓале и селата Бозовце, Бродец, Вејце, Вешала, Гајре, Селце и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Гајре, во која влегувале селата Гајре и Лисец.

Избирачко место

мини|300п|десно|Селската џамија

Во селото постои избирачкото место бр. 2083 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 761 гласач. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 759 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Цркви Во периодот додека живеело православно население, во јужниот дел на селото се наоѓало црква. На тоа место денес е основното училиште.

Џамии Џамија — главна селска џамија

Споменици Спомен-плоча за загинати партизани кај Дубровник поставена на основното училиште

Личности

Родени во или по потекло од Лисец Хиџет Рамадани (1924-1990) - македонски и југословенски правник и политичар; Сади Беџети (р. 1957) - македонски универзитетски професор, ректор на Тетовскиот универзитет и поранешен градоначалник на Општина Тетово; и