Коџаџик — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Центар Жупа. Припаѓа на областа Дебарска Жупа, сместено на југозападната падина на планината Стогово. Селото е планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 1.000 до 1.170 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 19 километри.

Низ селото поминува регионалниот пат 2249.

Историја Подрачјето на Коџаџик е населено уште од железното време, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.

Името на градот пред освојувањето на Отоманско Царство во 1448 или 1449 година тоа било Светиград. Се верува дека името Коџаџик потекнува од „Коџаџенк", што значи голема битка, бидејќи војната Меѓу Скендербег и Отоманско Царство се случила надвор од замокот.Włodzimierz, Pianka (1970). Toponomastikata na Ohridsko-Prespanskiot bazen. Institut za makedonski jazik "Krste Misirkov". s. 43. "Коџаџик е село и најбогата историја во овој крај. Тука била некогашна Турска тврдина која постоела пред крајот на I пол. од XV в. (Радониќ, Скендербег, 243). Кај Смиљаниќ (с.66) и Хаџи Васиљевиќ (Г. Дебар, 141) е запишано предание за битка меѓу Скендербег и Турците, со која е поврзана народната етимологија на селото (од "kocacenk" -Коџаџик, на Турски: голема битка)."Some sources refer to the siege occurring in 1449. Most original documents, however, only refer to it happening in 1448. See: Schmitt p. 93.

Селаните кои го прифатиле Исламот и го прифатиле турскиот идентитет за време на Отоманско Царство се уште се делумно познати како Торбеши.Türkiye'deki Balkan Muhacirleri Arasında Kaybolan Bir Topluluk: Torbeşler A Disappearing Community Among the Balkan Immigrants in Türkiye: Torbeši - Ali Dikici. T.C. Türk İşbirliği ve Koordinasyon Ajansı Başkanlığı Turkish International Cooperation and Coordination Agency. 2014.Manisa'da Yaşayan Torbeşler'in Düğün Adet ve Gelenekleri, (Basılmamış Yüksek Lisans Tezi, Ankara: Hacettepe Üniversitesi Edebiyat Fakültesi Türk Dili ve Edebiyatı Bölümü Türk Halkbilimi Anabilim Dalı, 1990)

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 12,6 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 741 хектар, на шумите отпаѓаат 213 хектари, а на обработливото земјиште само 28 хектари.

Селото, во основа, има главно сточарска функција. Во селото работат услужни објекти.

Население

Според отоманските дефтери од 1520-тите, во Кала-и Коџаџик (Коџаџик) немало муслиманско население. Сепак, муслиманското население се зголемило во следните години. Најверојатно дел од исламизацијата на Македонија под турско ропство.367 NUMARALI MUHÂSEBE-İ VİLÂYET-İ RÛM-İLİ DEFTERİ İLE 94 ve 1078 NUMARALI AVLONYA LİVÂSI TAHRÎR DEFTERLERİ (926-1520/937-1530) "Во тахрирот од 1520-1530 година: Dizdār, nefer 1 Kethudā, nefer 1 İmām, nefer 1 Merdān-ı kal‘a, neferan 28 Kurā 16 Mezra‘a 1 Hāne-i müslim 1 Mücerred-i müslim 1 Hāne-i gebrān (Христијанин) 635 Mücerred-i gebrān 67 Bīve 26 Hāsıl 47.035

Според дефтерот Тахрир, Коџаџик и неговите села во 1530 година биле

1-Kocacık kl. 2- Gorenci 3-Pariş 4-Boroşiniçe 5-Çirnibok 6-Yukarı Papranik 7-Aşağı Papranik 8-Koçişte 9-Breştani 10-Novak 11-Aşağı Elişiçe 12-Gorna Elişiçe 13-Osolniçe 14-Porovalenik 15-Vilasik 16-Tırnovnik"

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 500 домаќинства со 218 жители христијани (Македонци) и 865 жители муслимани Турци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 176-177.

На својата етничка карта на Северозападна Македонија во 1929 година, Афанасиј Селишчев го означил Коџаџик како мешано македонско-турско (муслиманско) село.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр. 26.Шаревски, Марио (2015). Географската разместеност и етнографските одлики на Македонците муслимани во Македонија. Скопје: КОВЗ, МАНУ.

Според пописот на населението во Албанија од 1942 година, во Коџаџик живееле 578 муслимански Албанци.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Коџаџик живееле 1.250 жители, сите Турци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 261.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Турци.

Иако селото е мало, има позитивен популациски биланс. Така, во 1961 година имало 110 жители, а во 1994 година 207 жители, турско население.

Според пописот од 2002 година, селото Коџаџик броело 275 жители, сите Турци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 146 жители, од кои 141 Турчин и 5 лица без податоци.

Родови

Коџаџик е турско село. Во студија спроведена врз имигранти од селата Елевци и Коџаџик во округот Саруханл во покраината Маниса, Турција било утврдено дека селата Елевци и Коџаџик биле торбешки села.

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото се: Стари родови: Ѓулчелер (2 к.), Салолар (4 к.), Топал-Скендерлер (4 к.), Коранлар (1 к.), Ѓулолар (5 к.), Шопелер (2 к.), Шемшилер-Амамџик (3 к.), Бешколар (2 к.), Струњак (1 к.), Дере-Аметлер (1 к.), Караумерлер (1 к.), Торолар (1 к.), Маторолар (13 к.), Есатлар (6 к.), Ѓалолар (3 к.), Голалар (4 к.), Садолар или Шаинлар (6 к.), Ефатлар (2 к.), Чартолар (5 к.), Сератли (3 к.), Вучелер (2 к.), Клаќелер (1 к.), Ајдин-Бајрактар (1 к.), Кумитлар (1 к.), Карафеизолар (1 к.), Голелер (3 к.), Осман-Пеливанлар (1 к.), Карадемирлер (2 к.), Туралар (1 к.), Кара-Адилар (1 к.), Пингалар (3 к.) и Пилелар (9 к.) Понови доселеници: Шкодролар (6 к.), доселени се од околината на Скадар во Албанија во 1810 година, дошол прадедото на Ајдин (жив на 83 г. во 1954 година); Шпателер (1 к.), доселени се од некое место Шпат во Албанија во 1850 година; Бургазџилер (1 к.), доселени се од Бургас во Бугарија во 1878 година; Миминовци (1 к.), доселени се од селото Брештани во 1916 година и Миртолар'' (1 к.) доселени се од селото Горно Елевци во 1936 година.

Иселеништво

Од старото македонско население кое некогаш живеело во селото има иселеници во некои дебарски села.

Од турското население има иселеници во скоро сите муслимански села во Дебарско. Потоа во Струшко (Делогожди, Корошишта), Преспа (Ресен, Дрмени). Потоа турски иселеници има во Гостивар, Охрид, Скопје и Кичево. А највеќе во Турција преку 160 семејства иселени до 1954 година, и тоа во Адапазар (најголемиот број, каде се иселени 80 семејства), Ѓераќој крај Бурса (каде се иселиле околу 50 семејства), Истанбул, Измир, Одрин, Малгара, Бурса, Муратлија крај Одрин и други.

Иселувањата на турското население од Коџаџик во Турција продолжило и после 1954 година.

Општествени установи

Основно училиште „Неџати Зекерија“, централно деветгодишно основно училиште Поранешен задружен дом

Самоуправа и политика

Кон крајот на век, Коџаџик било село во Дебарската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Коџаџик, во која влегувале селата Брештани, Долгаш, Евла, Елевци, Кочишта, Коџаџик, Новак, Осолница и Праленик. Во периодот 1950-1952 година селото исто така седиште на некогашната општина Коџаџик, која била составена од селата Брештани, Коџаџик, Кочишта, Новак, Осолница и Праленик.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0568 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 223 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 235 гласачи.

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Аџи Чорме Мемети — тумул од железно време; Ѓурумлук — средновековна некропола; Кале — старомакедонска, римска и средновековна населба; Келица — средновековна населба; и Петко — средновековна населба.

Џамии Џамија — главна селска џамија

Споменици на културата Меморијален центар „Коџаџик“ — меморијална спомен-куќа на Али Риза Ефенди, татко на Мустафа Кемал Ататурк, заштитен споменик на културата на Македонија

Личности

Родени во или по потекло од Коџаџик Али Риза Ефенди (1839–1888) — татко на Мустафа Кемал Ататурк

Галерија

Поврзано Општина Центар Жупа Дебар Дебарска Жупа Опсада на Светиград (1449)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Села во Македонија Категорија:Дебарски села Категорија:Села во Општина Центар Жупа