Коинце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.
Потекло и значење на името
Основачите на денешното село одгледувале многу стока, особено коњи. Така, по тоа и се верува дека настанало денешното име (од „Коњинце“).
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Воздушен поглед на селото
Селото се наоѓа во северниот дел на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, во ридско-планинската област Козјачија, во горното сливно подрачје на реката Пчиња, сместено од нејзината лева страна. Селото е ридско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 400 до 466 метри, а од градот Куманово е оддалечено 28 километри.
До селото води локален земјен пат, кој се двои од регионалниот пат 1207 по селото Челопек.
Коинце се наоѓа лево од реката Пчиња. Околни села се Драгоманце на југ, Врачевце на исток и Карловце на север. Водата за пиење доаѓа од неколку послаби извори и бунари.
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Коински Мост, Влашац, Стари Трла, Вранде, Карловске Падине, Карловски Мост, Дешине Зграде, Срт, Мали Дол, Река, Кула, Коловоз, Јаричиште, Средне, Баба Ленин Рид, Градачки Рид, Зивеник, Лојза, Трлиште, Селиште и Белутак.
Селото има средно разбиен тип, поделено на повеќе издвоени маала. Главно е маалото Село, каде се наоѓало и училиштето, а другите маала се Пржинско, Ибишовско, Лингурско, Карадачко и Бошковско.
Историја
Во Коинце има остатоци од разни историски периоди. На месноста Селиште покрај маалото Село, денешните мештани наоѓале темели на некогашни куќи и парчиња керамика. Селиште зафаќа голема површина помеѓу Јарчишта и Преод.
Мештаните на старото село имале голема црква, што според некои записи таа била изградена во 1599 година, а живописот бил од 1619 година. Тогаш се викала Свети Никола. Пред Втората светска војна, поточно во 1938 година била подигната денешната помала црква посветена на Свети Ѓорѓи. Околу црквата се наоѓаат гробиштата.
Денешното село нема врска со споменатото старо село. На почетокот на век, селото го основале три доселени српски домаќинства — Мариќевци, Кајиќевци и Паниќевци. Дошле на пусто место од некое село во Моравска Србија Сличен случај било и со соседното Драгоманце. По првите доселеници никој веќе не се доселувал, туку селото растело со природниот прираст.
На месноста Кула, која повеќе се наоѓа кон Челопек, се наоѓал рудник за злато. Низ селото поминувал дел од патот Кратово-Врање, поради што една месност се нарекува Кратовска Путинка.
До 1912 година, околу устието на Бистрица во Пчиња, а недалеку од Коинце, постоела мала населба Орваница. Тоа било чифлиг, чии сопственици биле албанските браќа Асан, Шабан и Ајвас. Тие дошле од селото Муталово на средината на век и го основале чифлигот. Во чифлигот освен трите албански домаќинства, живееле и ромски семејства — Гурбети (муслимани) и Ѓорговци (православни), кои работеле на чифлигот. Во него работеле и некои Македонци од околните села. Албанците имале и ан и своја кула. По ослободувањето од турската власт, Албанците отишле во Куманово и само Асан го задржал својот дел од земјата. Од 1944 година, таму се наоѓаат стопански згради на земјоделскиот комбинат „Куманово“.
Стопанство
Атарот на селото е мал и зафаќа простор од 5,5 км2. На него преовладуваат обработливите површини на површина од 325 хектари, на пасиштата отпаѓаат 168 хектари, а на шумите само 5 хектари.
Селото, во основа, има полјоделска функција.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Коинце живееле 180 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 216.
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Коинце имало 200 жители, сите Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 128-129.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.
Коинце е мало село, коешто во 1961 година имало 266 жители, од кои 258 биле Македонци и осум жители Срби, а во 1994 година 86 жители, од кои 73 биле Македонци, четворица Срби и девет жители останати.
Според пописот од 2002 година, селото броело 70 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 56 жители, од кои 49 Македонци, 1 Србин и 6 лица без податоци.
Родови
Коинце е македонско село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски од 1970 година, родови во селото се: Доселеници: Стошинци (16 к.), Лингурци (4 к.) и Дешини (2 к.), потекнуваат од ист предок, кој бил еден од основачите на селото. Старото заедничко име им било Мариќевци. Го знаат следното родословие: Трајан (жив, 65 години во 1970 г.)-Карафил-Стефан-Станко, за понатамошните предци не знаат како се викале; Ибишовци (4 к.), Карадаци (3 к.) и Бошковци (2 к.), потекнуваат од еден од основачите на селото. Старо заедничко име им било Паниќевци; и Пржинци (4 к.), потекнуваат од третиот предок, исто така еден од основачите на селото. Старо име им било Кајиќевци.
Иселеништво
Постари иселеници од селото се: Миљинци иселени се во Пелинце и Долинци иселени во селото Облавце.
По Втората светска војна иселување имало кон Куманово (преку 15 семејства), Скопје (преку 3 семејства) и во Глогоњ кај Панчево (околу 5 семејства).
Општествени установи
Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
На крајот од XIX век, Коинце било село во Кумановската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Куманово, додека во периодот 1955-1965 било во некогашната општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Жегљане, во која покрај селото Коинце се наоѓале и селата Враготурце, Врачевце, Драгоманце, Жегљане, Карловце, Кокино, Малотино, М’гленце, Пелинце, Пузаљка и Степанце. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Жегљане, во која влегувале селата Жегљане, Карловце, Кокино, Коинце и Степанце
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1175 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Поглед на црквата
Археолошки наоѓалишта Селиште — средновековна населба; и Студено Кладенче — некропола од римското време.
Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква. Во средновековниот период го носела името Свети Никола.
Личности
Родени во или по потекло од Коинце Драга Сарева Илиевска — учесник во НОВ на Македонија; и Нушка Јованова — учесник во НОВ на Македонија.
Наводи
Поврзано Козјачија Општина Старо Нагоричане Куманово
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Кумановски села Категорија:Села во Општина Старо Нагоричане