Јабланица — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.
Потекло на името
Името на селото првпат е споменато како „Јабланица“ во 1342 година. За името постојат повеќе варијанти од каде потекнува:
Суптантивизирана придавка (со првично значење „вода покрај која расте јаблан“) од исчезнатиот збор „јаблан“ и наставката -ица; Образување со наставката -ица од апелативната основа „јаблан“ (вид шумско дрво), кое најпрво се однесувало на Јабланичка Река, а потоа преминало на планината и на селото; и Од исчезнатото хидронимиско име Јабланина од апелативот јаблан + -ица.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Поглед на дел од селото
Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на источните огранки на планината Јабланица, чиј атар високо се издига на планината. Селото може да се смета како планинско, на надморска височина од 840 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 25 километри.
Селото Јабланица се наоѓа во областа Дебарски (Долни) Дримкол, на 25 километри северозападно од градот Струга и 37 километри јужно од Дебар.
Претежно се наоѓа на една пространа планинска тераса на левата страна на Јабланичка Река, во помал дел и на нејзината десна страна.
Селото има седум маали: Дејкоска, Горна, Шајноа, Гроф, Топлец, Бојкоо и Ломница. Маалите се раштркани и поради тоа селото е од разбиен тип. Помеѓу првите и три главни маала се наоѓа Збориште.
Историја
Името на селото Јабланица првпат се споменува во периодот од 1342-1345 година во Душановата повелба за манастирот „Св. Богородица Перивлепта“ од Охрид. Селото во минатото имало чести напади од албанските племиња Геги и Тоски. На десната страна од Јабланичката Река има месност викана Велјаре, каде има гробови за кои се смета дека се од загинатите од качачките напади.Debarski Drimkol -Milenko S Filipović: Skoplje : Štamparija "Južna Srbija", 1939; На врвот Топлец има остатоци од муслимански гробови за кои се смета дека се торбешки, чии жители биле приморани да се раселат поради качачките напади и присилната албанизација.Јован Цвијић -Основе за географију и геологију Македоније и Старе Србије I-III, 1906—1911;
Во век, Јабланица било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 39 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.925 хектари, на пасиштата отпаѓаат 1.548 хектари, а на обработливото земјиште само 312 хектари.
Селото, во основа, има мешовита функција.
Население
мини|десно|Народната носија од Јабланица е типична носија од Дебарски Дримкол
Според податоците од 1873 година, селото имало 120 домаќинства и 366 жители мажи, од кои 18 Македонци муслимани и 348 Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Јабланица имало 960 жители, сите Македонци (850 православни и 110 муслимани).Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 261. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јабланица имало 992 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.150 Македонци.
Во 1961 година, Јабланица претставувало големо село со 1.488 жители, речиси целосно македонско население, додека во 1994 година тоа преминало во средно село по големина со 741 жител, од кои 736 Македонци и 5 жители Турци.
Според попис од 2002 година, во селото Јабланица живееле 553 жители, од кои 545 Македонци, 1 Србин и 7 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 308 жители, од кои 266 Македонци, 1 Турчин и 41 лице без податоци.
Родови
Јабланица е македонско-торбешко село.
Родови во селото се:
Македонски родови: Староседелци: Бизимовци (11 к.), Батковци (4 к.), Ѓеровци (9 к.), Симиџијовци (5 к.), Бандовци (3 к.), Менкиновци (6 к.), Буклијовци (4 к.), Цоклевци (4 к.), Лазаревци (2 к.), Шиниковци (5 к.), Чулупановци (3 к.), Палиовци или Поповци (5 к.), Ѓергевци (4 к.) и Пејчиновци (6 к.), родовите Бандовци, Менкиновци, Буклијовци, Цоклевци и Лазаревци се гранка од родот Симиџијовци; Доселеници: Косковци (1 к.), Белковци (4 к.), Долинци (2 к.), Аџијовци (8 к.), Кочовци (4 к.), Шикулевци (4 к.) и Петровци (4 к.), сите се доселени од селото Мартинеши (во Албанија), близу до реката Мат; Домазетовци (5 к.), доселени се од Мартинеши или Стеблево (во Албанија); Велоклењовци (6 к.), Топузовци (2 к.), Будиновци (3 к.), Марковци или Терзијовци (3 к.) и Цаповци (1 к.), доселени се од селото Клење, Голо Брдо; Лекици (15 к.), доселени се од некое место Леки-Лекаит кај Скадар (северна Албанија); Апостоловци или Постоловци (3 к.), доселени се однекаде; Алачковци или Кајшовци (2 к.), потекнуваат од предок кој дошол како домазет од селото Брчево; Пентелешовци (4 к.), доселени се од некое место кај Солун (Егејска Македонија); Цоклевци (3 к.), вистинските Цоклевци се гранка од родот Симиџијовци, но овие Цоклевци потекнуваат од предок кој бил посинет од Солунско и Тримовци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Нерези. Торбешки родови: Садиковци (3 к.), Ајдовци (1 к.), Шабовци (2 к.), Адемовци (2 к.), Јусковци (2 к.), Демировци (4 к.), Јашаровци (5 к.) и Асковци или Асокленовци или Асовци (6 к.), стари родови се во селото. Шабовци, Адемовци и Јусковци се гранки од православниот род Домазетовци. Демировци и Јашаровци се гранки од православниот род Пејчиновци. Последниот род е доселен од селото Себишта, Голо Брдо.
Општествени установи
мини|300п|десно|Поглед на основното училиште
Поранешна полициска станица Основно училиште „Гоце Делчев“ — централно основно училиште до IX одделение
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дримкол, во која покрај селото Јабланица, се наоѓале и селата Безово, Лакаица, Луково, Нерези и Пискупштина. Во периодот 1950-1952 година, селото Јабланица било дел од некогашната општина Бороец, во која влегувале селата Бороец, Јабланица и Лакаица.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1890 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Јабланица, каде влегуваат селата Јабланица и Лакаица.
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 579 гласачи. На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 570 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Главната селска црква „Св. Илија“
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Кале — утврдување од римско време.
Цркви Црква „Св. Пророк Илија“ — изградена во 1896 година. Преосветена во 1996 година. Нема фрескоживопис; Црква „Св. Богородица Пречиста“ — изградена во 1976 година, а осветена во 1978 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Ангелариј. Нема фрескоживопис. Иконите се од 1843 година, изработени од Дичо Зограф и од други зографи, што потврдува дека имало постар објект— Црква „Св. Мина, Виктор и Викентиј“ — изградена во 1975 година, а осветена на 24 ноември 2001 година. Нема фрескоживопис. Иконите на иконостасот се од 1826 година, што потврдува дека имало постар објект; Црква „Св. Преполовение“ — камен-темелник е осветен и поставен на 17 јуни 2003 година; Црква „Св. Илија“ — манастирска црква, изградена во 1954 година. Во тек се подготовки за негово осветување; Црква „Св. Петка“ — параклис изграден во 2002 година; Црква „Св. Никола“ — параклис изграден во 1996 година; Црква „Св. Петка Римска“ — параклис изграден во 1994 година; и Црква „Св. Недела“ — параклис изграден во 1997 година.
Џамии Џамија — главна селска џамија
Реки Јабланичка Река — притока на Црн Дрим
Споменици Спомен-плоча од НОБ на сретсело
Личности
Родени во Јабланица Богдан Алексиев — член на Македонско-одринските доброволни чети;„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 16, 18. Глигор Алексов — член на Македонско-одринските доброволни чети;„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 18. Наум Пејчинов — македонски револуционер, деец на ВМРО;Исторически албум на град Струга, София, 1930, стр. 38.Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 95. Димитар Домазетов (1865-1903) — деец на ВМРО; Цветко Стојанов (1872-?) — македонски револуционер; Милан Ѓурчинов (р. 1928) — есеист, критичар, книжевен историчар и теоретичар; Добри Ставрески (1933-1994) — македонски пејач; Александар Ѓурчинов (1934-2015) — филмски режисер и сценарист; Петко Домазетовски (р. 1935) — македонски поет, раскажувач и фолклорист; Витомир Долински (р. 1961) — македонски новинар, поет и публицист; Елизабета Пејчиноска — австриска и американска глумица и продуцентка.Elisabetha Pejcinoska
Галерија
Наводи
Поврзано Дримкол Општина Струга Струга
Надворешни врски
Мојата Јабланица
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струшки села Категорија:Села во Општина Струга