Луково — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.
До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, а служи како главно село за останатите села во околината.
Географија и местоположба
лево|300п|мини|Поглед на Долното Маало на Луково
Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северозападниот дел на територијата на Општина Струга, во северозападниот дел на Струшкото Поле, од левата страна на заезерената долина на Црн Дрим. Селото е планинско, во кое што некои куќи се издигаат дури на надморска височина од 1.000 метри. Од градот Струга е оддалечено 26 километри.
Селото Луково се наоѓа во областа Долни Дримкол, на источните падини на планината Рујница, која е северна огранка на Јабланица. Се состои од две маала: Горно и Долно. Селото е оддалечено 26 километри северно од Струга и 28 километри јужно од Дебар.
Историја
Во век, Луково било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
десно|300п|мини|Погон во селото
Атарот зафаќа простор од 13,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 861 хектар, на пасиштата отпаѓаат 217 хектари, а на обработливото земјиште само 163 хектари.
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.
Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 100 домаќинства и 292 жители мажи.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Луково имало 890 жители.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 253. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Луково имало 816 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.
Од Луково, речиси, половина од населението се иселило. Така, селото во 1961 година броело 990 жители, од кои 961 биле Македонци, 19 Срби, двајца Хрвати, а осум жители Црногорци, а во 1994 година 511 жители, од кои 504 биле Македонци, а пет жители Роми.
Според пописот од 2002 година, во селото Луково живееле 447 жители, од кои 444 Македонци, 1 Србин и 2 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 268 жители, од кои 249 Македонци, 1 останат и 18 лица без податоци.
Родови
Луково е македонско село.
Според истражувањата од 1935 година родови во селото се:
Староседелци: Петановци (2 к.), Мурџовци (15 к.), Петлевци (1 к.), Милевци (7 к.), Коловци (13 к.), Маџовци (2 к.), Пеповци (1 к.), Баловци (6 к.), Велковци (2 к.), Шуминовци или Марковци (9 к.) и Марковци (1 к.) Доселеници: Богдановци или Капешовци (13 к.) и Лескаровци (6 к.) потекнуваат од ист предок, доселени се од околината на Нови Пазар во Србија (Санџак), го знаат следното родословие: Аврам (жив на 60 г. во 1935 год) Сиљан-Ристо-Косто, предокот што најверојатно се доселил во селото; Ѓурѓиновци (1 к.) доселени се од местото Лузнија во Албанија, каде повеќе нема христијани; Видиќевци (6 к.) доселени се од околината на Призрен во Косово и Метохија; Ѓоневци (7 к.) доселени се од некое од селата Горна или Долна Ѓоновица; Јанчевци (6 к.), Бојовци (1 к.) и Бојковци (1 к.) потекнуваат од ист предок, и доселени се од мијачкото село Јанче пред околу 270 години; Јовчевци (10 к.), Мојсовци (4 к.), Ќосинци (1 к.), Стрезовци (6 к.) и Шапардановци (1 к.) сите потекнуваат од ист предок, и доселени се од околината на Скадар во Албанија, од старото место се растуриле осум (8) браќа, во Луково се доселил прадедото на Наум (жив на 96 г. во 1935 година); Ложановци (2 к.) доселени се од селото Ложани; Допчевци (2 к.) доселени се од селото Клење во Голо Брдо; Новак (1 к.) дошол во 1915 година како домазет од селото Дренок, таму припаѓал на родот Трајановци; Вело (1 к.) дошол Вело како домазет во 1918 година од селото Себишта во Голо Брдо; Милош (1 к.) доселен е под името Мустафа од селото Требишта во Голо Брдо, но кога дошол во Луково се прекрстил.
Општествени установи
десно|300п|мини|Основното училиште во селото
Основно училиште „Св. Кирил и Методиј“, подрачно училиште на ОУ „Гоце Делчев“ - Јабланица, припоено кон него во 2004 година Пошта (6337) Амбуланта Полициска канцеларија „Луково“
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Луково.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било седиште на тогашната општина Луково.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дримкол, во која покрај селото Луково, се наоѓале и селата Безово, Јабланица, Лакаица, Нерези и Пискупштина. Во периодот 1950-1952 година, селото Луково било дел од некогашната општина Нерези, во која влегувале селата Луково, Нерези и Пискупштина.
Избирачко место
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1887, кое според Државната изборна комисија е сместено во основното училиште во Луково. Во избирачкото место е опфатено и селото Глобочица.
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 345 гласачи. На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 343 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Гробјанската црква „Св. Атанасиј“
Археолошки наоѓалиштаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Латинска Црква — средновековна црква и некропола; и Орео — населба од бронзеното, железното и римското време.
Цркви Црква „Св. Атанасиј“ — се наоѓа во Долно Маало и потекнува од век; Црква „Св. Ѓорѓи“ — се наоѓа во Долно Маало и потекнува од / век; Црква „Св. Варвара“ — се наоѓа во Горно Маало и потекнува од век; Црква „Св. Кузман и Дамјан“ — се наоѓа во Горно Маало и потекнува од век; и Црква „Св. Лука“ — се наоѓа во Горно Маало и е најнова од сите селски цркви.
Реки Луковичка Река — поминува низ селото, притока на Црн Дрим
Луково како тема во уметноста „Луковските моми покрај река седат“ — македонска народна песна.Блаже Тренески, Стојна ситноода. Скопје: Студентски збор, 1981, стр. 39.
Редовни настани
Ѓурѓовден — селска слава Голема Богородица — селска слава Долнодримколски илинденски средби — манифестација
Личности
Родени во Луково Иван Луковски — градител, мајстор Рајко Јовчевски (р. 1937) — македонски писател за деца и преведувач
Починати во Луково Марко Павлов — револуционер
Галерија
Наводи
Поврзано Дримкол Општина Струга Струга
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струшки села Категорија:Села во Општина Струга