мини|Голем Фелдберг - највисока планина на Таунус мини|Местоположба на Таунус во рамките на Германија Таунус () — низок планински венец во покраината Хесен, Германија што претставува дел од Рајнските Шкрилни Планини. Опкружен е со речните долини на Рајна, Мајна и Лана. Од другата страна на Рајна, планините продолжуваат во ниската верига Хунсрик. Самите планини се протегаат во окрузите Горен Таунус, Мајна-Таунус, Рајнгау-Таунус, Лимбург-Вајлбург, и Рајна-Лана.

Највисок врв е Голем Фелдберг (Großer Feldberg) со 878 м. По него следи Мал Фелдберг (Kleiner Feldberg) и Алткениг, каде има остатоци од ридско утврдување (градиште) од доцното железно време (~ 400 п.н.е.) близу врвот.

Во римско време, преку планината се протегала границата на царството. Денес во Залбург има обновена римска тврдина со музеј. Со падот на римскиот лимес во 259/260 г., местото го населиле Алеманите, за што сведочат алеманските гробишта на јужните падини. Со Битката кај Толбијак (496), подрачјето потпаднало под власта на Франките.

Највисоки планини Голем Фелдберг (878 м), Горен Таунус Мал Фелдберг (825 м), Горен Таунус Алткениг (798 м), Горен Таунус Вајлсберг (701 м), Горен Таунус Гласкопф (685 м), Горен Таунус Пфердскопф (663 м), Горен Таунус Колбенберг (684 м), Горен Таунус Клингенкопф (683 м), Горен Таунус Зенгелберг (665 м), Горен Таунус Пфердскопф (663 м), Горен Таунус Вајсеберг (660 м), Горен Таунус Фаулеберг (633 м), Горен Таунус Голем Ајхвалд (633 м), Горен Таунус Роскопф (632 м), Горен Таунус Калте Херберге (619 м), Рајнгау-Таунус Горен Вурцел (618 м), Рајнгау-Таунус Горен Канцел (592 м), Рајнгау-Таунус Ербахер Копф (580 м), Рајнгау-Таунус Штајнкопф (570 м), Горен Таунус Кубет (526 м), Лимбург-Вајлбург Штајнкопф (518 м), Ветерау

Галерија

Надворешни врски

Категорија:Планински венци во Германија Категорија:Рајнска област-Пфалц Категорија:Региони во Рајнската област-Пфалц Категорија:Региони во Хесен Категорија:Рајнска област Категорија:Планински венци во Рајнската област-Пфалц Категорија:Планински венци во Хесен