Пискупштина — село во областа Дримкол, во Општина Струга, на патот помеѓу градовите Струга и Дебар.
Географија и местоположба
лево|300п|мини|Куќи во селото
Селото се наоѓа во областа Дримкол, во северниот дел на територијата на Општина Струга, во северозападниот дел на Струшкото Поле. Селото е планинско, на надморска височина од 960 метри. Од градот Струга е оддалечено 22 километри.
Селото е вовлечено во долината на Пискупска Река и куќите се наоѓаат на обата брега на реката. Пискупштина е поделено на две маала: Груовско на левиот брег и Ѓеровско на десниот брег од реката.
Селото се наоѓа во областа Дебарски Дримкол, во североисточните падини на планината Јабланица. Оддалечено е 32 километри јужно од Дебар.
Историја Подрачјето на Пискупштина е населено уште од средниот век, за што сведочи наоѓалиштето Кале во атарот на селото.
Во век, Пискупштина било село во рамките на Дебарската Каза на Отоманското Царство.
Селото го основале односно го обновиле доселеници од Голо Брдо. По кажување на денешните жители, денешното село било напуштено, поради што луѓе од Голо Брдо дошле и го заземеле земјиштето. Кажуваат дека порано селото се наоѓало на месноста Старо Село, над Ѓеровското Маало, а некогаш постоеле куќи и на месноста Шелишници.
Стопанство
десно|мини|Стог со сено во селото
Атарот зафаќа простор од 5,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 348 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 139 хектари.
Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.
Кај селото се откриени резерви од јаглен од околу 3,5 милиони тони и тој се експлоатира.
Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 30 домаќинства и 94 жители мажи.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Пискупштина имало 165 жители.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 261. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пискупштина имало 176 жители.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 184-185.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.
Селото е мало, населено со македонско население. Во 1961 година, селото броело 249, а во 1994 година 256 жители.
Според пописот од 2002 година, во селото Пискупштина живееле 182 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 145 жители, од кои 135 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 8 лица без податоци.
Родови
Во селото постојат следниве родови: Ѓеровци (6 к.), побегнале од Стеблево поради Турците, кога дошол Петре пред 150 години; Груовци (3 к.), со гранка Бежановци (2 к.), дошол Живко од Стеблево, а потекнуваат од Подгорица во Црна Гора, викаат дека и Домазетовци во Јабланица се нивна гранка; Ѓутевци (1 к.), исто така од Стеблево, од каде дошол Дуко, а потекнуваат од Херцеговина; Кленковиќ (1 к.), потекнуваат од Клења во Голо Брдо; Анѓелковци (4 к.), исто така од Стеблево; Цацановци (2 к.); Дукиќи (3 к.); Бешковци (2 к.).
Општествени установи
десно|300п|мини|Општествен објект во селото
Основно училиште „Гоце Делчев“, подрачно училиште на ОУ „Гоце Делчев“ - Јабланица
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Луково.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било дел од тогашната општина Луково.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Дримкол, во која покрај селото Пискупштина, се наоѓале и селата Безово, Јабланица, Лакаица, Луково и Нерези. Во периодот 1950-1952 година, селото Пискупштина било дел од некогашната општина Нерези, во која влегувале селата Луково, Нерези и Пискупштина.
Избирачко место
Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 1891, кое според Државната изборна комисија е сместено во основното училиште.
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 203 гласачи. На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 197 гласачи.
Културни и природни знаменитости
мини|десно|Главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта Кале — населба од средниот век
Цркви Црква „Св. Никола“ — главна селска црква Црква „Св. Јован Претеча“ — помала црква надвор од селото
Реки Пискупска Река — поминува низ селото, притока на Црн Дрим
Редовни настани
Свети Никола Летен — главна селска слава Преображение — селска слава
Галерија
Наводи
Поврзано Дримкол Општина Струга Струга
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струшки села Категорија:Села во Општина Струга