Диселдорф (германски: Düsseldorf) — главен град на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија и е центар на метрополитенскиот регион Рајна-Рур.

Диселдорф е важен меѓународен бизнис и финансиски центар и е познат по својата мода и саеми. Се наоѓа централно во рамките на европскиот мегалополис, градот е седиште на Форчн Глобал 500 и неколку берзански компании. Саемот во Диселдорф организира речиси една петтина од сите светски главни саеми.

Културно, Диселдорф е познат по својата академија за ликовни уметности (Kunstakademie Düsseldorf, e.g. Јозеф Бојс, Август Маке, Герхард Рихтер, Зигмар Полке и Андреас Гурски), неговото влијание врз почетокот на електронската музика (Kraftwerk) и неговото голема јапонска заедница. Како град на реката Рајна, Диселдорф е упориште на прославите за Рајнскиот карневал. Секоја година во јули повеќе од 4,5 милиони луѓе го посетуваат најголемиот градски панаѓур на Рајна2010 survey by Jones Lang LaSalle .

Како седми најнаселен град во Германија во градските граници и урбаното население од 1,5 милиони луѓе1,525,029 inhabitants for the Düsseldorf Larger Urban Zone, Диселдорф е еден од петте глобални градови во земјата. Според листите на градови со највисок квалитет на живот Диселдорф е рангиран на шестото место во светот и на првото во Германија..

Географија Физичка географија

thumb|Шеталиште долж Рајна

Диселдорф се наоѓа во центарот на сливот на Долна Рајна, на делтата, каде што Дисел се влева во реката Рајна. Градот се наоѓа на источната страна на Рајна, освен округот 4 (Оберкасел, Нидеркасел, Херт и Лерик). Преку Рајна, градот Нојс бил изграден на делтата на реката Ерфт. Диселдорф се наоѓа југозападно од урбаното подрачје Рур, а е во средината на метрополитенскиот регион Рајна-Рур.

Диселдорф е изграден во целост на речен нанос, кал, песок, глина и понекаде и чакал. Највисоката точка на Диселдорф е на врвот на Сандберг во далечниот источен дел на градот (околија Хубелрат) на 165 метри. Најниската точка е во далечниот северен дел на градот во околијата Витлаер, каде што Шварцбах (Црн поток) влегува во Рајна, со просечна надморска височина од 28 метри.

Соседни градови и окрузи

Следниве окрузи и градови се граничат со Диселдорф (со стрелките на часовникот почнувајќи од север): Град Дисбург, Округ Метман (Ратинген, Метман, Еркрат, Хилден, Лангенфелд и Монхајм) и Округ Нојс (Дормаген, Нојс, и Мербуш).

Клима

Како и остатокот на долната Рајнска Област, Диселдорф има благи зими и умерено топли лета, со просечна годишна температура од 10,5 °C и просечна количина на врнежи од . Доминантната насока на ветрот е од југ или југоисток со брзина во опсега од 3 до 4 m/s (7–9 mph), со налети од 3,5-4,8 m/s (8–10.7 mph). Ветрот е мирен (дефиниран како под 2 m/s или 4,5 mph) околу 35% од времето, почесто ноќе и во зимаKlimaatlas - NRW (1989): Der Minister für Umwelt, Raumordnung und Landwirtschaft des Landes Nordrhein-Westfalens, Düsseldorf..

Историја

Кога Римското Царство ја зајакнувало својата позиција низ Европа, неколку германски племиња ја држеле мочуришната територија надвор од источните брегови на реката Рајна.Weidenhaupt, Hugo: Kleine Geschichte der Stadt Düsseldorf, Triltsch-Verlag, Düsseldorf 1979, ISBN 3-7998-0000-X, (only in German)

Во 7 и 8 век, чудна земјоделска или рибарска населба може да се најде на местото, каде што малата река Дисел се влева во Рајна. Таа била од тие населби, од кои градот Диселдорф се зголемил.

thumb|left|Диселдорф во 1647 Првото пишано спомнување на градот Диселдорф датира од 1135 година (тогаш се нарекува Диселдорп во локалниот Долно-рајнски дијалект). Било кажано дека под царот Фридрих Барбароса малиот град Кајзерсверт, кој се наоѓа северно од Диселдорф, станува добро утврдена истурена позиција, каде што војници чувале будно око на секое движење на Рајна. Кајзерсверт, на крајот, станува предградие на Диселдорф во 1929 година.

Во 1186 година, Диселдорф паѓа под власта на Берг. Главатарите на Берг го преселиле нивното седиште во градот во 1386 година. 14 август 1288 е еден од најважните датуми во историјата на Диселдорф, бидејќи на овој ден му биле доделени Градски привилегии на селото на бреговите на Дисел од страна на суверенот Гроф Адолф Петти на Берг.

Пред тоа објавување, се случула крвава борба за власт помеѓу Келнскиот архиепископ и грофот на Берг, кулминирајќи во Битката на Воринген. Архиепископските келнски сили биле збришани од силите на грофот од Берг, кој бил поддржан од граѓаните и земјоделците на Келн и Диселдорф, отворајќи го патот за добивање на статусот град на Диселдорф, што и денес се памети преку споменикот на Бургплац. Всушност, обичајот на вртење на караван колички се припишува на децата од Диселдорф. Постојат варијации на потеклотоhttp://de.wikipedia.org/wiki/Düsseldorfer_Radschläger на вртечките деца, нот најпозната е приказната. Денес симболот (Der Radschläger) ја претставува приказната и секоја година граѓаните на Диселдорф имаат прослави со одржување на натпревар во вртење.

thumb|upright|Историската градска куќа на Диселдорф во стариот град. thumb|upright|Покраинскиот парламент, виден од врвот на Кулата Рајн. По оваа битка односот помеѓу двата града се влошил, бидејќи тие биле трговски конкуренти. Често се велело, дека помеѓу граѓаните на Келн и Диселдорф постои еден вид на непријателство. Денес, тоа се наоѓа повеќе во хумористична форма (особено во текот на Рајнскиот карневал) и во спортот.

Пазарниот плоштад се појавува на бреговите на Рајна и плоштадот бил заштитен од градските ѕидини од сите четири страни. Во 1380, Диселдорф станал регионален главен град на Војводството Берг. За време на следните векови неколку познати знаменитости биле изградени, вклучувајќи ја и колегиумската црква на Св. Ламберт. Во 1609, војводската линија на Обединети војводста на Јулиј-Клеве-Берг изумрела и после смртоносните борби околу наследувањето, Јулиј и Берг паднале под власта на Вителсбахов гроф на Пфалц-Нојбург, кој го направил Диселдорф неговото главно живеалиште, дури и откако го наследил изборното кнежевство Пфалц, во 1685, со што станал Кнез-изборник на избирачите во Пфалц.

Растот на Диселдорф бил уште повеќе импресивен под водството на Јохан Вилхелм Втори (1690-1716) во 18-от век, исто така познат на неговите луѓе како Јан Велем. Значително под влијание на неговата жена Ана Марија Луиза де Медичи, вљубена во уметноста дизајнирал важна уметничка галерија со огромен избор на слики и скулптури, кои биле сместени во Штатшлос (градскиот замок).

По смртта на Јан Велем (кој немал деца), успешниот кралски главен град повторно западнал во тешки времиња, особено откако изборниот кнез Карл IV Теодор ја наследил Баварија и го преселил изборниот суд во Минхен. Со него тој ја земал и уметничката збирка, која станала дел од она што е сега Стара пинакотека во Минхен. Уништување и сиромаштија го погодила Диселдорф по Наполеоновите војни. Наполеон го направил Берг големо војводство, а Диселдорф негов главен град. Ј. Х. К. Деваран, водач на отпорот во Золинген на наполеоновите регрутации, бил погубен тука во 1813 година. По поразот на Наполеон, целата Рајнска Област, вклучувајќи го и Берг била дадена на Кралството Прусија во 1815. Парламентот на Рајнската Покраина бил основан подоцна во Диселдорф.

До средината на 19-от век, Диселдорф дожижува преродба благодарение на Индустриската револуција, поради што градот имаше 100.000 жители во 1882, а во 1892 година тоа двојно се зголемило.

Во 1920, Диселдорф станал центар на Генералниот штрајк. На 15 април 1920 година, 45 делегати на Германскиот рударски синдикат биле убиени од страна на Слободниот корпус (Фрајкорите).The German Revolution 1917-1923, by Pierre Broué, Ian H. Birchall, Brian Pearce, p278

Тој бил цел на стратешкото бомбардирање во текот на Втората светска војна, особено во текот на РАФ воздушен поход против индустријата во Рур во 1943 година, кога преку 700 бомбардери биле користени во текот на една ноќ. Нападите продолжиле до доцна во војната. Како дел од походот против германските нафтени објекти, РАФ нападот на 20/21 февруари 1945 на рафинеријата Ренанија Осаг во округот Рајсхолц во Диселдорф го прекинало производството на нафта таму.

Во 1946, Диселдорф станал главен град на новата сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија. Реконструкцијата на градот продолжила во жешко темпо и Диселдорф доживеал економска трансформација, растејќи во богат град на трговијата, администрацијата и услугите, по кои е познат и денес.

Демографија

17% од населението на Диселдорф се странци: вкупно 101,481 луѓе. Најголемите етнички малцински групи се Турците, Грците и Италијанците.

Диселдорф ја има третата по големина еврејска заедница во Германија, со околу 7.600 членови: повеќе од 1% од градското население.

Диселдорф и неговата околина ја имаат и третата најголема јапонска заедница во Европа и најголемата во Германија (околу 11,000 луѓе).

Влада

Градоначалници

Окрузи

Диселдорф во моментов (2007) — поделен во десет административни окрузи. Секој округ (Bezirk) има свој избран окружен совет (Bezirksvertretung) и своја окружен градоначалник (Bezirksvorsteher). Окружниот совет има само советодавно власт. Секој округ понатаму е поделен во реони. Има вкупно 49 реони во Диселдорф.

Округ 1 (Stadtbezirk 1) Алтштат, Карлштат, Дерендорф, Голцхајм, Пемпелфорт, Штатмите Округ 2 (Stadtbezirk 2) Диселтал, Флингерн-Норд, Флингерн-Зид Округ 3 (Stadtbezirk 3) Билк, Флее, Фридрихштат, Хафен, Хам, Обербилк, Унтербилк, Фолмерсверт Округ 4 (Stadtbezirk 4) Херт, Лерик, Нидеркасел, Оберкасел Округ 5 (Stadtbezirk 5) Ангермунд, Кајзерсверт, Калкум, Лохаузен, Штокум, Витлаер 200px Округ 6 (Stadtbezirk 6) Лихтенбројх, Мерзенбројх, Рат, Унтерат Округ 7 (Stadtbezirk 7) Гересхајм, Графенберг, Хубелрат, Луденберг Округ 8 (Stadtbezirk 8) Елер, Лиренфелд, Унтербах, Фенхаузен Округ 9 (Stadtbezirk 9) Бенрат, Хаселс, Химелгајст, Холтхаузен, Итер, Рајсхолц, Урденбах, Верстен Округ 10 (Stadtbezirk 10) Гарат, Хелерхоф

Стопанство

thumb|Кралската алеја во Штатмите thumb|Рајнтурм и зградата Гери Дер ноје Цолхоф во Хафен

Диселдорф не е познат само како центар на германското рекламирање и модната индустрија: Во последните неколку години градот на Рајна станува еден од најдобрите телекомуникациски центри во Германија. Има 18 семрежни услужници сместени во главниот град на Северна Рајна-Вестфалија. Со два од четирите големи германски даватели на мобилни честоти, Д2 Водафон и Е-Плус, Диселдорф води на германскиот пазар за мобилни телефони. Исто така, постојат и многу странски трговски центри во Диселдорф како што се НТТ, Ериксон, Сандвик, Нокиа и ГТС. Јуровингс и порано независната ЛТУ Интернешнал, се две авиокомпании, со седишта во градот."Kontakt." LTU International. Посетено на 21 June 2009.

Многу од интернет компаниите во Диселдорф ги имаат своите корени во светот на маркетингот: Постојат 400 рекламни агенции во Диселдорф, меѓу кои три од најголемите во Германија: ББДО Груп, Публицис Груп и Греј Груп. Голем број на филијали на странски агенции можат да се спомнат, како што се Огилви & Матер, Денцу, Хакуходо, Дигитал Дистрикт и ДДБ. Исто така, постојат околу 200 издавачки куќи во Диселдорф.

Во Диселдорф има околу 170 домашни и меѓународни финансиски институции и околу 130 осигурителни агенции и една од најголемите германски берзи. Неколку други поголеми компании имаат свои седишта во градот: Пик & Клопенбург (мода), Л'Ореал Германија (козметика и убавина); Хенкел АГ (марка за широка потрошувачка и индустриски технологии); Е.ОН (енергија); Тисен Круп (металургија); Метро (продажба на големо и мало); Ерго (осигурување); ЛТУ (воздушен сообраќај), Есприт Холдингс (мода, седиште во Ратинген, близу Диселдорф), Когнис (хемикалии, седиште во Монхајм, близу Диселдорф, но главно производството е во Диселдорф).