Жолни () — фамилија врапчевидни птици од Стариот Свет.
Таксономија
Фамилијата жолни ги соединува „смоквините птици“ од родот Sphecotheres и жолните од Стариот Свет од родот Жолни. Оваа фамилија не е поврзана со жолните на Новиот Свет кои се од фамилијата на Иктеридите.
Опис
Жолните се средни врапчевидни птици, долги од 20 до 30 см, а женките се само малку помали од мажјаците. Клунот им е малку кукасто свиткан. Перјето на повеќето видови е светло и впечатливо, додека кај женките тоа е малку поскромно. Перјето на многу австралиско-азиски жолни го имитираат перјето на поголемите птици, за да се заштитат.
Поведение
Жолните се моногамни птици, живеат во парови, иако се среќаваат и такви кои живеат во помали колонии. Местото на гнездење може да го одберат во близина на поагресивни видови, како страчките, на пример, што им обезбедува некој вид заштита. Гнездото им е длабока плетена кошничка која виси на гранката како лежалка. Тие обично несат две до три јајца, но до сега е забележано најмногу шест.
Распространетост и живеалиште
Фамилијата на жолните е распространета во Африка, Европа, Азија и Австралија. Тие се птици-преселници. Живеат на дрво и имаат тенденција да се хранат во крошната, односно во шумскиот покрив.
Поврзано Список на птици во Македонија
Наводи
Надворешни врски
Видео снимки на жолни — Интернет-збирка на птици Емили Дикинсон, „Да се чуе песната на жолните“ — Викиизвор
Категорија:Птици по класификација