Цуцул-чучурлигата (Galerida cristata) е распространета низ Евроазија, до Индија и Кина, и во Африка. Ја има и во Македонија. Спаѓа во редот на врапчевидните птици, семејството на чучурлигите.
Опис
Како и другите чучурлиги, и оваа е мала птица со должина на телото 17-18 см, распон на крилјата 34 см, и тежина од 45 грама. Перјата и се шарени со темно и светлокафени, црни и жолти бои. Долниот дел е бел. Карактеристично за овој вид е цуцулката на главата, по што го добила и името. Таа ја поткрева цуцулката кога се додворува, пее и кога се бори за својата територија.Dr Francois Vuillemier Animal Dorling Kindersley, London, 2001 pp.342 Половите не се разликуваат многу. Летаат убаво, а на земјата одат без потскокнување. Кога летаат им се гледа црвеникавата боја под крилата.
Распространетост и живеалиште
Цуцулестата чучурлига е широко распространет вид, кој се среќава во цела Европа, Азија и Африка. Тие не се преселници, освен популациите од најсеверните делови. Живее на отворени, суви, тревнати подрачја. Исто така, се среќава покрај патиштата, железниците, пристаништата и аеродромите.Hayman, Peter and Hume, Rob The complete guide to the bird life of Britain and Europe Bounty Books, 2004
Исхрана
Храната си ја бара на земја, и јаде мали инсекти, семиња, црвчиња и сл.
Размножување
Исто како другите чучурлиги, цуцулестата гнездото го прави на земја. Снесува 3-5 бели јајца, испрскани со сиви, црни и кафени точки. Размерот им е 22х17 мм. Ги лежат 12-13 дена, а малечките се развиваат брзо, па по десетина дена го напуштаат гнездото. Родителите ги хранат со инсекти. Во периодот на парење, мажјакот лета и ги пее своите карактеристични многу мелодични песни, со потсвиркување, дури и имитирање звуци.
Токму поради нејзиното убаво пеење, понекогаш се чува во домашни услови, а таа го поднесува животот во затворено.
Наводи
Надворешни врски
Ageing and sexing (PDF; 2.8 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze
Категорија:Птици на Македонија Категорија:Врапчевидни Категорија:Чучурлиги Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј