мини|десно|250п|Римски релјеф (III век) кој прикажува дел од Задачите на Херакле. Од лево кон десно: Немејскиот лав, Лернејската хидра, Еримантскиот вепар, Керинејската срна, Стимфалиските птици, Појасот на Хиполита, Аугиевите штали, Критскиот бик и Кобилите на Диомед.
Дванаесетте задачи на Херакле или додекатлон (грчки: δωδέκαθλον, dodekathlon) се серија настани што се однесуваат на покајанието на Херакле, најголемиот од сите грчки херои, чие име подоцна било романизирано во Херкулес. Тие подоцна биле поврзани во континуирано раскажување. Воспоставувањето на определен циклус од дванаесет задачи било припишано на Грците во еден еп кој денес е изгубен, а е напишан од Пеисандер и потекнува од 600 г. п.н.е.According to Walter Burkert.
Објаснување Полуден од Хера, Херакле ги убил своите шест синови. Откако оздравел, Херакле длабоко жалел за неговите дела; тој бил ослободен од кралот Теспиј, потоа отпатувал во Делфи за да дознае како да се покае за своите дела. Таму, пророштвото Питон го советувало да живее во Тиринт и да му служи 12 години на кралот Евристеј, извршувајќи ја која било задача со која ќе се соочи, а за возврат, ќе биде награден со бесмртност. Херакле разочаран од советот, згрозен од помислата да му служи на човек за кој знаел дека е многу послаб од него, а сепак исплашен да му се спротивстави на својот татко Зевс, на крајот се решил да се стави на располагање на Евристеј.
Евристеј му наредил на Херакле да изврши десет задачи. Херакле го направил тоа, но Евристеј одбил да признае две од нив: чистењето на Аугиевите штали, бидејќи Херакле сакал да прифати плата за работата; и убивањето на Лернејската хидра, бидејќи Јолај, внукот на Херакле и негов колар му помогнал. Евристеј додал уште две задачи (да ги донесе Хесперидиевите златни јаболка и да го зароби Кербер), кои Херакле успешно ги извршил, со што вкупниот број на задачи бил дванаесет.
Задачите мини|десно|250п|Папирусот на Херакле, дел од ракопис на поема од III век за Задачите на Херакле.
Како што опстанале, задачите на Херакле не се раскажани на едно место, туку мора да бидат собрани од многу извори. Рак и Стејплс тврдат дека не постои еден начин да се толкуваат задачите, туку дека шест од нив биле сместени на Пелопонез, кулминирајќи со ново осветување на Олимпија. Шестте други го одвеле херојот подалеку. Во секој случај, начинот бил ист: Херакле бил испратен да убие или да покори, или пак да му донесе некое магично животно или растение на Евристеј, пратеникот на Хера. „Одбраните места претходно биле тврдини на Хера или на „Божицата“ и биле Влезови во Подземјето“.
Познато претставување на задачите на Херакле на грчка скулптура е најдено на метопите на Храмот на Зевс во Олимпија, кои потекнуваат од 50-тите години на V век п.н.е.
Според Ликимниј, во своите задачи, Херакле понекогаш бил придружуван од машки сопатник (ероменос) каков што бил Јолај, неговиот внук. Иако тој требало да изврши само десет задачи, ова помагање довело до тоа да изврши уште две задачи. Евристеј не ја признавал хидрата бидејќи Јолај му помогнал, исто така и Аугиевите штали, бидејќи примил плата за својата работа, или бидејќи реките ја извршиле работата. Некои од задачите ги вклучувале децата (според различни извори) на Тифон и неговата жена Ехидна, кои сите биле поразени од Херакле.
Традиционалниот редослед на задачите, пронајден во Библиотека е: Убивањето на Немејскиот лав. Убивањето на деветглавата Лернејска хидра. Заробувањето на Керинејската срна. Заробувањето на Еримантскиот вепар. Чистењето на Аугиевите штали во еден ден. Убивањето на Стимфалиските птици. Заробувањето на Критскиот бик. Крадењето на Диомедовите кобили. Освојувањето на појасот на Хиполита, кралицата на Амазонките. Освојувањето на Герионовото стадо. Крадењето на Хесперидиевите јаболка (Со помош на Атлас ги земал јаболката откако го заклал Ладон.). Заробувањето и доведувањето на Кербер.
Првата задача: Немејскиот лав
Првата од дванаесетте задачи на Херакле, дадени од неговиот братучед, кралот Евристеј, била да го убие Немејскиот лав.
мини|лево|250п|Херакле и Немејскиот лав. 520 г. - 500 г. п.н.е.
Според една верзија на митот, Немејскиот лав земал жени како заложнички во своето дувло во една пештера близу Немеја, мамејќи ги воините од градовите во близина да ги спасат дамите во неволја. Откако ќе влезел во пештерата, воинот ќе ја видел жената (обично преправајќи се дека е повредена) и ќе побрзал до неа. Кога ќе бил блиску, жената ќе се претворела во лав и ќе го убиела воинот, јадејќи ги неговите остатоци, а потоа коските му ги давала на Ад.
Херакле талкал низ областа сѐ додека не дошол до градот Клеона. Таму сретнал едно момче кое му рекло дека ако тој го убие Немејскиот лав и се врати жив за 30 дена, градот ќе му жртвува лав на Зевс, но ако не се врати за 30 дена или умре, момчето ќе се жртвува на Зевс. Друга верзија на митот тврди дека тој го сретнал Молорх, овчар чиј син бил изеден од лавот, велејќи му дека ако се врати за 30 дена, ќе му биде жртвуван овен на Зевс. Ако не се врати за 30 дена, овенот ќе му биде жртвуван на мртвиот Херакле како жртва при оплакувањето.
Додека го барал лавот, Херакле обезбедил неколку стрели за да ги искористи против него, не знаејќи дека златното крзно на лавот е непробојно; кога го нашол лавот и стрелал во него со својата стрела, тој го открил заштитното својство на крзното кога стрелата излетала безопасно од бутот на суштеството. По некое време, Херакле го натерал лавот да се врати во својата пештера. Пештерата имала два влезови, од кои еден го блокирал Херакле; а потоа тој влегол од другиот влез. Во тие темни и затворени живеалишта, Херакле го вчудовидел ѕверот со својот боздоган и користејќи ја својата неизмерна сила, го задавил до смрт. За време на борбата, лавот му гризнал еден од прстите. Откако го убил лавот, се обидел да му ја извади кожата со ножот од својот појас, но не успеал. Потоа се обидел да го наостри ножот со камен, дури се обидел и со каменот да ја извади кожата. На крајот, Атена забележувајќи ја маката на херојот, му кажала на Херакле да искористи една од канџите на лавот за да ја отстрани кожата.
Кога на 30-тиот ден се вратил носејќи ја мршата на лавот на своите рамена, кралот Евристеј бил зачуден и престрашен. Евристеј му забранил на Херакле да влегува во градот; во иднина, плодовите на своите задачи требало да ги остава пред портите на градот. Понатаму, Евристеј му ги кажувал на Херакле задачите преку гласник, а не лично тој. Евристеј имал големо бронзено грне каде можел да се крие од Херакле ако имало таква потреба. Тогаш тој го предупредил Херакле дека задачите кои му се доделени ќе бидат сѐ потешки. Потоа тој го испратил Херакле да ја изврши следната потрага, да ја уништи Лернејската хидра.
Втората задача: Лернејската хидра
мини|десно|250п|„Херакле и хидрата“, од Антонио Полајуло.
Откако го убил Немејскиот лав, Евристеј го испратил Херакле да ја убие хидрата, која Хера ја одгледала за да го убие Херакле. Кога стигнал до мочуриштето близу до езерото Лерна, каде хидрата живеела, Херакле ги покрил устата и носот со платно за да се заштити од отровните гасови. Истрелал огнени стрели во дувлото на хидрата, изворот на Амимона, длабока пештера која се појавила за да ги тероризира соседните села.Kerenyi, The Heroes of the Greeks(angelo) 1959:144. Тој потоа се соочил со хидрата со жетварски срп (според некои рани слики на вазни), меч или неговиот славен боздоган. Рак и Стејплс (1994: 170) укажале дека реакцијата на хтонското суштество била ботаничка: откако ќе ги исечел сите глави, дознал дека повторно израстувале по две нови. Израз на безнадежност на таква борба за секој, но не и за херојот. Слабоста на хидрата била таа што само една од нејзините глави била бесмртна.
Деталите за борбата се опширни во Библиотека (2.5.2): сфаќајќи дека на овој начин не може да ја порази хидрата, Херакле го повикал внук му Јолај на помош. Неговиот внук добил идеја (веројатно иснпириран од Атена) да користат запалена гламна да го изгорат отсечокот на вратот откако ќе биде исечена секоја глава. Херакле ги пресекол главите и Јолај ги изгорел отворените рани. Гледајќи дека Херакле победува во борбата, Хера испратила голем рак за да му го одвлече вниманието. Тој го згазил со своето моќно стапало. Едната бесмртна глава на хидрата била отсечена со златен меч кој Атена му го дала. Херакле го ставил под голем камен на светиот пат меѓу Лерна и Елеј (Керењи 1959: 144), и ги потопил своите стрели во отровната крв на хидрата и така втората задача била извршена. Другата верзија на митот е дека откако пресекол една глава, го потопил мечот внатре и го искористил отровот за да ја изгори секоја глава за да не порасне пак. Хера, вознемирена што Херакле го убил ѕверот кој таа го одгледала за да го убие него, го ставила во темносин лак на небото како соѕвездието Хидра. Потоа го претворила ракот во соѕвездието Рак.
Подоцна, Херакле искористил една стрела потопена во отровната крв на хидрата за да го убие кентаурот Нес; а загадената крв била намачкана на Несовата кошула, со која кентаурот ја добил својата посмртна одмазда. И Страбон и Павзаниј изјавуваат дека смрдеата од реката Анигрус во Елис, која предизвикувала сите риби во реката да не се јадат, се верувало дека е поради отровот на хидрата, измиен од стрелите што Херакле ги искористил за кентаурот.Strabo, viii.3.19, Pausanias, v.5.9; Grimal 1987:219.
Третата задача: Керинејската срна
мини|десно|250п|Херакле и срната, Атена и Артемида гледаат. 540 г. - 530 г. п.н.е.
Евристеј и Хера биле многу лути кога дознале дека Херакле успеале да побегне од канџите на Немејскиот лав и од отровните заби на Лернејската хидра, и затоа одлучиле да смислат трета задача која ќе донесе пропаст за херојот. Третата задача не вклучувала убивање на ѕвер, бидејќи веќе се докажало дека Хекрале ќе ги убие дури и најстрашните соперници. Така Евристеј одлучлил да го натера да ја зароби Керинејската срна, бидејќи била толку брза што би наттрчала и стрела.
По почетокот на потрагата, Херакле се разбудил од сонот и можел да ја види срната од одблесокот на нејзините рогови. Херакле пеш ја бркал срната цела година низ Грција, Тракија, Истра и земјата на Хиперборејците. Во некои верзии, тој ја заробил срната додека спиела со мрежа за стапици, правејќи таа да куца. Во други верзии, тој ја сретнал Артемида во нејзиниот храм и таа му рекла да ја остави срната и да му каже на Евристеј што се случило и неговата трета задача ќе се смета за исполнета. Сепак, друга верзија тврди дека Херакле ја фатил во стапица срната со стрела меѓу предните нозе на суштеството.
мини|десно|250п|Херакле и Керинејската срна. Слика од XIX век на Адолф Шмит.
Евристеј му ја дал оваа задача на Херакле со надеж дека ќе предизвика лутина кај Артемида кон Херакле за ова сквернавење на нејзиното свето животно. Како што се враќал со срната, Херакле ги сретнал Артемида и нејзиниот брат Аполон. Тој ја молел божицата за прошка, објаснувајќи дека тој морал да ја фати срната како дел од неговата казна, но ветил дека ќе ја врати. Артемида му простила, расипувајќи го планот на Евристеј за таа да го казни Херакле.
Кога му ја однел срната на Евристеј, му било кажано дека таа ќе стане дел од менажеријата (колекција диви животни) на кралот. Херакле знаел дека морал да ја врати срната како што ветил, па се согласил да ја предаде под услов ако Евристеј излезе и самиот ја земе од него. Кралот излегол, но во моментот кога Херакле ја пуштил срната да оди, таа истрчала кај својата господарка, а Херакле му рекол на Евристеј дека не бил доволно брз. Евристеј, вознемирен што Херакле успеал да победи уште едно суштество, му рекол да му го донесе жив страшниот Еримантски вепар.
Четвртата задача: Еримантскиот вепар