Поморско Војводство (, ) — војводство во северозападна Полска со седиште во градот Гдањск.
Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Гдањско, Елблоншко и Слупско, согласно управната реформа усвоена претходната година. Се граничи со Западнопоморското Војводство на запад, Големополското и Кујавско-поморското на југ, Варминско-мазурското на исток и Балтичкото Море на север. Во мал дел се граничи и со Калиниградска Област (ексклава на Русија) во средината на тесниот Вислански Провлак. Војводството ја опфаќа речиси сета Померелија (најисточниот дел на областа Поморје), како и подрачјето источно од реката Висла. Западниот дел околу Слупск историски му припаѓа на Задно Поморје, додека пак Померелија и источниот брег наВисла belonged to the Прусија. The central parts of the province are also known as Кашубија, named after the кашупско малцинство.
Војводството има богато културно минато. Меѓу најзначајните културни, стопански и образовни центри во Полска е Триградјето (Трујмјасто), сочинето од градовите Гдањск, Гдиња и Сопот. Гдањск и Гдиња се најголемите пристаништа во државата, воспоставени од кнезот Мјешко I во X век и значително проширени во меѓувоениот период. Центарот на Гдањск е исполнет со ремек-дела на готската, ренесансната, барокната архитектура. Во Бендомин е сместен Музејот на државната химна, во родното место на нејзиниот автор — поетот и државнк Јузеф Вибицки (1747 - 1822). На ова подрачје се и најголемите средновековни цркви во Полска — катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Гдањск, Богородничниот манастир во Пелплин), како и Малборчкиот замок. Во најсеверниот дел на војводството се протегаат тесниот Хелскиот и полската половина на Висланскиот Провлак. Други туристички места се Сопот, Јурата, Леба, Владиславово, Пуцк, Крињица Морска, Устка, Јастарња, Кужњинца, Битув и разни рибарски населби и светилници.
Латинизираниот назив Померанија () и германизираното се изведени од словенското по море или „приморје“.Der Name Pommern (po morze) ist slawischer Herkunft und bedeutet so viel wie „Land am Meer“.
Градови и гратчиња мини|десно|250п|Гдањск — најважното пристаниште во Полска и седиште на војводството. мини|десно|250п|Гдиња — важно пристанишно место. мини|десно|250п|Слупск — најголем град во западниот дел на Поморското Војводство. мини|десно|250п|Тчев — најважен град во етнографската област Коќевје. мини|десно|250п|Вејхерово — значаен град во етнографската област Кашубија. мини|десно|250п|Старогард Гдањски — главен град на Коќевјето. мини|десно|250п|Сопот — мошне посетуван приморски одморалишен град.
Војводството има 42 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2014 година:
Управна поделба Поморското Војводство е поделено на 20 окрузи, од кои 4 се градски, а 16 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 123 општини.
Име и изворно имеПовршина (км²)Население (2014)СедиштеДруги градовиОпштиниГрадски окрузи ГдањскGdańsk262456.1031 ГдињаGdynia136251.1831 СлупскSłupsk43,1598.4021 СопотSopot17,3139.8361Земски окрузиБитувски powiat bytowski 2.19375.313БитувМјастко10Вејхеровски powiat wejherowski 1.280181.834ВејхеровоРумја, Реда10Гдањски powiat gdański 79385.566Прушч Гдањски8Картуски powiat kartuski 1.120109.311КартузиЖуково8Квиѕински powiat kwidzyński 83580.704КвиѕинПрабути6Кошќежински powiat kościerski 1.16666.778Кошќежина8Лемборски powiat lęborski 70763.659ЛемборкЛеба5Малборски powiat malborski 49562.960МалборкНови Став6Новодвурски powiat nowodworski 65335.498Нови Двур ГдањскиКрињица Морска5Пучки powiat pucki 57874.196ПуцкВладиславово, Јастарња, Хел7Слупски powiat słupski 2.30492.172Слупск *Устка, Кемпице10Старогардски powiat starogardzki 1.345121.963Старогард ГдањскиСкаршеви, Скурч, Чарна Вода13Тчевски powiat tczewski 698112.614ТчевПелплин, Гњев6Хојњички powiat chojnicki 1.36491.585ХојњицеЧерск, Бруси5Члухувски powiat człuchowski 1.57456.797ЧлухувЧарне, Дебжно7Штумски powiat sztumski 73141.808ШтумЃежгоњ5* седиштето не е дел од округот
Поврзано Поморје Померелија Кашубија Коќевје
Наводи
Надворешни врски
Поморско Војводство — управно мрежно место Информативен портал за Поморското Војводство Најдобрите знаменитости на Поморското Војводство — брошура
Категорија:Војводства во Полска Категорија:Померанија Категорија:Држави и територии настанати во 1999 година