Рождество на Пресвета Богородица — главната градска црква во Берово. Таа градена во 1912 година, а осветена била во 1922 година . Во 1930 година била изградена камбанаријата. Храмот има облик на еднокорабна градба од поголеми размери, со полукружна апсида однадвор. Во внатрешноста, во горниот дел завршува со рамна таваница, зелено обоена, со тоа што делот од централниот простор е повисок и има украсни полиња. Главниот влез е откај западната страна, а јужниот е откај олтарниот простор. На северната страна влезот во галеријата е заѕидан. Црквата не е живописана.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Берово Категорија:Цркви во Берово Берово