Маја Апостолоска (родена на ) — македонска поетеса, книжевна критичарка и есеистка. Дипломирала општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, каде моментално е магистрантка по македонски јазик и лингвистика. Уредничка е на списанието за книжевност, уметност и култура „Книжевно житие“.

Книжевно творештво „Заиграј, веќе, мастилаво“ (поезија, 2000) ”Прекин на комуникацијата“ (поезија, 2004) ”Зад текстовите“ (книжевни критики, есеи и студии, 2007) ”Именувањето“ (поезија, 2009)

Заедно со Јовица Тасевски - Етернијан го има составено изборот од современата македонска поезија со библиски, религиозни и апокрифни мотиви што излезе како специјален број на списанието Стремеж (11/12. 2000). Нејзината поезија е преведена на повеќе јазици и објавена е во неколку избори и антологии на македонската поезија. Добитничка е наградата „Бели мугри“ за најдобра поетска книга од автор до 35-годишна возраст, која ја доделува Домот на културата „Кочо Рацин“ - Скопје.Македонска информативна агенција 09. 12. 2009Кирилица 09. 12. 2009Култура во РМ 10. 12. 2009Време 10. 12. 2009Вечер 10. 12. 2009

Извори

Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски писателки Категорија:Македонски поетеси Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје