Неварскиот, или поточно именуван како непалски или непал баса (, Nēpāl bhāṣā) — еден од главните јазици во Непал. Јазикот бил административен јазик и јазик за секојдневно општење во државата од 14 до доцниот 18 век. Денес, јазикот како мајчин јазик го зборуваат Неварите, староседелски народ во Непал Мандала. Надвор од Непал, јазикот се зборува во Индија, поточно во сојузната држава Сиким, каде е еден од 11 службени јазици. Page 12. Јазикот е дел од групата на тибетско-бурмански јазици, со силно влијание на индоариските јазици.
Потекло на поимот Поимот „непалски јазик“ се користи два јазика во Непал: непалски јазик (службениот јазик во државата) и неварскиот. Најстариот запис каде е споменато името „Nepal Bhasa“ ('непалски јазик') е ракописот „Нарад Санита“ од 1380 година, како и „Амаркош“ од 1389.Tuladhar, Prem Shanti (2000). Nepal Bhasa Sahityaya Itihas: The History of Nepalbhasa Literature. Kathmandu: Nepal Bhasa Academy. ISBN 99933-56-00-X. Page 10. Page 1.
Во 1920-те години, јазикот до тогаш познат како каскурански, горкалски или парбатијски бил преименуван во непалски јазик,Lienhard, Siegfried (1992). Songs of Nepal: An Anthology of Nevar Folksongs and Hymns. New Delhi: Motilal Banarsidas. ISBN 81-208-0963-7. Page 3., а за разлика од него до тогаш познатиот непалски јазик бил преименуван во неварски јазик.
На 8 септември 1995 година, владата на Непал одлучила повторно да се користи оригиналното име на неварскиот јазик - непалски јазик. Сепак оваа одлука не била испочитувана, и на 13 ноември 1998 година била донесена нова одлука со истата содржина.
Географска распространетост Неварскиот се зборува од над милион луѓе во непал, според пописот од 2001 година.
Во Непал јазикот се зборува во долината Катманду: Катманду, Патан, Бактапур, Киртипур, Мадјапур Тими, Долака, Банепа, Дуликел, Бимпеди, Панаути, Палпа, Тришули, Нувакот, Боџпур и Читланг. Во Индија јазикот се зборува во сојузната држава Сиким Page 26. и Западен ВенгалEthnologue entry Во Тибет јазикот се зборува во градот Зама.
Поврзано
Непал Непалски јазик
Наводи
Надворешни врски Ethnologue за неварскиот јазик Мајкал Нунан, Скорешен јазичен контакт на Хималаите . Непалски речник Колекција на непалски идиоми и фрази
Категорија:Неварски јазик