Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ — меѓународен филмски фестивал што се одржува секоја година во Битола, организиран од Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ).
Историја
Основано на 21 мај 1950 година, со седиште во Скопје, ДФРМ ги претставува интересите на филмските професионалци и автори во нашата земја. Покрај тоа што се грижи за правата на своите членови, ДФРМ се залага за професионален развој и раст на филмската креативност во Република Македонија. Друштвото, со своите активности, има за цел да ја зајакне македонската кинематографија и да обезбеди нејзин континуитет. Од година на година, ДФРМ дава значаен придонес за македонскиот филм, а исто така ја афирмира и светската филмска уметност во нашата земја. Една од главните активности на друштвото е Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
Покровителство
Секоја година, ИФФК „Браќа Манаки“ се одржува под покровителство на претседателот на Македонија и е поддржан од Министерството за култура. Фестивалот, со својата впечатлива програма што од година на година станува сè побогата, е привлечен како за филмските професионалци, така и за вљубениците во филмот од целиот свет.
Програма
Стожер на фестивалската програма е „Камера 300“ — конкуренцијата на долгометажни филмови од најновата европска и светска продукција. Директорите на фотографија на филмовите кои учествуваат во оваа програма се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300. Тоа се официјални фестивалски награди што ги доделува меѓународно жири составено од пет члена. Фестивалот доделува и награда за животно дело „Златна камера 300“ и специјална „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност. Од 36.издание на фестивалот беа воведени две нови натпреварувачки програми - Нов европски филм, во која се прикажуваат први или втори играни филмови на европски режисери, како и СЕЕ Камера, во која акцентот се става на регионалната кинематографија. Натпреварувачки карактер има и програмата на краток филм, каде се наградува најдобриот кинематографер. Студентската програма е посветена на младите таленти — студенти на филмски академии и школи во целиот свет. Во рамките на Фестивалот, како придружни настани се организираат работилници, семинари, дебатни сесии, изложби, конференции и слично.
36. издание Под мотото „Филмот е убав“ а славејќи го јубилејот 110 години од творештвото на браќата Манаки, на 18 септември 2015 година, во Битола започна 36. издание на фестивалот „Браќа Манаки“, на кое беа воведени две нови натпреварувачки програми: „Нов европски филм“ (со 10 филма, избрани од Дејан Трајкоски) и „СЕЕ камера“ (со осум филма, избрани од Саша Станишиќ), наменети за младите европски автори и за великаните на филмот од Југоисточна Европа. Во рамките на сите програми беа прикажани 215 филма, од кои над 20 македонски. Инаку, во официјалната програма се натпреваруваа 13 филма, а Ришард Ленчевски беше претседател на петчлената жири-комисија. Покрај натпреварувачкиот дел, на фестивалот биле застапени и Документарната програма, чиј селектор била Гена Теодосиевска, и Вип - детската програма, која годинава се одржа под мотото „Големо платно - голема разлика“.„Фестивал во знакот на 110 години од првата камера на Балканот“, Дневник, година XIX, број 5868, петок, 18 септември 2015, стр. 19.
Фестивалот беше свечено отворен со светската премиера на филмот „Лазар“ во режија на Светозар Ристовски. Церемонијата на отворањето ја водеше глумецот од Народниот театар во Битола, Огнен Дранговски, а отворањето и затворањето на фестивалот ги режираше Благој Мицевски. Лауреати на 36. издание на фестивалот беа добитниците на Наградата за животно дело „Златна камера 300“: Божидар Бота Николиќ (прв добитник на наградата „СЕЕ камера“), Ришард Ленчевски и Јаромир Шофр; како и глумците Бруно Ганц и Алексеј Серебрјаков - добитници на специјалната „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност.
Добитници на Златна Камера 300
Фестивалот, исто така, ја доделува Наградата за животно дело „Златна Камера 300“, што е резервирана за водечки имиња во светот кинематографери. Досегашни лауреати во Клубот на Великаните се: Милтон Манаки, Љубе Петковски и Бранко Михајловски, Виторио Стораро, Вадим Јусов, Раул Кутар, Тонино Дели Коли, Мирослав Ондричек, Анри Алекан, Фреди Френсис, Јиржи Војчик, Свен Никвист, Лучано Тиволи, Бруно Делбонел, Вилмош Жигмонд, Хосе Луис Алкаин, Крис Менџис, Божидар-Бота Николиќ и Ришард Ленчевски.
Гости
Фестивалот бил посетен од многу познати личности од културниот, општествениот и политичкиот живот вклучувајќи ги и светските филмски ѕвезди: Мајкл Јорк, Чарлс Денс, Викторија Абрил, Дерил Хана, Катрин Денев, Изабел Ипер како и многу претставници на политичкиот и општестевниот живот во Македониаја како: претседателите на Македонија (Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски, Ѓорге Иванов) и многу други јавни личности како: Раде Шербеџија, Милчо Манчевски, Мики Манојловиќ, Мирјана Карановиќ, Столе Попов и многу други.
Списоци на досегашни добитници на награди1 Добитници на Златна камера 300 за животно дело 1996 - Милтон Манаки 1997 - Љубе Петковски и Бранко Михајловски 1998 - Свен Никвист 1999 - Јержи Војчик 2000 - Фреди Френсис 2001 - Мирослав Ондричек и Анри Алекан 2002 - Тонино Дели Коли 2003 - Раул Кутар 2004 - Вадим Јусов 2005 - Виторио Стораро 2006 - Михаел Балхаус 2007 - Анатолиј Петрицкиј 2008 - Валтер Карваљо 2009 - Били Вилијамс и Питер Сушицки 2010 - Вилмош Жигмонд 2011 - Данте Спиноти 2012 - Лучано Товоли 2013 - Хосе Луис Алкаине 2014 - Крис Менџис 2015 - Божидар-Бота Николиќ, Јаромир Шофр, Ришард Ленчевски 2016 - Роби Милер, Џон Сил http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=&id=9257df5f-df7f-4f3e-8d84-30f3e8791dbe 2017 - Џузепе Ротуно, Пјер Лом 2018 - Роџер Дикинс https://www.manaki.com.mk/mk/2018/09/22/%D0%BD%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D1%80%D0%B0-300-%D0%B7%D0%B0-%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%82%D0%BD-2/# 2019 - Едвард Лакман https://www.manaki.com.mk/mk/2019/06/05/%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%bd%d0%b8%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d1%80%d0%b0-300-%d0%b7%d0%b0-%d0%b6%d0%b8%d0%b2%d0%be%d1%82-2/ 2020 - Јануж Камински 2021 - Кристијан Бергер 2022 - Ентони Дод Ментл 2023 - Петер Бижу 2024 - Бруно Делбонел
Добитници на Специјална златна камера 300 за особен придонес во светската уметност 2002 – Роби Милер 2003 – Кристофер Дојл 2006 – Чарлс Денс 2007 – Бранко Лустиг 2008 – Менехем Голан, Вељко Булаиќ и Карен Шахназаров 2009 – Викторија Абрил и Ентони Дод Ментл 2010 – Дерил Хана и Роџер Прат 2011 – Бруно Делбонел и Мики Манојловиќ 2012 – Кристијан Бергер и Катрин Денев 2013 – Ањес Годар и Изабел Ипер 2014 – Лука Бигаци и Жилиет Бинош 2015 – Алексеј Серебрјаков и Бруно Ганц 2016 – Федон Папамихаел 2017 – Милчо Манчевски 2018 – Клаудија Кардинале 2021 - Џоселин Пук и Андреј Кончаловски 2022 - Џон Матисон 2023 - Шејмус Мекгарви 2024 - Јоланта Дилевска
Добитници на Златна камера 300 На XIV фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ (1993 година), воведени се официјалните награди Златна, Сребрена и Бронзена камера 300.
1993 – Вилко Филач за Аризона дрим 1994 – Жерар Симон за Луј, детето крал 1995 – Стефан Киленгер за Меѓу две лета 1996 – Масао Накабори за Мабороси (Свет на илузии) 1997 – Сергеј Астахов за Брат 1998 – Валтер Карваљо за Железничка станица 1999 – Јацек Петрицки за Патување кон Сонцето 2000 – Андреас Хефер за Легендите на Рита 2001 – Ришард Ленчевски за Последното прибежиште 2002 – Валтер Карваљо за Лево од таткото 2003 – Кристофер Дојл за Херој и Бери Акројд за Слатки шеснаесетти 2004 – Рајнер Клаусман за Со глава в ѕид 2005 – Шу Јанг Конг за Паун 2006 – Стефан Фонтен за Моево срце престана да бие 2007 – Драган Марковиќ за Живи и мртви и Јаромир Шофр за Му служев на англискиот крал 2008 – Родриго Прието за Похота, претпазливост 2009 – Наташа Брајер за Млекото на тагата 2010 – Мартин Гшлахт за Жени без мажи 2011 – Фред Келеман за Торинскиот коњ 2012 – Јоланта Дилевска за Во мрак 2013 – Кико де ла Рика за Снежана 2014 – Валентин Васјанович за Племето 2015 – Матјаш Ердиј за Синот на Саул 2016 – Јани Петери- Паси за Најсреќниот ден во животот на Оли Маки 2017 - Марсел Рев за Месечината на Јупитер https://www.fakulteti.mk/news/17-10-01/ungarecot_marsel_rev_e_dobitnik_na_zlatnata_kamera_300_na_filmskiot_festivalot_brakja_manaki 2018 - Хонг Кјонг-Пјо за Горењеhttps://www.manaki.com.mk/mk/2018/12/06/%d0%b4%d0%be%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d1%80%d0%b0-300-%d0%bd%d0%b0-39-%d0%b8%d1%84%d1%84%d0%ba/
Добитници на Сребрена камера 300 На XIV фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ (1993 година), воведени се официјалните награди Златна, Сребрена и Бронзена камера 300.
1993 – Сергеј Мачилски за Кикс 1994 – Стјуарт Драјбург за Пијано 1995 – Ксијао Фенг за Вечерна врска 1996 – Валтер Карваљо за Туѓа земја 1997 – Џефри Симпсон за Сјај 1998 – Роџиер Стоферс за Карактер 1999 – Џон Кристијан Розенлунд за Шпааа 2000 – Јенс Фишер за Под сонцето 2001 – Софи Ментиње и Макс Џонатан Силберстајн за Љубов, пари, љубов 2002 – Лука Бигаци за Оган на ветерот 2003 – Сезар Чарлон за Божји град 2004 – Ѓула Падош за Контрола 2005 – Ѓула Падош за Детето 2006 – Јуриj Клименко за Космос како претчувство 2007 – Виржини Сен Мартин за Јас сум од Титов Велес 2008 – Јоланта Дилевска за Тулпан 2009 – Том Стерн за Цар 2010 – Беноа Деби за Влез во празно 2011 – Михаил Кричман за Тивки души 2012 – Алишер Хамидхоџаев за Да се живее 2013 – Виржини Сен Мартен за Танго либре 2014 – Ришард Ленчевски и Лукаш Зал за Ида 2015 – Адам Аркапоу за Магбет 2016 – Рубен Импенс за Белџика
Добитници на Бронзена камера 300 На XIV фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ (1993 година), воведени се официјалните награди Златна, Сребрена и Бронзена камера 300.
1993 – Владимир Самоиловски за Македонска сага 1994 – Харалд Палгард за Сновидение 1995 – Фабијан Едер за Се колнам 1996 – Роби Милер за Спроти брановите 1997 – Кацуми Јанагашими за Децата се враќаат 1998 – Милан Спасиќ за Буре барут 1999 – Јутака Јамазаки за По животот 2000 – Радослав Владиќ за Небесна јадица 2001 – Валтер Ванден Енде за Ничија земја 2002 – Габор Медвиѓ за Искушенија 2003 – Богумил Годфрејов за Далечни светла 2004 – Мартин Гшлахт за Хотел 2005 – Ришард Ленчевски за Моето љубовно лето 2006 – Колја Брандт за Деликвент 2007 – Кристофер Дојл за Парк Параноја 2008 – Јури Клименко за Заробеник 2009 – Стефан Фонтен за Пророк 2010 – Гиора Бејач за Либан 2011 – Лех Мајевски и Адам Сикора за Млинот и крстот 2012 – Лука Бигаци за Ова мора да е тоа место 2013 – Кристф Птак и Војќех Старон за Папуза 2014 – Ентони Тат Ретклиф за ‘71 2015 – Матео Гусман за Земја и сенка 2016 – Матијас Тролструп за Бенг-генг, модерна љубовна приказна
Добитници на Мала златна камера 300 за најдобар краток филм
2009 – Педро Пиес за Taнцот на смртта и Никола Болдук за Следниот кат 2010 – Тјери Годфро за Почетокот на зимата 2011 – Хорхе Креспо за Корал 2012 – Васко Вијана за Рафа 2013 – Хосе Мартин Росет за Глас во заднина 2014 – Константин-Миндија Есаџе за Динола 2015 – Горан Наумовски за Долу од рајот 2016 – Лука Коасин за Паркот
Добитници на Големата ѕвезда на македонскиот филм
2013 – Кирил Ценевски 2014 – Милчо Манчевски 2015 – Дарко Марковиќ 2016 – Сајмон Пери
Список на директорите на фестивалот1 Пред 1993 година фестивалот немал директор, функцијата е воведена во 1993 година.
1993-1995 Борис Ноневски 1995-1995 Горјан Тозија 1996-1998 Делчо Михајлов 1998-2001 Владимир Атанасов 2001-2009 Томи Салковски 2009-2014 Лабина Митевска 2015- 2016 Димитар Николов 2016- досега Благоја Куновски
Список на досегашните жирија1