Превртено — македонска драма во режија на Игор Иванов Изи,Upside Down (2007) по сценарио на Венко Андоновски и Игор Иванов Изи, според вториот дел од романот Папокот на светот од Венко Андоновски.
Филмот е во производство на Сектор филм Скопје, Меинфрејм продукција Загреб и Синеарс Белград. Продуценти на филмот се Владимир Анастасов и Игор А. Нола, кинематографер е Томи Салковски, а музиката ја потпишува Зоран Спасовски. Во филмот биле користени и песни од легендарната скопска панк група Бадмингтонс. Во филмот учествуваат: Гоце Тодоровски, Јовица Михајловски, Петар Мирчевски, Милан Тоциновски, Сања Трајковиќ, Славиша Кајевски, Никола Ристановски, Јордан Симонов, Инес Бојаниќ, Марија Кондовска, Наџи Шабан и Ѓорѓи Јолевски. Превртено бил премиерно прикажан на фестивалот во Карлови Вари во 2007 година.
Наводи
Категорија:Македонски филмови од 2000-тите Категорија:Филмови на Игор Иванов Категорија:Филмови од 2007 година Категорија:Македонски дела од 2007 година Категорија:Појавено во 2007 година во Македонија