Metacritic е мрежно место која дава средна оцена за музички плочи, видео игри, филмови и книги. Оваа страница работи на уникатен принцип. Имено, најпрво собира рецензии од повеќе угледни изданија, а потоа врз основа на нив одредува средна оцена. Потребни се најмалку четири рецензии за да може да се изработи средна оцена.
Оваа страница била основана од Џејсон Диез, Марк Дојл и Џули Дојл-Робертс во 2001 година. Нејзиниот начин на рангирање честопати е споредуван со оној на Rotten Tomatoes, со таа разлика што вторите изработуваат просек само за филмови. Интересно е тоа што во процесот на обработка на податоците, Metacritic ги претвораат оцените во процентни бодови (на пример „A“ носи 100 бода; „B-“ е 67 бода итн). Податоците од Metacritic ги користат неколку поважни публикации, меѓу кои и Википедија.
Табела со вредносни бодови Опис Видео игри Филмови/ТВ/музика Општо одобрување 90–100 81–100 Задоволително 75–89 61–80 Средно или просечно 50–74 40–60 Незадоволително 20–49 20–39 Општо неодобрување 0–19 0–19
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Семрежни бази на податоци Категорија:Мрежни места за филмови Категорија:Филмска критика