Граишта — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Мало Илино. Претставува топилница од доцноантичко време. Се наоѓа во нива на ликален селанец, што се наоѓа 3 км југозападно од селото, каде се среќаваат остатоци од топена железна руда. Откриени се големи дупки со кружна форма за кои се смета дека се окна од стари рударски копови.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Калец — топилница од доцноантичко време; Св. Илија — црква од средниот век; Св. Пречиста — црква и некропола од средниот век; Мало Илино; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Мало Илино