Немања Прибак () ( во Ниш) — српско- македонски поранешен ракометар и македонски репрезентативец, кој играл за Хапоел Ришон Ле Цион во израелското првенство.
Животопис Прибак во 2013 година добил македонско државјанство и со тоа можност за настап за македонската репрезентација. Прибак добил македонски пасош со одлука на Владата на Македонија, донесена на владината седница на 10 декември 2013 година.
Професионална кариера Прибак настапувал за РК Вардар, и тоа во два наврата: од 2007 до 2009 година и повторно, од 2012 до 2015 година. Во февруари 2015 година, „Вардар“ објавил дека нема намера да го продолжи договорот со него, по што тој потпишал двегодишен договор со турскиот клуб Бешикташ.„Прибак се сели во Бешикташ“, Дневник, петок, 27 февруари 2015, стр. 24.„Прибак две години во Бешикташ“, Утрински весник, година XVI, број 4721, петок, 27 февруари 2015, стр. 23.
Во септември 2022 година Прибак потпишал договор со израелскиот клуб Хапоел Ришон Ле Цион.Прибак потпиша за клуб од Израел g-sport.mk; 15 септември 2022
Со македонската репрезентација, Прибак настапил на Светското првенство во 2015 година.
Наводи
Надворешни врски Немања Прибак на Европската ракометна федерација
Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Ракометари од Ниш Категорија:Македонски ракометари Категорија:Македонски Срби