Рамниште — археолошко наоѓалиште во поречкото село Драгов Дол. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 3 км источно од селото, на висок рид со зарамнето плато, каде по површината на нивите се среќаваат грамади од градежен материјал, фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. При обработувањето на земјата се најдени и неколку византиски монети кои ги чува жител на село Белица.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Драгов Дол; Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;
Наводи
Категорија:Драгов Дол