Гладница — археолошко наоѓалиште во поречкото село Латово. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на 1 км западно од селото, на десниот брег на Голема Река (Треска), каде на тераса која зафаќа површина од 150 × 100 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди и множество градежен материјал. Селаните при обработувањето на земјата откриле темели од објекти. Неколку питоси се чуваат кај сопствениците на нивите.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Латински Гробишта — некропола од доцноантичко време; Латово; Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;

Наводи

Категорија:Латово