Карлица или пелвис () — масивен коскен појас формиран од карличните коски споени со сакрумот и тртичната коска. Карлицата е сместена во долниот дел на трупот под стомакот и меѓу бутовите, нејзината улога е да ја пренесува тежината на телото од ’рбетниот столб на долните екстремитети. Делови На карлицата се разликуваат: две карлични коски (); крсна коска (); гранична линија (), со помош на граничната линија карлицата е поделена на: голема карлица (), ограничена е со двете бедрени јами и крсната коска; мала карлица () од задната страна стрчи промонториумот и претставува коскен канал отворен на двата краја; горен отвор, кај мажите е со кружна форма, а кај жените е напречно- валчест, големината на горниот отвор кај женската карлица има големо практично значење поради текот и исходот на породување. Функции Најзначајни функции на карлицата се: функција на поврзување, карлицата се поврзува со ’рбетниот столб од задната страна и со бутните коски од предната страна, се поврзува и со некои групи на мускули; потпорна функција, карличниот појас е многу поцврст и посилен во споредба со раменскиот појас и претставува поткрепа на долниот дел од трупот; заштитна функција, карлицата ги штити органите (делови од уринарниот тракт, внатрешни репродуктивни органи) сместени во карличната празнина. Зглобови Карлицата е поврзана со: крснобедрен зглоб () го градат ушестите зглобни површини () од крсната и карличната коска. Зглобот е полуподвижен и во него се вршат мали движења при пренесување на тежината од телото на долните екстремитети; срамна симфиза (), срамната симфиза е неподвижен рскавичен спој што ги соединува предните краишта од двете срамни коски.
мини|десно|Човечка карлица, прва фотогарфија со х- зраци, магнетна резонанца (втора фотографија) и 3-димензионална компјутерска томографија (трета фотографија).
Галерија
Надворешни врски
Категорија:Труп
Категорија:Коски