Рот — археолошко наоѓалиште во преспанското село Долно Дупени. Претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа во близина на селото, каде според кажувањето на мештаните, во нива била откриена гробница ѕидана од камен и варов малтер, во која биле најдени златни белезици. Гробницата е уништена, а наодите не се зачувани.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Гробишта — црква и некропола од средниот век; Долно Дупени — населба од доцноантичко време; Герамидница — населба од доцноантичко време; Маркова Нога — населба од хеленистичко и доцноантичко време; Долно Дупени; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Долно Дупени