Копилица — археолошко наоѓалиште во битолското село Радобор. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на околу 2 км северозападно од селото, и на 300–400 м од управната зграда на ЗИК „Пелагонија“ — погон во селото Радобор, каде при орањето на нивите се откриени многубројни фрагменти од керамички садови, парчиња од куќен лепеж и орудија од камен и коска.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Тумба — населба од неолитско, бакарно и бронзено време; Радобор; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Радобор