Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Трап. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на околу 300 м западно од селото. Тумбата има кружна основа и зачувана височина од 4 м. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, жртвеници, куглички за праќа и др. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Црквиште — населба од неолитско и доцноантичко време; Трап — некропола од железно време; Св. Петка — осамен наод од старохристијанско време; Трап; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Трап