Никола Темков, роден на во Скопје, е македонски стрип автор и илустратор. Неговите стрипови се објавувани во списанијата: „Студентски Збор“, „Стрип Арт”, „творец”, „Синдром”, „Пегаз” (Македонија), „Апокалипса” (Словенија), француското издание “Francopholie”, како и американските изданија “Sawdust” и “Stalker”.

Од 2010 до 2012 работи на веб-стрип (LOAH ) што излегува неделно во Канада. Работел на илустрации на неколку објавени книги и сликовници и тоа за различни издавачи од Англија (Earlywork Press), САД (Workshed Studio), и Македонија (Просветно дело, Табернакул). Има и работно искуство како илустратор/дизајнер на списанија во Македонија (Life Магазин, Карамел).

Има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија, Србија, Грција и Чешка. Во 2012 има реализирано самостојна изложба во Кафе ЛИ. „Стрип изложба на Никола Темков во Кафе ЛИ“, „Утрински Весник“, 7 декември 2012 година „Изложба на стрипови и илустрации на Никола Темков - Кафе ЛИ“ , „Македонски Стрип Форум“, 8 декември 2012 година „Никола Темков - стрип автор и илустратор“, „Македонска Ризница“ број 19, февруари 2014 година, стр. 46

Во 2013 заедно со Игор Јовчевски отвораат издавачка куќа „Стрип-Квадрат“.„Стрип Квадрат“ промовира сликовница инспирирана од Гоце Делчев , „Дневник“, 14 јуни 2013 година

Во 2014 година го објавува стрип албумот „Различни Светови“ , како и сликовниците од едицијата „Револуционери“, и тоа: „Храброта на Гоце“, „Пиринскиот цар“, „Првиот претседател“, „Јунакот од Мечкин Камен“ и „Учителот до Смилево“ .

Наводи

5. Две нови изданија на „Стрип квадрат“: „Различни светови“ и „Пиринскиот цар“, „Република“, 22 Мај 2014

6. Сите изданија на „Стрип Квадрат“, „Купи книга“, 20 Јули 2016

Темков, Никола