На Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Оптичари. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на околу 1 км источно од селото, во непосредната близина на Црна Река, каде има височинка со димензии од 120 × 160 м во основата и височина од околу 2,5 м. По површината се среќаваат многубројни фрагменти од керамички садови, куќен лепеж, камени и кремени орудија. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Трн Тумба — населба од неолитско време; Тумба — населба од неолитско време; Св. Атанас — наоѓалиште од непознат тип и период;Јован Ф. Трифуновски, (1998) Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавање. Београд, САНУ ISBN 8670252678 Св. Никола — наоѓалиште од непознат тип и период; Оптичари; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Оптичари (село)