Сер (, Димос Серон) — општина во Серскиот Округ, Егејска Македонија, во состав на областа Централна Македонија во денешна Грција.

Населени места Општина Сер е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“ со спојување на шесте стари општини Каваклија, Капетан Митруси, Киспикеси и Сер како и самостојните општински целини Горно Броди и Фраштани.

Општинска единица Горно Броди десно|мини|Поранешната општинска целина Горно Броди на картата на некогашниот округ Сер. Општинската единица Горно Броди опфаќа само едно село — Горно Броди (Άνω Βροντού).

Општинска единица Каваклија мини|десно|Поранешната општина Каваклија на картата на некогашниот округ Сер. Општинската единица Каваклија со седиште во Каваклија (Левконас) ги опфаќа следниве населени места:

Општински оддел Каваклија село Каваклија (Λευκώνας, Левконас)

Општински оддел Долно Христос село Долно Христос (Κάτω Χριστός, Като Христос)

Општински оддел Календра село Календра (Καλά Δένδρα, Кала Дендра)

Општинска единица Капетан Митруси мини|десно|Поранешната општина Капетан Митруси на картата на некогашниот округ Сер. Општината е наречена по гркоманскиот андартски капетан Димитар Гоголаков (наречен Капетан Митруси), кој е роден во с. Хомондос (денес Митруси). Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Ениќој село Ениќој (Προβατάς, Проватас)

Општински оддел Горна Камила село Горна Камила (или Христијанска Камила; Άνω Καμήλα, Ано Камила)

Општински оддел Горно Караџово село Горно Караџово (Μονοκκλησιά, Моноклисија)

Општински оддел Неволјани село Неволјани (или Неволен; Βαμβακιά, Вамвакија)

Општински оддел Хомондос село Хомондос (или Хуманџа; Μητρούσι, Митруси) село Долно Хомондос (или Долна Хуманџа; Κάτω Μητρούσι, Като Митруси)

Општински оддел Чучулигово село Чучулигово (Αναγέννηση, Анагениси)

Општинска единица Сер мини|десно|Поранешната општина Сер на картата на некогашниот округ Сер . Општинската единица опфаќа еден град и 10 села во Серското Поле и по западните падини на планината Сминица. Седиштето е во Сер.

Ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Сер град Сер (Σέρρες, Серес) село Заба (Κρίνος, Кринос) село Мертатово (Ξηρότοπος, Ксиротопос) село Метох (Κάτω Μετόχι, Като Метохи)

Општински оддел Геди Дермен село Геди Дермен (или Еди Дермен; Επτάμυλοι, Ептамили)

Општински оддел Дервешани село Дервешани (или Дервешен; Οινούσσα, Инуса) село Лески (или Карлиќој; Χιονοχώρι, Хионохори)

Општински оддел Дутлија село Дутлија (или Горен; Ελαιώνας, Елеонас) село Златен Извор (Χρυσοπηγή, Хрисопиги) село Раховица (или Орехово, Рахово; Μαρμαράς, Мармарас) манастир „Св. Јован Претеча“

На територијата на општината се и денес напуштените села Мрамор, Баница (во кое загинал Гоце Делчев) и Лакос (родно на револуционерот Коста Кукето).

Општинска единица Фраштани десно|мини|Поранешната општинска целина Фраштани на картата на некогашниот округ Сер. Општинската единица Фраштани опфаќа само едно село — Фраштани (Ορεινή).

Општинска единица Киспикеси мини|десно|Поранешната општина Киспикеси на картата на некогашниот округ Сер. Општинската единица Киспикеси со седиште во Киспикеси (Скутари) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Киспикеси село Киспикеси (Σκούταρι, Скутари)

Општински оддел Агова Маала село Агова Маала (Αδελφικό, Аделфико)

Општински оддел Гудели село Гудели (Βαμβακούσσα, Вамвакуса)

Општински оддел Долна Камила село Долна Камила (или Турска Камила, Κάτω Καμήλα, Като Камила)

Општински оддел Какараска село Какараска (Αγία Ελένη, Агија Елени)

Општински оддел Комарјани село Комарјани (или Комарјан, Кумаре; Κουμαριά, Кумарија)

Општински оддел Нова Маала село Нова Маала (Πεπονιά, Пепонија)

Општински оддел Сал Маала село Сал Маала (Κωνσταντινάτο, Константинато)

Општински оддел Џами Маала село Џами Маала (Κουβούκλια, Кувуклија)

Поврзано Серско Поле Сер (округ) Список на села во Сер

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Сер

Категорија:Општини во Егејска Македонија