Кушница (, Димос Пангеу) — општина во Кавалскиот Округ на Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Административен центар е градот Правишта (Елевтеруполи). Опфаќа 33 населени места на јужните падини на планината Кушница (Пангео), по која е наречена. Подрачјето на општината приближно се совпаѓа со она што традиционално се смета за „Правишко“.
Населени места Општината Кушница е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“ со спојување на пет стари општини: Правишта (Елевтеруполи), Левтера (Елевтерес), Кушница (Пангео), Орфан (Орфани) и Пиери (Пиерес).Општинската единица е наречена по древномакедонскиот народ Пиери, чии потомци се доселиле на ова место од Пиерија.
Општинска единица Правишта мини|десно|Поранешната општина Правишта на картата на некогашниот округ Кавала.
Општинската единица Правишта (ΔήμοςЖ Ελευθερουπόλεως) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општински оддел Правишта град Правишта (Ελευθερούπολη, Елевтеруполи) село Долно Кочан (Παναγιά, Панагија) село Дреново (или Драново; Χορτοκόπι, Хортокопи) село Топљани (или Товљани, Толер; Εξοχή, Ексохи) Општински оддел Бостанџили село Бостанџили (Κηπία, Кипија) село Горно Дреново (или Горно Драново; Άνω Χορτοκόπι, Ано Хортокопи) Општински оддел Дренич село Дренич (или Дранич; Αντιφίλιπποι, Антифилипи) Општински оддел Канали село Кинали (Κοκκινόχωμα, Кокинохома) Општински оддел Османли село Османли (Χρυσόκαστρο, Хрисокастро) манастир „Св. Пантелејмон“ (Μονή Αγίου Παντελεήμονος) Општински оддел Пренчово село Пренчово (Αμισιανά, Амисијана)
На територијата на општинската единица се наоѓало и напуштеното село Кочан.
Општинска единица Кушница мини|десно|Поранешната општина Кушница на картата на некогашниот округ Кавала.
Општинската единица Кушница со седиште во село Никишјан (Никисијани) ги опфаќа следниве општински оддели и наслени места на североисточните падини на планината Кушница:
Општински оддел Никишјан село Никишјан (или Никиштан, Никишен; Νικήσιανη, Никисјани) Општински оддел Горјан село Горјан (или Горени; Γεωργιανή, Георѓани) Општински оддел Палихор село Палихор (Παλαιοχώρι, Палеохори)
Општинска единица Левтера мини|десно|Поранешната општина Левтера на картата на некогашниот округ Кавала.
Општинската единица Левтера со седиште во Кале Чифлик ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општински оддел Кале Чифлик село Кале Чифлик (Νέα Πέραμος, Неја Перамос) село Света Марина (Αγία Μαρίνα, Агија Марина) село Свети Атанас (Άγιος Αθανάσιος, Агиос Атанасиос) Општински оддел Дрезна село Дрезна (Μυρτόφυτο, Миртофито) Општински оддел Кучкар село Кучкар (или Кучкари; Ελαιοχώρι, Елеохори) село Кучкарска Плажа (Παραλία Ελαιοχωρίου, Паралија Елеохориу) Општински оддел Левтера село Левтера (Ελευθερές, Елевтерес) Општински оддел Нузла село Нузла (Άγιος Ανδρέας, Агиос Андрејас) село Дрезненска Плажа (Παραλία Μυρτοφύτου, Паралија Миртофиту) Општински оддел Нова Ираклица село Нова Ираклица (Νέα Ηρακλίτσα, Неја Ираклица) село Аповатра (Αποβάθρα) Општински оддел Чиста село Чиста (Φωλιά, Фолија) село Пиргос (Πύργος)
Општинска единица Орфан мини|десно|Поранешната општина Орфан на картата на некогашниот округ Кавала.
Општинската единица Орфан со седиште во Дедебал (Галипсос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општински оддел Дедебал село Дедебал (Γαληψός, Галипсос) Општински оддел Боблен село Боблен (или Боблени; Ακροπόταμος, Акропотамос) село Левтерска Бања (Λουτρά Ελευθερών, Лутра Елевтерон) Општински оддел Карјани село Карјани (Καριανή) село Вриси (Βρύση) Општински оддел Локвица село Долна Локвица (Οφρύνιο, Офринио) село Долнолоквичка Плажа (Παραλία Οφρυνίου, Паралија Офриниу) Општински оддел Орфан село Орфан (Ορφάνι, Орфани) село Александар Велики (Μέγας Αλέξανδρος, Мегас Александрос) Општински оддел Подгорјани село Подгорјани (Ποδοχώρι, Подохори) село Шарли (Κοκκινοχώρι, Кокинохори)
Општинска единица Пиери мини|десно|Поранешната општина Пиери на картата на некогашниот округ Кавала.
Општинската единица Пиери со седиште во Моштијан (Мустени) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општински оддел Моштијан село Моштијан (или Мештани; Μουσθένη, Мустени) Општински оддел Авли село Авли (Αυλή) Општински оддел Демирли село Демирли (Σιδηροχώρι, Сидирохори) село Девекли (Καραβαγγέλης, Каравангелис) Општински оддел Кусороб село Кусороб (или Косруп; Μεσορόπη, Месоропи) Општински оддел Исирли село Исирли (Πλατανότοπος, Платанотопос) Општински оддел Рехимли село Рехимли (Μεσιά, Месија) село Деве Киран (Μέλισσα, Мелиса) Општински оддел Самоков село Самоков (Δωμάτια, Доматија) Општински оддел Четакли село Четакли (Μελισσοκομείο, Мелисокомио) село Кулали (Πυργοχώρι, Пиргохори)
Поврзано Кушница Лути Рид Кавалски Залив Список на села во Правишта
Наводи
Надворешни врски Портал на Општина Кушница
Категорија:Општини во Егејска Македонија